Фан клуб - РК Вардар

Абе сега е јасно соопштението нивно кое гласеше ,,Останете смирени на можни однапред смислени сценарија на Вардар" :D


Старите рекле дај му на човек моќ и ќе видиш каков е. Во случајов со битолчани важи дај им една титула и ќе видиш какви се.

Никогаш не сум посакал Македонски тим да испадне, губи или да се распадне, дури и Пелистер. И деновите кога Вардар се борел со Металург, секогаш сум сакал на тоа место да биде Пелистер. Во фудбал кога Вардар играше ЛЕ, а Пелистер втора лига, секогаш сум викал дека треба да се врати Пелистер и само така може да има напредок.

Ама како што ми се имаат згадено последниве две сезони, никогаш не ми биле поодбивни од сега. Таков неоснован курч од нивна страна не сум видел до сеа на друго место. Без осет и без трошка самосвест, да речат да поради грешка на Вардар освоивме титула после катаљарда години, мислиш се имаа прошетано низ лигата ланската сезона. Па и ова дерби такво мизерно однесување, теории на заговор и што не, им се одби од глава. Па добредојдовте во пеколот, ајде да ги ебеме...

АБЕ ВАРДАР НА БАРСА И СЕ ВРАЌАШЕ ОД -7 ВО ПОЛУФИНАЛЕ НА ЛИГА ШАМПИОНИ АЛООО, ГИ ТРЕСЕШЕ ПСЖ И ВЕСПРЕН КАКО ОД ШАЛА, ВО БИТОЛА ЌЕ СЕ ПОСЕРЕЛЕ.

Пак ќе кажам, овој тим ме потсетува како на вториот шампионски тим на Вардар. Не можам да кажам по квалитет, меѓутоа по енергија, хемија и пред се инат на теренот. Ја имаат таа среќна ѕвезда што ги прати храбрите, исто како што ги пратеше и Вардарци од 2019та. Се кладам дека овој тим на Вардар, ќе пружи многу поголем отпор и ќе имаше неколку победи во ЛШ оваа сезона наместо боксерската вреќа од Битола.
Апсолутно си во право се што напиша!
 
И сега у следна фаза од групи, ќе се укрсти пак со Еурофарм Пелистер или до крај на првенство нема да има меѓусебни дуели?
 
И сега у следна фаза од групи, ќе се укрсти пак со Еурофарм Пелистер или до крај на првенство нема да има меѓусебни дуели?
Ke ima pak ,samo sto nie vlagame so 3 boda oni vlagaat so 2 boda,ke ima uste dva meca dovolno e samo 1 pobeda
 
bore e genialec za idiotite sto im go vodat klubot... so ic pari kakvi igraci iskopa i kakov tim sklopivme... stvarno kako igrac moze i ne go sakav tolku mnogu imavme niz godinite plejada odlicni golmani moze i zatoa... ama kako administrativec, makedonec do sega on bi bil prv i edinstven od koj sum zadovolen vo bilo koj nas kolektiv ovie 30+ godini....
 
Овој Џукиќ каква легенда е! :cool: :icon_lol: Какво закуцавање им даде на крај. Ете нека се фалат дека со 4 разлика не победиле со клинкав полутим наш што изигра под 100% од можностиве со болести и што не. Сега треба да си ги добиеме сите утакмици во овој дел, па да пренесеме макс бодови, а после и во Битола да ги победиме комплетни со Грејмонов наш што треба да стигне после азискиве квалификации. :cool:
Инаку летоска го видов Џукиќ низ Бисер шеташе со фамилијата негова. Која грамада е човеков. Ти мислиш крило не е висок, ти се гледа глава повисок (а ја не сум низок).
 
Продолжуваме со нашите ритуали после секој натпревар со Пелистер, јас си гледам реприза пиејќи кафе ден после натпреварот, играчите продолжуваат да воодушевуваат со своите партии, летвичката за борбеност ја креваат на ниво погоре на секој дерби дуел, а Пелистер продолжува да покажува лузерски менталитет и уште еднаш успева да прокоцка нешто што ни самите не знаат како го прокоцкале.
После кој знае колку пати пак на подиум се истакна менталитетот на Вардар, многу е зборувано на оваа тема, нема што повеќе да се додава, сите веќе знаат дека има нешто во тој дрес што го носиме, има некоја посебна симболика грбот на Вардар кој влева страв во коски на сите противници, вчера да играа истиве играчи што играат за Вардар само да имаа облечено дрес од Пролет, Охрид, Тиквеш или било која друга екипа Пелистер сигурно ќе победеше со 10-15 разлика, доволно е само да се каже дека имаа едно време уште во прво полувреме предност 16-8, на стартот на натпреварот имаа водство од 7-1(серија 6-0).
На 3 минути до крај резултатот беше 29-21, значи НАПРАВИВМЕ 4-0 СЕРИЈА ВО ПОСЛЕДНИТЕ 3 МИНУТИ ОД НАТПРЕВАРОТ.
Проработе стравот од двократниот Европски шампион, од менталитетот и хемијата кои со години им држат лекции по ракомет, борбенот, љубов кон клубот за кој настапуваат, дресот што го носат, грбот што го бранат и секако поврзаноста со навивачите и подршката која ја добиваат од нив, баш тоа што им недостига на играчите на Пелистер.

Се менувааат тренери, играчи, финансиска состојба во клубовите и се останато сепак нешто останува исто, а тоа е баш тоа што погоре го наведов и баш тоа што прави Вардар да изглегува како победник после секое дерби.
Вчера игравме без Косуке, лидерот на тимот, главен мотор и организатор кој ја води екипата, игравме без Петриќ кој ни е единствен бек шутер што може да распали од 10-11 метри, практично победивме без шутеви од 9 метри, што се основно нешто во ракометната игра, со Столе на пикер кој веќе не е професионален ракометар и не тренира со месеци, со Карапалевски и Јагуриновски на среден и десен бек по 60 минути, првиот има можеби најслаба сезона од кога е стандарден првотимец, рака на срце вчера беше сосема коректен, постигна 3 гола и изгина на терен, вториов имаше 5 ТЕХНИЧКИ ГРЕШКИ ЗА ЕДНО ПОЛУВРЕМЕ, убаво имаше пишано еден член вчера, нема ракометар што одиграл послаба партија од таа на Томи за едно полувреме, прв гол му беше тој на крај од скоро мртов агол, можеби клучен за пресвртот.
Капак на се беше и повредата на Николиќ, која дојде во најлош можен момент од мечот, кога имавме минус 9, значи бркавме 5 гола со бековска линија Хансер, Карапалевски и Томи.:sramezliv:
Треба да се истакне дека Николиќ до повредата играше одлична партија и тој беше човекот што ја држеше екипата во живот, јас сум убеден дека страшен играч ќе биде дечкото, има само 22 години, допрва ќе покажува што знае, а со таква борбеност и пожртвуваност нема сомнеж дека за неколку години ќе биде во некоја екипа од врвот на светскиот ракомет, многу комплетен играч е Матија, има шут од 9 метри, знае да пробие, да изнуди пенал, исклучување и што е најбитно од се разбира ракомет.
Според мене заедно со Мечка, Хансер и Томовски беа клучни за позитивниот исход од вчерашниот натпревар, а треба да се има во предвид дека тој и Лазаревски беа едни од заразените играчи.

За целата екипа треба пофалби, уште еднаш покажаа како се игра од срце за клубот и после сите неправди и проблеми пак успеваат да се вратат од Битола како победници, вреди за крај да спомнам и една реченица на коментаторот со која го најави натпреварот: Пелистерци се надеваат дека ќе може да се урне тој мит дека ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ ВО КАКВА И ДА СЕ КРИЗА СЕКОГАШ НАОЃААТ НАЧИН ДА БИДАТ РАМНОПРАВЕН И ПОДОБАР ПРОТИВНИК ОД БИТОЛЧАНИ.:kruna:
 
Можеме свашта да збориме, но факт е дека треба да му се симне капа на оној што ги бирал играчите. Лично и јас сметав дека со вакви играчи оваа сезона ќе се бориме за трето место, но комплетно сум демантиран и муцкава ми е затната! Секоја чест за дечките, од прв до последен! Сега останува паметно да се доигра регуларниов дел, а потоа притисокот ќе биде кај битолчани, иако и ние и они ќе имаат нагазни мини во Автокоманда, Охрид, Кавадарци...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom