Правна помош и совети

Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.993
Поени од реакции
3.724
Теоретски може да се тужи да се бара да се утврди дека не постои правото односно побарувањето на доверителот, и вие како наследници кои сте дале позитивна наследничка изјава имате правен интерес за водење на ваков вид граѓанска постапка затоа што не сте должни законски да ги отплаќате застарените долгови на оставителот.

Континуирано се залагам ова што е теоретски да стане пракса затоа што реално во пракса овој вид на деклараторни тужби судот ги одбива како неосновано од причина што застарување на право се истакнува со приговор од страна на тужениот, кој претходно како тужител не може да бара однапред утврдување на застареност на право (побарување на доверителот), кое искрено за мене е вон разум и вон логика, Законот за облигационите односи вели дека за застареноста не се внимава по службена должност туку по приговор, но ако го имаме предвид Законот за парнична постапка таму во делот за деклараторни тужби е наведено дека со истите се утврдува постоење или непостоење на право или вистинитост или невистинитост на содржина на исправа, кое значи дека законите се толкуваат не стрикно туку опширно во интерес на граѓаните, а тоа значи ако може застареност да се бара со приговор по веќе поведена постапка, законски не постои пречка истото тоа право да се бара да се утврди однапред за кое е задолжително да постои правен интерес на тужителот (должникот) како кумулативен услов.

Ако ти се пробува среќата пиши ми во порака можеби ќе успееме да создадеме нова правна пракса за која верувам ќе помогне не на стотици туку на илјадници граѓани со вакви слични проблеми. :)
Ако решите да пробувате терајте до крај, до Стразбур, само од таму може да се исправи таа работа, овде е веке се пробано и не иде, ни една апелација нема поинаку пресудено.
 
Член од
29 септември 2023
Мислења
1
Поени од реакции
0
Добар ден, би сакале да се информираме со мој пријател во врска со изнајмување на возило. Ќе се потрудам да објаснам детално за што се работи. Имаме наш усмен договор кој што сакаме да го ставиме на хартија, па сакаме да се информираме дали тоа што сме го замислиле е изводливо.

Во случајов е изнајмување на возило кое е во моја сопственост на трети лица од негова страна. Поради заминување на подолг период во странство возилото ќе ми остане во гаража, а мојот пријател е сопственик и управител на рент а кар агенција, па ми предложи да го изнајмува кога ќе има можност и моето возило, што се однесува до мене нема никаков проблем, се додека целиот процес се одвива согласно закон нормално па затоа би замолиле правно лице доколку има на форумов да не упати за да направиме некаков пропуст.

- Дали треба да правиме некаков договор помеѓу мене како сопственик и рент а кар агенцијата (во случајов пријателот мој), или може да се среди со полномошно во кое што и давам овластувања во траење од една година на рент а кар агенцијата моето возило да може да го издава кога ќе има прилика во границите на земјава, како и да склучува рентални договори со лицата на кои го издава, како што склучува со возилата кои веќе ги поседува и издава како рент а кар агенција. Јас лично како надоместок не барам ништо, само да врши редовни сервиси и одржавање на возилото во дадениот рок. Доколку настане штета од сообраќајка би ја надоместил тој доколку тој или возачот на кој што го издал возилото се виновни во таа несреќа, а тоа би го утврдила полицијата.

Тоа што сакаме да го постигнеме ние е да со тој документ, дали договор или полномошно, тој како правен субјект биде заштитен, и да може без никакви препреки да го издава возилото, бидејќи јас нема да сум присутен во земјава една година и нема да бидам во можност да направам нешто доколку се појави некаков проблем. Возилото не би се ни издавало често, само во случај кога нема други слободни возила, и на одредени личности, но сакаме да бидеме регуларни, и јас како сопственик, и тој како агенција за изнајмување да нема проблем и возачот на кој би го издал да не се соочи со проблем.

- Се надевам дека објаснив доволно детално. Доколку оваа наша замисла, е остварлива, што е потребно да направиме и каде да се упатиме. Овој договор или полномошно, дали е потребно да ни го состави адвокат или можеме и ние самите, па да си го завереме на нотар.

Ви благодариме однапред
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.955
Поени од реакции
15.972
Ne znam dali e za tuka??
Mostot izgore, dovedeno e vo prashanje centralnoto greenje, pa se oglasi od Trgulatorna, ama ESM pobrza Unapred da naplaka ne samo paushal tuku i po mersch, smetkite se prateni denes!!!
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.955
Поени од реакции
15.972
По твојот одговор заклучувам дека денешното право,судски систем и закони се чорба-каша направена намерно за да ги комплицира работите а убавината е во едноставноста,зарем не? :)
Друга работа,имам слушано муабети дека судовите работат во интерес на големите фирми каква што е EVN на пр. а контра граѓаните кои губат на апелација 95% од споровите против EVN,знам дека судовите се под власта а власта дели секоја година пола-пола од профитот со ебените австријци,така да може да се склопи сложувалката ама народот ме чуди што не се буни за овие неправилности
има една друга работа... во Првиот Договор за Поврзување со струја , вода итн, стои дека се обврзуваш дека ке ги плаќааш сметките

Е сега ако застаре долгот, не може да го наплати, но може да не ти одбие на таа аадреса промена на сопственик и слично
Одамна гледав, купец на куќа во Охрид како плаќа стар долг на предходниот сопственик на куќата за да склопи договор за вода.
Поготово е Незгодно за викенд станови, луѓето не се во Охрид цела година, а и повеќе, а за година застарува долгот
ЕВН не тужи, НО ИСКЛУЧУВА, има Право по Договорот со потрошувачот, исто и Мобилните оператори БРГУ исклучуваат, но стријата е понезгодно... А Водовод мора веднаш да тужи оти не може да исклучи поединечен стан, а можеби ни куќа ??
 
Член од
28 септември 2014
Мислења
1.082
Поени од реакции
1.631
Здраво дечки, имам едно прашање за поупатените со катастар и нивнава апликација. На еден од имотите што го имам(наследен) сопственоста е запишана точно во имотен лист, но кај парцелата стои право 0 (под листата каде што се наведени сопствениците). Што значи ова?
 
Член од
4 октомври 2019
Мислења
503
Поени од реакции
922
Kakva e taa odjava od adreaa mameto nivno prosto.... Mi treba vo Avstrija document odjava od adresa od zivealiste... Doagam ovde vo ova parazitcko duvlo vika moze da ti dademe kartonce no toa se upotrebuva za pri prevoz za koli... Nema da ti vrsi rabota za drugo.... Vikam daj mi nesto covek sto ne sum tuka ne me interesira... Vikam brat mi lani izvadil za 2 minuti... Se sobraa komandiri nacalnici, ti treba da se prijavis prvo oti ne si tuka pa posle da se odjavis... A isto taka pisuvam so ambasadata vo Viena vikat noe mozime da ti dadime polnomoano treto lice da izvadil vo mk... Nesto kako kartonce... Vikam koga ke dojde tretoto lice sto ke dadejte... Molcat site kako budali I treba za zena mi za porodolno Sega dali da idi mk dali viena da odam uste mi ostana nejasno.... Pomos...
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.955
Поени од реакции
15.972
Не верувам дека е различно во таа ЕУ држава, суштината е секаде иста, различни се само правните термини, и роковите, инаку, негативна наследничка изјава се дава до завршување на оставинска постапка, по правосилноста на решението за наследување не може да се даде негативна наследничка изјава или да се отстапи наследен дел.
пак јас... овва со куќата кај што живеела баба ми( со нејзините сестри). торнадо имаше во Словенија и го праат сега кровот, веројатно изгледа на дршавна сметка...
ДРуг проблем ми излезе во август, дојде некое писмо од Словенија, добив картонче од пошта, мислев во врска со куќата, кога кажува за некој од братучедите на мајка ми покојна, па оставинска... дојде пред да идам на одмор 2 дена, ај викам кога ќе се вратам ќе видам за што се работи... си дојдов, па и здравствени проблеми имав на одмор, некако се опраив, се јавив и разбрав дека тој починатиот имал кредит и сите од прво колено се одкажале, така треба и ние. Отидов на нотар,напраив изјава за одкажување, па најдов и преведувач овластен и конечно на 19.9 го пратив писмото во словенски суд авионски, препорачано, а оставинската за 5.10 закажана... Денес ми доваѓа писмо, изгледа не го добиле на време писмото, решавале без ништо, нас неколку од други дрѓави не прогласува за наследници, ама и еден од Словенија, што ме чуди. Имс прсвнс поукс, прсво нс жалбс 15 дена, ама треба адвокат да ја состави ѓалбата ??, а плус пак џабе, за 15 дена НЕМА да стигне... Еве судот праатил писмово на 9.10, на 27 дошло во пошта Аеродром, картонче на 28 попладне, вчера бев не можешем да го отвори фајлот, денес ми го дадоа...
Ама ако земам адвокат ќе барам некој што се разбира, ова е за туѓење и на Словенија а и на Вукојебина што нема пошта... А пази сега ЕУ Словенија, решава а не ги ни нашле сите наследници од 3 реди тоа од Западни држави, не од Курдистан или слично..
Не моѓам да сварам закон да те прогласува наследник ако не си дошол на расправа а не си се изјаснил ни писмено
( не им стигнало) ??????????, а куртули братучедми од Англија, не го знаеле судот а татко му почина пред 2 години...
Мислам да прашам во СЛО амбасада дали би пратиле по ФАХ на судот... Ние имаме меѓународна правна помош ама мислам се телиња а и многу се БАВНИ,,,,
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.139
Поени од реакции
800
Дали може да го тужам катастарот за погрешно внесени податоци во врска со мојот имот,куќи или било што друго?
Ми дојде опомена пред тужба за неплатен данок на имот па внатре видов пола погрешни податоци,е сега дали е крив катастарот или даночното локално одделение тоа не знам,затоа и барам совет кој потег да го преземам како прв!
 
Ке си извадиш имотен лист од катастарот и ако во него е се во ред со него ке отидеш во даночните служби во општината и ке ја исправите работата.
 
Повторно пишувам, бев на многу места ама работата е МИЗЕРИЈА.... едино ме прими тој најстручниотр од мешународна правна помош,при министерство за Правда... ми кажа зошто воопжто сум ги приммал писмата од СЛО суд, тие требало преку министерство да одат, ама пак кажува дај жалба со адвокат....Работата е чист криминал, наследниците од ПРВ ред , кој го земале имотот и парите од починатиот, а кој имал кредит, сакааги прикаѓат за наследници тие од 3 и 4 ред за тие да се расправаат со банката...
адвокати наши немале право да застапуваат пред страмски суд. Изјавата за Не прифаќање на оставина, заверена кај нотар и преведена судски Стигнала на 22.09 во Копар, ама во пресудата од 5.1о не се спомнувсжа...
 
трет пат пишувам, се заврши работата, ми корегира странскиот суд пресудата не сум наследник... Сега пишувам за да укажам на едно општо ПРАВНО НЕЗНАЕЊЕ кај нас, не само на рамковно партиската багра запослена по министерства и служби, туку и адвокати кажуваат РАЗЛИЧНО...
Никој не знаеше точно да каже и колку може да ти наплати Доверител ако си наследник од лице должник...
И Извршителите не знаат, колку судот ќе одреди...
Чудно е оставинската постапка да е се уште непознаница... Но интересно е и таму во странство слично, многу наследници отидоа во суд или ангажираа адвокат да се одкажат, а некој не... Ако Доверител не може да наплати повеќе од тоа што се наследува од оставител - Должник, не ми е јасен стравот и бежанијата... ај тие наследници што се од далеку разбирам, не сакаат да се замараат а и проблем е бавната комуникација....
 
pozdrav

Денеска е денот!
Член од
22 март 2011
Мислења
18
Поени од реакции
4
Здраво дечки, имам едно прашање за поупатените со катастар и нивнава апликација. На еден од имотите што го имам(наследен) сопственоста е запишана точно во имотен лист, но кај парцелата стои право 0 (под листата каде што се наведени сопствениците). Што значи ова?
нелегална градба е тоа, само евидентирана
Автоматски споено мислење:

Дали може да го тужам катастарот за погрешно внесени податоци во врска со мојот имот,куќи или било што друго?
Ми дојде опомена пред тужба за неплатен данок на имот па внатре видов пола погрешни податоци,е сега дали е крив катастарот или даночното локално одделение тоа не знам,затоа и барам совет кој потег да го преземам како прв!
даночното, но си требал на време да реагираш кај нив, прават измени на база на правни документи
 
Kajgana Shop

На врв Bottom