Политички случувања во Израел

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.721
Поени од реакции
33.967
...сакам да ја откријам вистината и што точно се случило..Дали Израел си пукаше во нога со ова, дали Хамас или Исламски Џихад уби толку луѓе, итн....
Очекување дека ќе се деси такво чудо како Америте да „откријат“ дека нивните вазали Израелците прават услови за етничко чистење... Тоа како да ти кажам, не е баш реално очекување. :unsure:
Автоматски споено мислење:

Убаво им кажа, ама кој да го слушне.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Да беше обратна ситуација, ќе бараа докази,видеоснимки,потпис, печат, жиг, дата и време на истрелување на проектилот, итн..
Тоа ми беше муабетот, дека веднаш мора да се посочи "виновникот", без обзир на се.
Не велам јас дека Израел не е виновен. Него се дојде до тој заклучок 5 минути од кога се дозна за нападот.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
A каде јас ги споредувам 40те измислени бебиња и оправданоста на нападот на Хамас ?!
Јас споредба направив на реакциите на 40те измислени бебиња и никаквите реакции на 700 и кусур вистинските деца - жртви.

Нигде ни тоа не го напишав дека честото или реткото пишување се мерило. Ги имаш ботовиве 24/7 спам што маваат на темиве и што чекаат некоја жртва што не ги знае да ја закачат. Криви Дрини никој не оправа туку на тие што се случајно залетани на темиве им ја покажуваме и другата старана на паричката во целиот спам од ботови.
@Aceso ете го промени првичното мислење за тоа кој кого напаѓа а кој од кого се брани и кој е уствари вистинската жртва во војнава.
Во ред, не реков јас ништо за твоите ставови, јас го коментирав мемето а ме цитираа два пати за нешто сосема друго.

Друга работа, ќе има несразмерно повеќе жртви Палестинци, но тоа дека 700 деца се убиени не сум сигурен, еве вчера 500 души беа убиени во болница која беше срамнета со земја а денес кога се раздени болницата си стои таму, има дупка на паркингот со уништени возила во радиус од 10 метри.

Сега бидејќи сме на политички теми и за да не ме цитираат без потреба, и 100 деца да се убиени многу е, и 50 души да убиле на паркинг пред болница многу е. Ова е само почеток, веројатно ќе оди во десетици илјади бројката.

Но поентата овде е дека вие што ја симпатизирата Палестинската страна избрзувате со проценки исто толку брзо како и оние со кои се расправате. Не е лошо да си дадете неколку часа за проверка на информации, is all I'm sayin'.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.721
Поени од реакции
33.967
Тоа ми беше муабетот, дека веднаш мора да се посочи "виновникот", без обзир на се.
Не велам јас дека Израел не е виновен. Него се дојде до тој заклучок 5 минути од кога се дозна за нападот.
Можеби се Римјаните? :unsure:
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.992
Поени од реакции
5.607
Очекување дека ќе се деси такво чудо како Америте да „откријат“ дека нивните вазали Израелците прават услови за етничко чистење... Тоа како да ти кажам, не е баш реално очекување. :unsure:
Епа затоа бе друже пишав САД, Русија, Кина, претставници од околните земји (Јордан, Иран, Египет, Ирак, Турција, емиратите, Арабија итн) ЕУ итн. Да се направи непристрасна и вистинска анализа кој е виновникот.
Тоа ми беше муабетот, дека веднаш мора да се посочи "виновникот", без обзир на се.
Не велам јас дека Израел не е виновен. Него се дојде до тој заклучок 5 минути од кога се дозна за нападот.
Кога се слушна за убиени дечиња веднаш се побараа докази. Сега, не им требаа. За помалку од 5 минути го знаеа виновникот. Дури и бомбата со која е погодена болницата.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.721
Поени од реакции
33.967
Но поентата овде е дека вие што ја симпатизирата Палестинската страна избрзувате со проценки исто толку брзо како и оние со кои се расправате. Не е лошо да си дадете неколку часа за проверка на информации, is all I'm sayin'.
Без навреда, ама во првиот милисекунд кога фронталниот кортекс го испроцесира тоа „40 заклани еврејски бебиња“ кажано на жимимајка без снимки без ништо, знаев дека е булшит. Не ми требаат часови не па денови, за да знам како работи западната пропаганда.

Ете за споредба она со болницата, во првите минути имаше снимки со десетици искасапени жртви.
Дали е израелски проектил или палестински, дали е преувеличен бројот на жртвите и степенот на уништување, итн, итн... Такви детали не можеме да ги знаеме веднаш, ама веднаш знаеш дека настанот е реален а не булшит.
Автоматски споено мислење:

Епа затоа бе друже пишав САД, Русија, Кина, претставници од околните земји (Јордан, Иран, Египет, Ирак, Турција, емиратите, Арабија итн) ЕУ итн. Да се направи непристрасна и вистинска анализа кој е виновникот.
Знаеш Америте и вазалите дека два пати блокираат баш таква резолуција?
Прекин на оганот, независна истрага и хуманитарна помош. Неколку пати пренесовме.
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.992
Поени од реакции
5.607
Без навреда, ама во првиот милисекунд кога фронталниот кортекс го испроцесира тоа „40 заклани еврејски бебиња“ кажано на жимимајка без снимки без ништо, знаев дека е булшит. Не ми требаат часови не па денови, за да знам како работи западната пропаганда.

Ете за споредба она со болницата, во првите минути имаше снимки со десетици искасапени жртви.
Дали е израелски проектил или палестински, дали е преувеличен бројот на жртвите и степенот на уништување, итн, итн... Такви детали не можеме да ги знаеме веднаш, ама веднаш знаеш дека настанот е реален а не булшит.
Настанот е реален, ама не велам за тебе. Одма знаеа КОЈ е виновникот...Во првите 5 минути.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.721
Поени од реакции
33.967
Дури и бомбата со која е погодена болницата.
За тоа е форумов, за дискусија.
Го знаеме следново:
- разорната моќ на палестинските ракети (мала)
- разорната моќ потребна да уништиш голем објект како болница (голема)
- видео од бомбардирањето, топтан со звукот од проектилот/бомбата (ист како америчкиот JDAM, исто потврдено со снимки со звук)

2+2 колку се?
(според математика де, не според министерството за вистина)


едит: Е да, знаеме и одговор на прашањето cui bono... Одговорот е тие што во моментов прават етничко чистење во Газа.
 
Последно уредено:

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.992
Поени од реакции
5.607
Знаеш Америте и вазалите дека два пати блокираат баш таква резолуција?
Прекин на оганот, независна истрага и хуманитарна помош. Неколку пати пренесовме.
Значи, јас ти викам за сегашната ситуација со болницата. Нема ни резолуција, ни блокирање...Тоа што го зборуваш беше претходно..

Ниту Хамас не се сложи на примирје..
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Без навреда, ама во првиот милисекунд кога фронталниот кортекс го испроцесира тоа „40 заклани еврејски бебиња“ кажано на жимимајка без снимки без ништо, знаев дека булшит. Не ми требаат часови не па денови, за да знам како работи западната пропаганда.

Ете за споредба она со болницата, во прите минути имаше снимки со десетици искасапени жртви.
Дали е израелски проектил или палестински, дали е преувеличен бројот на жртвите и степенот на уништување, итн, итн... Такви детали не можеме да ги знаеме веднаш, ама веднаш знаеш дека е реален настан а не булшит.
Јас верувам дека е можно затоа што историски се случувале и такви работи. Но како што кажа и самиот, тој што го изнесува тврдењето треба да ги презентира доказите. Без докази, не се случило.

А дека се лаже, се лаже на двете страни. И двете страни ќе преувеличуваат, и тоа не е ништо необично, пропагандата е дел од војната.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.721
Поени од реакции
33.967
Па не сме на суд, дискутираме на форум. Тие се достапните материјали и информациии - нив ги дискутираме. Шаблонот на западната пропаганда е тој и добро е познат, барам за тие што пратат. Сето ова е веќе видено, не само во другите држави кои САД ги уништија туку и во самата Палестина ова е веќе виден филм. Поназад има неколку документарци за Газа, да не знаете дека се документарци ќе мислите дека сега се случува. Истото сценарио, Хамас провоцира IDF чисти.

Да не постоеше Хамас, Израелците ќе мораа да го направат. :unsure:
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.992
Поени од реакции
5.607
За тоа е форумов, за дискусија.
Го знаеме следново:
- разорната моќ на палестинските ракети (мала)
- разорната моќ потребна да уништиш голем објект како болница (голема)
- видео од бомбардирањето, топтан со звукот од проектилот/бомбата (ист како америчкиот JDAM, исто потврдено со снимки со звук)

2+2 колку се?
(според математика де, не според министерството за вистина)
-Да бе ти дома го имаше имотниот лист од болницата, па да знаеш во првите 5 минути колку е голема болницата.
-Ете и ИЏ имале ракети со малку поголема разорна моќ од оние на Хамас! И?
-Се извинувам, сите експерти треба да ги пензионираме. Бомбите не мора да ги анализираат, ќе те викнат ти да ги слушнеш и според звукот да знаеш за која марка проектил се работи. Ако е тишина околу тебе, можеби ќе му го кажиш и серискиот број на бомбата...

Не мора за се инает да тераш, и сам знајш дека не е кристална состојбата, и не можеш 100% да кажеш кој точно ја рокнал бомбата.
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.094
Поени од реакции
9.402
Не е лошо да си дадете неколку часа за проверка на информации, is all I'm sayin'.
Па и неколку дена ако треба. Но за жал се навлековме на инстант вести.......
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.431
Поени од реакции
11.279
И? Тебе треба да те прашам за да коментирам? Тоа што не коментирам не значи дека не следам политика. У принцип не коментирам зашо има премногу глупаци што трујат со едни исти глупости, али ете ова со Израел ми е интересно и затоа сум активен. Мада рака на срце не можам со експертите како тебе, сепак вие сте посебна категорија каде што знаете се, за сите теории на заговор, за тоа кој кого заебал, кој кажува вистина, кој лаже, кој е во право, така да тука ви признавам и нема бегање од тоа. Само да додадам, особено фасцинира фактот што многу вешто и брзо може да процените кој е релевантен медиум, а кој не, нормално во зависност од содржината на видеото.
Автоматски споено мислење:


Видов. Е сеа сакам да ми објасниш како си сигурен на пример дека тоа не се стари снимки, наместени снимки, измислени снимки, пропаганда снимки, како што тврдиш за секое ебано видео поврзано со израелски жртви. Prove it.
Ова истовремено е и војна на информации.
Кога би можеле да пратиме извори кои не се никако поврзани со Палестина и Израел, би било супер...посебно за оние кои не може сами да согледаат што е релевантно, а што не, што е пропаганда, а што вистина.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom