Историјата според Бен Шапиро:
Би сакал вие кои се сметате за добри познавачи на историските (не)прилики, да коментирате за кои работи Бен е во право, а за кои не е. Од 1 до 4, без cherry picking.
Првата точка е одприлика точна, но не потполно. Дека во антички период на таа територија живееле евреи е точно. Дека поради побуни и непослушност кон Рим биле протерани е исто точно. Дека името Палестина за таа територија е исто точно. Дека на таа територија живееле само евреи тоа не е точно. Тоа што евреите се протерани во 2 век и дека Исламот како религија се појавува во 7-ми век, не значи дека 5-6 века таа територија била празна. Живееле и се населувале луѓе постојано и без евреите. Друга работа, многу битна. Ако гледаме само од научна гледна точка. Библијата на која он се повикува, не се смета за научен доказ во научните кругови. Како и да е и без неа, евреи во антиката се до 2-век живееле на таа територија, но не биле единствени. Тоа што он пробува да го изедначи арапскиот свет со појавата на Исламот како религија, е толку глупо, најникса пропаганда. Арапскиот свет постои и пред Мухамед и Исламот. Тоа му доаѓа исто како да кажеш, не постојат европски народи пред Христијанството, ако земеш во предвид дека Европа е целосно христијанска. Втора точка. Скоро па тотално извртување на работите, во корист на еврејската, поточно кажано зионистичката пропаганда. Прво, после ослободување на Палестина од Османлиското царство, Британија ветува на арапите дека таа територија ќе им ја даде, со оглед на фактот дека најголемиот процент од народот е арапски, со ако не се лажам, некои 9% евреи. Британија се премислува и Палестина ја делат на пола со Франција, северниот дел припаѓа на Франција, јужниот на Британците. Во 1917 година британците ја носат Балферовата декларација, со која сакаат да направат еврејска земја на територијата на Палестина, но се обврзуваат дека на ниеден начин нема да го загрозат арапскиот народ кој живее на таа територија. Почнуваат да населуваат евреи од Европа, пред се од Британија, каде во тој период односите меѓу евреите и британскиот народ не се баш најдобри. Поради се поголемиот број на евреи кои се носат во Палестина, арапите се побуниваат. Некаде после 1930-та година, поради се поголемите побуни на арапите, го намалуваат носењето на евреи во Палестина. До пред Втора Светска Војна, евреи буле околку 28%. Што значи во период од 20-тина години, се донесени 20% евреи. До прогласиувањето на независен Израел во 1948 година, евреите кои живееле на таа територија, а биле малцинство, имале лични докумети, пасоши, на кои пишува Палестина. За време на ВСВ до прогласувањето на независка држава Израел, во 1948 година, поради хоророт кој го трпат евреите на европска територија, геноцидот, масовно емигрираат во Палестина. Британија која не може веќе да ја контролира ситуацијата, поради тоа што ниту арапите се задоволни, ниту евреите, се повлекува и препушта ОН да ја реши ситуацијата. По прогласувањето на Израел за држава, има повеќе обиди да се реши кризата, со то тоа што би се формирале две држави, сите неуспешни поради тоа што поделбата на територии секогаш е во корист на Израел, односно пустелијата да им припадне на палестинците, а добрата земја на израелците, иако на сите територии биле малцинство, дури и со носењето на евреи од Европа се до ВСВ и Хитлер. Палестинците кои на почетокот продаваат земја на евреите, а после се и масовно протерувани од нивните вековни домови, нешто слично ко шпоните што прават кај нас, прво купуваат, па после со малтретирање протеруваат, формираат Палестинска ослободителна организација која не се бори за унишување на Израел, како што овој лаже, туку за враќање на териториите од кои се протерани. И не, тие територии не се Вест бенк и Газа, како што овој вика, туку се многу поголеми. После договорот у Осло, наместо како што се обврзал Израел, чекор по чекор, формирање на Палестинска држава, Израел продолжува етнички да ја чисти територијата од палестинци, како во Вест бенк така и кон Газа. Само за информација, според ОН, во 2022, во Газа, од 2 милиона жители, 1,3 се избеглици од останатиот дел кој е окупиран од Израел, во Вест бенк 900 илјади избеглици, во Јордан 2,4 милиони, во Сирија 580 илјади, во Либан скоро 500 илјади. Овие луѓе во Јордан, Сирија, Либан, голем дел, со децении живеат во избеглички кампови, протерани од сопстените куќи. Тоа е главната причина зошто Египет сеа не прима избеглици од Газа, затоа што знаат дека евреите ќе ги исчистат од таму и веќе никогаш нема да им дозволат таму да се вратат. Додека Газа е скоро па херметички затворена, во Вест бенк, евреите продолжуваат со чистење на палестинците. Буквално им ги земаат домовите, населуваат евреи, а овие не смеат ништо да напраат. За палестинците има посебни документи, посебни игралишта, реони во кои не им е дозволено да се движат, ако сакаат некаде да патуваат, тоа мора да го направат од Јордан, ако израелците ги пуштат да поминат граница. Палестинец од Газа, ако сака да отиде во Ерусалим, прво мора да добие дозвола, а после и да плати, некаде околу 1000 евра од ден. Доаѓаме до Газа и напуштањето на израелската војска и преземањето на Хамас. Прво, Хамас е створен да биде контратежа на Арафат. Со напуштањто на израелците на Газа, како демек еве им територија во целосна контрола на палестинците, а во реалност, Израел има контрола на се, од вода, храна, увоз, извоз, море, копно, што значи Израел, Газа е претворена во еден отворен затвор, каде израелците имаат контрола на се што може да влезе и излезе, Хамас во 2005-06 доаѓа до власт во Газа. Од тогаш нема никакви избори. Хамас, по секоја нивка постапка, акција, е терористичка организација. Они увари не се борат за ослободување на палестинската територија, односно независка Палестина, туку за истребување на евреите. Значи, Хамас е се спротивно од она за кое палестинците се бореле во изминативе 70 години. Хамас е најголемиот штетник на борбата на палестинскиот народ. Хамас го користи палестинскиот народ во Газа како жив штит. Дали Хамас е претставник на палестинскиот народ? Не, по многу основи. Прво, палестинци не живеат само во Газа, второ, ни во Газа не може да се каже дека се претставници на тој народ, затоа што нема избори, затоа што по некои анкети во последниве години, ни кај народот во Газа они немаат мнозински поддршка. Имаш доста аналитичари кои ја пратат ситуацијата во Израел, сите кажуваат едно исто, секогаш кога нешто позитивно се слулува на Блиски исток, или има некоја ситуација која иде во полза на палестинците, или кон смирување на тој регион, се појавува Хамас да истрела некоја ракета кон Израел. Хамас, Хесболах, Исис, Мисис, Ал Каеда, Муслиманско братсво, вакво братство, онакво братство, муџахедини, ти се терористички организации, кои служат за да одржуваат статус кво на Блиски исток. Односно кога на некој ќе му одговара, да може за момент да го разгори тој цел регион, како што тоа се деси минатиот викенд. Тие муабети, ги фатите на спиење, потфрлиле израелските служби, може да поминат само кај екстермно глуп народ. Ај што има и од америте признание дека Египет неколку дена предходно ги предупредил, еве и да не е така, илјадници терористи ти се собираат во близина, тренинзи со параглајдери, 5000 илјади ракети во само еден напад, мотори, џипови. Вакви работи да не приметиш на толку мала територија, покриена со најсовремени системи и 10 метарски бетонски ѕид и метална ограда. Во тоа само глуп човек може да поверува. Исто ко што само глуп човек, кој не сака да уклучи мозок, може да поверува дека 15-20 терористи, со џебни ножеви, можат да киднапираат 3-4 авиони во Америка, да ги извршат најголемите терористички напади, забивајќи се во кулите билзначки и Пентагон и да им ги најдат пасошите неизгорени. Дали намерно Израел дозволи ваков масакар да им направат терористиве, може да нагаѓаме само. Нормален човек не би жрвувал сопствен народ, ма ни да не е припадник на тој народ, ама овие што ги водат државите, по никој основ не можат да се наречат нормални. Мислам, и денес, а и низ историјата можеме да видиме милион докази кои покажуваат баш дека политичари кои водат државите се спремни на се, па и на убивње и жртвување на сопствениот народ. Точка три. Тоа што пишува во устав, не значи дека мора да се почиитува во пракса. Арапите сами ги терале да се иселуваат, израелците немале ништо со тоа, пошто се иселувале кога немало војна. Па не ти треба војна за да чистиш етнички население. Ние сме најдобар пример. Како шипците чистат македонци. Со напади, со малтретирање, со убивање, македонците се иселени од места каде и немало војна. Ако е така како што вика, што не ги вратат избеглиците од Либан, Сирија, Јордан назад во Израел?
Ако почнеш да читаш што и како се дешавало помеѓу израелците и палестинците од почетокот на 20-ти век, до денес, ќе дојдеш до заклучок дека секое одбирање страна е поддржување на зло кон другиот. И едните и другите си имаат нанесено зло во последниве 70 години, што мислам дека ни во наредните 200 години да живеат во идеалем мир, нема да се намали омразата и злото меѓу нив. Од која причина тие два народи кои може слободно да се каже дека се најнапатените во 20-век, се донесени во ситуација да војуваат и да се мразат, а немаат никаква историска причина за такво нешто, предходно ми е тотално нејасно. Односно јасно ми е, таквата ситуација е најдобра за тој регион да се држи во ситуација на раб на војна и под контрола на некој друг. Кој ги има тие пари, за таква да ја одржува ситуацијата, не е тешко да се претпостави. Ако гледаш кој кому убил повеќе цивили, дефинитивно несразмерно повеќе страдаат палестинци. Од друга страна, го имаш Хамас, кој се терористи, радикални исламисти, кои испалуваат ракети онака, кај падне, падне, само да се убие евреин. Ова што го направија минатиот викенд, е најгнасното нешто што може да се замисли. Убивање преку 1000 цивили, млади, цели семејства, деца, бебиња, стари, силувања, жени, киднапирања, објавување грозоморни снимки, сега објавуваат снимки од киднапираните деца и бебиња. Хамас заслужува и мора да биде збришан од земјава. На тоа додади дека својот народ го користат како жив штит.
Од другата страна ги имаш израелците, кои под изговор дека го чистат Хамас, гледаат да убијат што е можно повеќе цивили, а 100% сум сигурен и дека и Газа ќе ја исчистат од палестинци кои никогаш повеќе нема да се вратат таму. Нормално терористите Хамас може и веќе избегале од Газа.