Нема дискусија за тоа, треба да сфатиме дека нема правда туку само интереси во светов
НО како што кажа членот погоре, за лошата наклонетост на западниот свет кон нас во тоа време треба вината да ја бараме во самите нас, катастрофа дипломатија и ужас политичари ко Љупчо итн.
Не треба да заборавиме дека само 2 години пред 2001 во Скопје беше запалена Американската амбасада во солидарност за Србија, дали тоа ни се исплатеше оставам сам да оцениш
Сакам да кажам дека не можеш да бидеш наклонет кон Русија и да очекуваш поддршка од САД и целиот запад кој Америка го предводи и обратно, нема никаква правда туку само интереси
ПС треба да се биде искрен и да се каже дека Македонија имаше одлична соработка и помош од САД до палењето на амбасадата во '99та, штетата што ја направија србоманите во Скопје е непоправлива.
Да не бидам погрешно сфатен истото го мислам и за бугарофилите