https://www.gol.mk/rakomet/kako-chk...tim-tvrdam-deka-kje-osvoi-dve-domashni-tituli
Голема доза на оптимизам,,неочекувано и непотребно би рекол, по дебаклите со оние умренковците.
Само да не биди на крај на сезона пак иста слика како во Струмица и на 17.09., дури тогаш црни Драгоро нема да ве испери.

Зато не летајте многу со изјавите, треба на терен да се излези и да се покажи квалитет.
Со фенси изјави, дека сме најаки, најубај, не тераме далеку, праксата ни го покажа то.
Значи можело да се игра, ако се сака нормално.
Да имавме малку подобра концепција шо играме во напад последните 15 минути ќе ги тепавме.
Изгубени беа Кил тоталка, на мускули ги изиграа последните 20 минути.
Очигледно беше дека не потценија и не очекуваа да дајме ниту минимален отпор.
Само ние не искористивме поклон иако пред нос ни беше.
Лоша тактика последни 15 минути во напад.
Го фрлија Павле во оган во напад, а детето немаше ни 20 минути изиграно во напад оваа сезона.
Во одбрана искина Павле, капа до под, како и Петар, дандало му го зедоја на Скипаготу ко застанаја на средина во второ да го бранат.
Си ја проба Павле среќата, со пас до пикер и брз удар, не помина и то е то.
Пеналот на Богдан, зицерот шо не смееше да го промаши Цветан ( каде бе дете со вакви удари. со кој играш, со РК Скопје?), овие 4,5 напади ја прекршија утакмицата.
А лесно можеше да биди далеку подобро.
Според мене требаше во последните 15 минути да се врати та постава од прво полувреме, Кисум или Борзаш , Танкосен, Цехте.
Далеку поконкретна во напад, ко шо беше уморна одбраната на Кил. ќе имавме појќе можност да напрајме некој вишок.
Вака брзавме во напад, во последните 10 минути сите напади ни беа без концепт, без идеја, ако помини-помини.
Не дека немаше проток на топка во второ, доста топки поминаја и за пикер и крила, ама во финишот ко требаше најпојќе паднавме
Фалеа тие можности за удар од далечина, немаме бек шутер шо ќе разбие од надвор.
Ако не се лажам, освен голот на Цехте во второ, и тој изнуден удар на Кисум во прво, се друго шо дадовме беше со влез на 6,7 метри или пенал.
Како и да е, секоја чест за борбеноста, залагањето, дадоа далеку над максимумот, посебно во одбрана, изгинаа сите.
Како и за атмосферата, чиста 10ка.
Никој не очекуваше вакво издание, пријатно изнедување за сите.
Вака треба/ше да играт на сите утакмици.
Зато и Калифа можеше да го покажи потенцијалот. искина чоекот вчера, на грб ја носеше екипата. киклоп.
Слаб бил, ваков бил, таков бил, седете бе луѓе, кој слаб, класа голман е овај за наши услови.
Кој е подобар, Гогов од 61 ва?
Не можи да покажи голман потенцијал ако се заебава одбраната пред него, во тој случај ниту Ландин и Волф заедно да бранат не ти бркат работа.
А кај нас во дуелите со умренковците, одбраната на пасење беше.
Зато нека извлечат поуки од овај дуел, дека можат далеку појќе од ова шо го прикажаа досега, нека работат во иднина на подобување на играта.
Посебно на тие удари од далечина. ова важи најпојќе за Борзаш.
Дечкото треба на дополнителна настава да оди за скок шут да оформи и удар од далечина.
Порано Маковеј ко беше тренер 2001/2, имаше посебни тренинзи само за левиот и десниот бек, по 1 сат, шутој нон стоп.
Ко можеше тогаш од Ацо Јоноски и Митков да се изват бекој шо можат во дијагонала да годат, можи и од Борзаш итн,
Ама треба да се работи..
Има потенцијал ова екипа, само треба некој да го извај максимот од играчите.