Мене ми личи дека ти требаат за коцка.
Како и да е *(тоа не е моја работа), но имаш тема за брзи кредити, меѓу другото и ова е дискутирано таму, прочитај и извлечи заклучоци.
За што и да ти требаат пари или заработи ги или позајми ги од официјална институција. Приватното позајмување, макар и кај познаници или роднини (скраја кај лихвари) ќе ти донеси само дополнителни и поголеми проблеми.
Се обидовме да ти дадеме соодветен совет, ситуацијата не ти ја знаеме како ти е, но на тебе е да одлучиш што ќе правиш. Од секоја акција има и реакција, така да во животецот сите на грешките се учиме. Кој е паметен на туѓи, кој не е толку искусен на свои.
Ти посакувам да бидиш паметен.