Не знам што ви се чудни овие слики. Израелците ова, не во оваа мера, сега ова го пуштаат на најјако, го прават со години. Фактичката ситуација во Газа е таква, да на многу мал простор имаш премногу народ. На таа мала територија 60-70% од луѓето се избеглици од територии кои сега се под Израел. Друг проблем кој го имаат е тоа што животниот век не им е многу долг, а прават деца, ко сегде каде што е тешка мизерија и сиромаштија. Па така, ако добро се сеќавам, 40-50% од населението се деца под 15 години. Е сега Хамас како милитаристичка организација, која тера и власт во Газа, а слободно по нивните дела може да се каже и дека се терористичка организација, кои се претставуваат како борци за слобода, треба да знаат и да се свесни како нивните акции, предходно биле одмаздувани од Израел, а камо ли ваков масакар. Ова уште од сам старт кога во саботата влегоа терористиве и не се знаеа уште стравичните бројки од масакрите, излегуваа по некои видеа само, само поради срамот кои го нанесоа на Израел, а камо ли сега кога војската влегува во населените места каде поминаа овие, па наоѓаат цели фамилии масакрирани, деца, жени, стари, дека ќе биде најжесткиот напад на Газа. Дека апсолутно нема да ги интересира израелците дали ќе убијат деца, жени, невини цивили, ќе одат на тотлно уништување на Хамас, а пошто овие се набутани во Газа, се кријат по тунели, наголемата жртва ќе падне врз можда и најнапатениот народ во последниве 50-60 години. Затворени од сите страни, без основни ресурси за живот, 15 години затворени, водени од луѓе ко Хамас, се плодна почва за радикални исламисти, па може да се каже дека се претвараат полека во животни, колку и да звучи тоа грубо.