Нивни луѓе се засега. СА малку се противат во последно време ама никако не и воено, од другите нема Сунити а да не се под нивна контрола или макар влијание. Се разбира освен тие во Русија кои се предобро интегрирани, и каде внатрешната безбедност е на друго ниво (како и мора да биде, после лекцијата научена од војната во Чеченија).
КСА за сега претпазливо, но ако ескалира мислам дека ќе немаат избор.
И покрај посредството на Кина и Русија во помирување помеѓу Шии и Суни овие се внимателни и дури имаше и изјави дека ако Иран направи атомска тие мора да ја имаат заради рамнотежа, се спомнуваше Израел дека би можел да им ја даде.
Чеченија е идентичен случај како и Украина корисен идиот кој требаше да послужи за сопнување на РФ, но изгледа овие дознаа за плановите па почнаа да играат на повеќе полиња, произведоа хиперсонично (и сега овие можат да им се фатат за подолгото од трите) започнаа процеси за деколонизација, создадоа економски сојуз БРИКС++++ започнаа процеси на дедоларизација и сите тие имаат за цел создавање на еден нов свет, денес видлив за многумина.
Тука се Египет, Сирија и да не ги редам.
Иран сега е преоголема коска дури и за нив, за да гризнат и да не задават. Посебно сега кога се во неформално сојузништво со РФ, па и со Кина.
Иран ќе биде голема коска само ако успее да направи нуклерака ( се шпекулираше дека г-дин Ракетмен е спремен да подари), пред некое време се говореше дека успелае да постигнат чистота од некои 80-90% значи им остана малку време за да постигнат 100%.
Сојузот со РФ и Кина повеќе е на економски план а на воен и не е толку, соработуваат и секако дека ќе го помогнат ама не би рекол дека ќе влезат во војна со САД заради Иран.
Они напаѓаат само кога:
- е евтино (од аспект на загуби)
- 102.3% се шансите за победа, односно противникот е преслаб за нив (примери се Југославија, Либија, Ирак, итн)
- кога некој друг треба да гине (прокси војни)
Најчесто да, прво преку внатрешен пријател -петта колона- ја доведуваат земјата во криза а потоа ја демократизираат.
Пробаа порано годинава да направат прокси судир во Иран, во азерските делови на север, ти текнува?
Не им успеа, исто како што не им успеа да направат државен удар и во Казакстан. РФ се вмешаа и во двата случаи, а они барем се искусни од бранење од специјална војна (обоени револуции, итн).
И Иран и Ерменија и Казахстан и Белорусија се се тоа само коцки на шаховската табла.
РФ е единствената воена и политичка сила која денес може да им се спротивстави, но толку вешто тоа го прави да човек мора да им се вохитува, создадоа еден куп сојузи преку кои на овие им ја вадат маста.