...тоа што немаш уште сексуални односи значи наведените симптоми не се од можни сексуални преносливи болести, но тие твои симтоми можеби се токму како резултат од твојат несоодветна хигиена после мастурбирање што доаѓа до сувост на кожата на главичката на пенисот, односно токму тој сапун, шампон или било што го употребуваш токму после мастурбирање е кривецот за сувоста на главичката што може да биде после луштење што предизвикува чешање, па после чешањето се создава црвенило и незгодно чувство на пецкање, а тоа значи и ново жариште на некоја инфекција.
... ако додадеме на сето тоа дека дневно мастурбираш повеќе од три пати, нели како тинајџер, можноста на остранување на природната влажност на кожичката на пенисот е уште повеќе потенцирана, па постојат понежни лубриканти на база на вода за да ја задржат влажноста на кожата доколку почесто дневно мастурбираш, ама сега такви услови немаме, па што да се прави, иако сувата кожа на пенисот обично не е сериозно медицинско прашање, но може да биде непријатно, нели, посебно на твои години.
... овој совет е ОК, да се дополнам, не дека женската ќе смени нешто поразлично од твоето мастурбирање, ама нејзината вагинална влажност доколку имаш сексуални односи ќе биде поинаква одколку твојата сува рака, нели? но сеуште ти е рано за такви сексуални активности и не се фокусирај за сексуални односи тоа природно ќе си дојде малку понатака,
...околу медицинскиот сапун, со pH 5,5 кој НЕ Е алкален како другите сапуни и ваков сапун не го нарушува природниот хидролипиден слој на кожата и е соодветен за чувствителна кожа, ги има со повеќе комерцијални имиња, асодерм, еуцерин, себамед, асо глицерински, бекутан бебешки сапун...итн.
Прегледај го приврзокот 393249Прегледај го приврзокот 393247Прегледај го приврзокот 393250Прегледај го приврзокот 393251Прегледај го приврзокот 393253
... ќе го редуцираш миењето со сапун на половиот орган најмногу еднаш дневно, а не на секое мастурбирање да удриш сапун, ќе го миеш со млака вода само да ја остраниш лепливата сперма, а бришење само со тапкање на нежен памучен пешкир, не со триење, па мачкањето на кремот што ти го препорачаа (Канестен) во сосема тенок слој и рековме миење на пенисот еднашка на денот со таков бебешки сапун, а другото само плакнење со вода, таман работа да го мачкаш 3 х на ден со кремот и толку пати претходно да го миеш со сапун, никако, полошо правиш!
... канестен крем за вагинална примена е 2%, за разлика за надворешна употреба што е 1%, така да треба повеќе време но по еднаш мачкање на ден, односно ако мачкаш 3 х на ден тогаш само 3,4 дена, вака некако многу долг период, а тебе причината на сувоста не ти е од инфективна природа, туку од несоодветна хигиена или начинот примена на хигиена.
(доколку сметаш дека канестенот не ти помогнал, можеш да смениш со друг антимикотичен крем како Екалин.)
Прегледај го приврзокот 393258
... и друг совет, немој да носиш моментално тесни долни веш(гаќи) и да бидат памучни, препорачливо моментално да носиш боксерици пошироки, да се „проветрува“ слободно интимното место.