Мислиш ќе се десеше ова без подршка однадвор?
Ова очигледно е спремано долго време, и тоа под носот на израелското прочуено разузнавање.
Имаат поддршка од надвор, тоа е сигурно. Јас зборам за директна поддршка на терен. Без таква немаат шанси. Прво не се војска, туку обични бунтовници. Второ, инфериорни се во однос на Израел. Еве имаа помош и среќа денес ги начекаа на спиење. Дека ќе напраат штета, ќе напраат. Убија многу цивили, војници, успеаа да земат некоја опрема, да киднапираат и земат заложници, цивили и војници. Еве за ден, два ќе се соземе Израел, што после? Рачунај дека Израел ќе има одврзани раце и поддршка од цел запад на чело со САД, Британија и останати се што ќе одлучат да преземат против Газа, па дури и да ја срамнат со земја. Од друга страна палестинците едини начин на тоа да се спротистават на тоа ќе биде ако имаат директна помош, што значи директно вклучување дали на Иран, Турција, останатите арапски држави и напад на Израел. Не верувам дека било кој од овие ќе се одлучи на таков чекор. Израел буквално може да ја дупре од гранатирање Газа, се секој вид на ракета што ја имаат, палестинците немаат противодбрана. Апсолутно цел запад па и Индија е на страна на Израел. Ги имаш Русија и Кина кои нема да заземаат страна. Египет кој во последно време е медијатор помеѓу нив, што значи дека ни они не би ризикувале да заземаат страна. Овој напад им донесе доста болка на израелците, поготово какви видеа и сцени гледавме, тоа е језиво, ама на крај многу повеќе страдање ќе му донесе на палестинскиот народ. Неспоредливо многу повеќе.