Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.249
Поени од реакции
7.608
...респект на твоето видување,но тоа не се фантазии туку само мое видување на процесите и нештата
...секогаш е подобро да анализираме,одколку другите околу нас да ги осудуваме или исмејуваме...нели? :)
Секако е подобро да анализираме, па затоа објасни врз основа на што тоа тврдиш дека новото што доаѓа е поубаво и дека имаме духовен и интелектуален раст, бидејќи од приложеното живееме во идиократија. Каде е интелектуалниот, а уште повеќе па духовниот раст?

Изигравање ној не значи дека лавот нема да те изеде... нели? :)
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.102
Поени од реакции
12.086
За да имаш духовен и интелектуален раст - што ти треба најпрво? Да видиме дали знаеме што ни треба најпрво!
Поточно, за да анализираш било што - што ти треба прво?

И тоа што ќе го одговориш, дали го имаше во минатото како опција и без да бидеш осудуван и сметан за нешто ниско (дури и исфрлен од општеството на самите маргини) бидејќи не оди со нормите и догмите на религиите кои ги креирале општествените правила и норми?
 

парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.784
Поени од реакции
21.309
Бафра брат, много те сакам.
Ист си како мене.
Много знаеш, а везе немаш. :icon_mrgr:


Иначе на овуј тему, иам да ви дискутирам до катАљаљарда и назад, а ти само назад.

Не е проблем. Ке дискутирамо на сфакафи теме за религие. Ама ЈА од увек ке биду пореалан и порелевантан од сфи вас "познавачи" на проблематике за и около сфи религие.
Искерено Бафра, барем на тебе и Хепту наише ви верују, дека знаете и веруете колко ја знам опширно за сфи приказне и религие. Барем ти и он, верујте ми дека не верују у сфашта, а знам сфашта.
Закључак не се базира само на знаење, нево и нс сфаќање што е што.

А што е што, ја и ти бафра појма неамо, само знаемо, напаѓамо, мрсимо, едемо гомна.

Иначе искрено овакој, од сфи соговорници на Кајгану, ти си ми нај нај. Ист си како мене, ама не си упрао хаха
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.249
Поени од реакции
7.608
Иначе на овуј тему, иам да ви дискутирам до катАљаљарда и назад, а ти само назад.
Епа нема простор за до катаљарда, оти единствена опција (за сега) е само назад, минатото. Ти не даваш опција за катаљарда, било каква опција за постоење на духовниот свет, ти ја отфрлаш. Не зборам за религиските човечки институции.

Ама ЈА од увек ке биду пореалан и порелевантан од сфи вас "познавачи" на проблематике за и около сфи религие.
Искерено Бафра, барем на тебе и Хепту наише ви верују, дека знаете и веруете колко ја знам опширно за сфи приказне и религие.
Па тоа најмногу ме чуди, како при толку прочитани работи, ти го негираш постоењето на духовниот свет :toe:.
Не велам дека мора да си припадник на било која од тие религии, верувања, ама скроз да го негираш постоењето на духовниот свет, духот и душата :confused:.
Пореален како може да си.... Освен ако не си некој профи шаман....
Порелевантен исто, како може да си? Побитен е квалитетот на прочитани работи, него ли квантитетот.

што е што, ја и ти бафра појма неамо, само знаемо, напаѓамо, мрсимо, едемо гомна
Во право си, ама па и за да контрираш, мора да имаш некое знаење кое ќе е поиздржано од соговорникот, за да не испадне јадење лајна.

Ист си како мене, ама не си упрао хаха
Секогаш сум во право, дури и кога не сум. :sramezliv:

П. С. Ја па ги обожавам Кумановке, дали од водата е, многу долги нозе имаат, а кога зборат на мајчин дијалект или акцент, не можеш да им се наљутиш. :D

За да имаш духовен и интелектуален раст - што ти треба најпрво?
Слобода на избор и пристап до информации, а со тоа и капацитетот за критичко размислување кај луѓето ќе се зголемува.

тоа што ќе го одговориш, дали го имаше во минатото како опција и без да бидеш осудуван и сметан за нешто ниско (дури и исфрлен од општеството на самите маргини) бидејќи не оди со нормите и догмите на религиите кои ги креирале општествените правила и норми?
Заборави на комунистичкиот систем?

И сега истото се случува со тоа што целиот свет е вклучен и целокупниот начин на живот е свртен кон материјалното, а духовното намерно и присилно се исфрла.
За 3-4 генерации, луѓето ќе се како боргите.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.289
Поени од реакции
4.033

Еве на католициве им отиде колата низбрдо. Наредно сигурно ке биде легализација на педофилијата. Да ти ибам западот и новото време, сега е веќе јасно зошто ни прават војни, кавги и сакаат да не ,,интегрираат,,.... православието е последниот бастион на нормалноста и трн во окото на сатаната.
 

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.397
Поени од реакции
4.767
Секако е подобро да анализираме, па затоа објасни врз основа на што тоа тврдиш дека новото што доаѓа е поубаво и дека имаме духовен и интелектуален раст, бидејќи од приложеното живееме во идиократија. Каде е интелектуалниот, а уште повеќе па духовниот раст?

Изигравање ној не значи дека лавот нема да те изеде... нели? :)
...времето на униформираност и едноумие,пополека но сигурно,го губи смисолот за изразување и практицирање на нашата духовност.Индивидуата ги процесира своите духовни и интелектуални потреби преку себеси,а не преку толпата и социјалните норми.
...предпоставувам,ќе речеш сета оваа нова "сексуалност",сите овие одстранувања на луѓето од масовните религиозни заедници не носат ништо добро.Но даваат јасен и силен сигнал дека единката е во потрага по еден индивидуален пристап за својата "душа",или грешам?
...јавните линчови во таа насока ги сметам за неприфатливи,бидејќи секоја единка е свет за себе и има право да мисли и делува како му е вољата негова.
...разноумието не е,и не може да биде грев туку најголемата придобивка на денешницата.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.102
Поени од реакции
12.086
Слобода на избор и пристап до информации, а со тоа и капацитетот за критичко размислување кај луѓето ќе се зголемува.

Заборави на комунистичкиот систем?

И сега истото се случува со тоа што целиот свет е вклучен и целокупниот начин на живот е свртен кон материјалното, а духовното намерно и присилно се исфрла.
За 3-4 генерации, луѓето ќе се како боргите.
Од крајот: комунистичкиот систем беше исто како шеријатски закон или христијанските демагогии и градење на општество каде што вероисповедта беше дел од националната свест! Општествените уредувања не може да се градат врз свети книги кои нудат догма! Како ќе се развива тоа општество кога ќе се родат гении кои ќе ги надминат другите кои се навикнати ко робови во општество што не може и не сака да се менува?

Немаше таму слобода. Мораше да се криеш ако си нешто друго по верување и убедување!

Вие го барате тоа кога зборувате како новото време е само зло, демократијата и слободата се зло и ако не си дел од некоја позната религија, ти немаш етика и морал и си апсолутно зло за човештвото.

Тоа е лага и глупост.

Духовното никогаш не било за сите во даден момент.... да објаснам што мислам со ова.

Секој има право според сопствените можности и наследни особини да се надградува или продлабочува духовно и материјално.
Тоа што мноштвото е материјалистички насочено (а мноштвото е составено од поединци) може да е :
а. како што реков наследни особини и моментално одработување на наследената карма и прочистување за да индивидуата надмине
б. залажен од секојдневието и потпаѓање под влијание на сили кои поединецот не ги препознал дека се опасни и исто така да ги отфрли и надмине

За тоа не можеме ништо врз целото човештво.

Од друга страна имаш индивидуи кои многу добро се свесни за многу други работи и кои во тишина и далеку од вревата си го бркаат својот пат и намамуваат и други, спремни талкачи низ непознатото да се приклучат во истражувањето на пустината низ која нема вистински патеки, наречена духовно искуство.

За разлика од минатото (за кое многумина тука врева креваат дека било подобро) не се имаше начин да се минува оваа пустина ниту некој да ти даде патоказ во однос на твоето моментално искуство за да може правилно да надминеш и да се надградиш.

И за крај: СЛОБОДА ти треба за да може било што да правиш! Во минатото се немаше духовна слобода! ВО исламот ќе си бил убиен ( и денес би бил убиен според шеријатски закон), во христијанството исфрлен од општеството и едвај ќе си преживувал бидејќи: попот најдобро знаел! И тоа е големата вистина: попот беше најписмениот!

Што направија оние кои имаа мудрост и исксуство и сфатија дека од човештвото доаѓаат гении и луѓе кои ќе го иницираат целото општество во нови мистерии?
Го описменија и секој доби можност. Доби слобода да прави што му е волја и да открие што му е волја.
Нема назад повеќе. Кога човекот ќе ја намириса слободата: би умрел за нејзе. БИ распнал богови за нејзе! Би го собрал универзумот во точка и би го разнел за да се роди нов универзум - само за да се има тој почетен услов: СЛОБОДА! :)

Сети друго се демагогии и омраза и потајно силување на поединецот да се плаши да биде слободен!

"IT IS OF LIBERTY that I would first write unto you, for except ye be free to act, ye cannot act.
...
The great bond of all bonds is ignorance. How shall a man be free to act if he know not his own purpose?"

- Liber CL, De Lege Libellum
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.249
Поени од реакции
7.608
Индивидуата ги процесира своите духовни и интелектуални потреби преку себеси,а не преку толпата и социјалните норми.
Таа индивидуа (90% од нив) сака по секоја цена да припаѓа во поголемата група во општеството. Најтазе пример ти се прифаќањето на корона фашистичките мерки од страна на мнозинството, како и тоа дека децата и повозрасните е во ред да се однесуваат спротивно од нивниот природен пол.

Твојата грешка е што тргнуваш од себе си и мислиш другите такви се, а јас не те обвинив дека ти си грешка, туку твоето тврдење дека имало духовен и интелектуален раст, без да приложиш факти.
Каде кај мнозинството население гледаш интелектуален, а посебно духовен раст.

Немаше таму слобода. Мораше да се криеш ако си нешто друго по верување и убедување!

Вие го барате тоа кога зборувате како новото време е само зло, демократијата и слободата се зло и ако не си дел од некоја позната религија, ти немаш етика и морал и си апсолутно зло за човештвото.
:facepalm:
Море торко, па истото ти го велам дека и претходно немало слобода, а ни сега нема слобода, посебно па не во новиот систем што планираат да го имплементираат кој ќе сличен на комунизмот.
Не се прави на Тошо демек во идниот систем ќе било поразлично, прочитан си.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.102
Поени од реакции
12.086
Таа индивидуа (90% од нив) сака по секоја цена да припаѓа во поголемата група во општеството. Најтазе пример ти се прифаќањето на корона фашистичките мерки од страна на мнозинството, како и тоа дека децата и повозрасните е во ред да се однесуваат спротивно од нивниот природен пол.

Твојата грешка е што тргнуваш од себе си и мислиш другите такви се, а јас не те обвинив дека ти си грешка, туку твоето тврдење дека имало духовен и интелектуален раст, без да приложиш факти.
Каде кај мнозинството население гледаш интелектуален, а посебно духовен раст.


:facepalm:
Море торко, па истото ти го велам дека и претходно немало слобода, а ни сега нема слобода, посебно па не во новиот систем што планираат да го имплементираат кој ќе сличен на комунизмот.
Не се прави на Тошо демек во идниот систем ќе било поразлично, прочитан си.
Идниот систем не е овој ниту тој што ти го пласираат сега.
Не биди глуп и ограничен.
Телема е 100 години, стариот еон и старите учења од петни жили сакаат да опстанат и глумат лудило... и луѓето се фаќаат на јадицата.
Ако нема слобода - не е од нас системот.
разбери го тоа...
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.102
Поени од реакции
12.086
Sto e toa sloboda vo vashiot sistem?
A. Seks na grobishta;
B Pienje krv od machki;
C. Krkanje kolachinja po receptot na Krouli;
Не е пна што сега ви ги полнат главите дека е слобода, а вам ви доаѓа пења на уста ко на споулавени кучиња...
Слобода значи прави пто ти е волја и тоа нека биде целиот закон.
Љубовта е закон, љубов под волја.

Едноставно, но затоа пак тешко во пракса, како што гледам :)
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.420
Поени од реакции
33.546
...разноумието не е,и не може да биде грев туку најголемата придобивка на денешницата.
Проблемот што не го гледаш, е тоа што новово исто така е едноумие ама притоа е миљон пати помалку толерантно од претходното т.н. едноумие.



Немаше таму слобода. Мораше да се криеш ако си нешто друго по верување и убедување!
Денес (на западот) мораш да се криеш, ако размислуваш поинаку од ЉГБТ култистите. Инаку тие истите тие култисти ти прават буквално уништување на професионален и на приватен план и за ова има миљон примери кои може да се посочат за пример и илустрација... И кажи ми ти мене, што тоа денес е подобро?

Па минативе децении имаше колку сакаш промискуитет и содомисти, скоро колку денес што ги има само помалку беа јавни. И со одредени очекувани исклучоци - што им фалело на истите дури и јавно ако искачале со нивната сексуална определба/итн? Што им фалеше на пример на Џорџ Мајкл, Eлтон Џон, Бој Џорџ, итн, итн, и куп други?
Ништо. Освен ако биле политичари или луѓе на важни јавни/државни функции.

Што им се случува денес на сите на запад што јавно не се согласуваат со догмата на лгбт култот?
Канцелирање, и уништување на професионален и на приватен живот. Не само на луѓето што се на важни јавни/државни функции - ТУКУ БУКВАЛНО НА СИТЕ ЛУЃЕ.
И повторно - кажи ми ти мене, објасни ми што тоа денес е подобро?

Пошто јас ќе ти кажам, не само што не е подобро туку е МНОГУ ПОЛОШО.
Се разбира освен ако не си содомист/педофил/фрик и тогаш (за таквите) денес е многу подборо. Но за сите други, за мнозинство - работите се полоши.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.102
Поени од реакции
12.086
Ти од каде знаеш каков ќе е идниот систем?
Или треба слепо да ти веруваме :sneaky:
Ни под разно слепо верување... да започне со верување, но да остане само на тоа - никако.

Ако нема слобода - не е од нас системот.
разбери го тоа...
Ти кажав.
Секој што зборува за нас лаже ако не зборува за нас дека сакаме систем на слобода, љубов, светлина и живот за секој по сопствено разбирање и практикување на законот на Телема.

Менувањето на еон не значи прекинување на стариот во момент... стариот еон сега создава хибридни философии и измешани дрдорења за слобода и љубов, но тие тоа не го разбираат.
Не разбираат дека секој човек е ѕвезда, свој систем, дел од огромна слика...

Не можат да прифатат дека нештата се сменети, дека се бара искуство, храброст, разбирање на другиот а не сакатење и омраза заради догма.

Новиот систем бара вклучителност на сите, а не како во минатото.

Човештвото е едно, а не богот и разбирањето на божественото! :love:
Автоматски споено мислење:

Денес (на западот) мораш да се криеш, ако размислуваш поинаку од ЉГБТ култистите. И
Точно, се е како во стариот еон бидејќи такви корени имаат тие што носат закони и управуваат со нас.
Сеуште се задоени со догми и мешаат новите философии со нивните скиснати вина, ги сакатат и создаваат хибрид кој што не е во полза на никој.

Додека нема слобода за секој, љубов и разбирање, ние Телемитите ќе мора да го пробиваме секој сентиметар, да допреме до што повеќе луѓе бидејќи поединецот е битен.
Еден човек во даден момент да сфати дека неговата слобода да верува во што сака, како сака, да љуби како сака и кој сака, важи за секој друг поединец.

Другото е силување и лага. Проклета поделба.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom