Слобода на избор и пристап до информации, а со тоа и капацитетот за критичко размислување кај луѓето ќе се зголемува.
Заборави на комунистичкиот систем?
И сега истото се случува со тоа што целиот свет е вклучен и целокупниот начин на живот е свртен кон материјалното, а духовното намерно и присилно се исфрла.
За 3-4 генерации, луѓето ќе се како боргите.
Од крајот: комунистичкиот систем беше исто како шеријатски закон или христијанските демагогии и градење на општество каде што вероисповедта беше дел од националната свест! Општествените уредувања не може да се градат врз свети книги кои нудат догма! Како ќе се развива тоа општество кога ќе се родат гении кои ќе ги надминат другите кои се навикнати ко робови во општество што не може и не сака да се менува?
Немаше таму слобода. Мораше да се криеш ако си нешто друго по верување и убедување!
Вие го барате тоа кога зборувате како новото време е само зло, демократијата и слободата се зло и ако не си дел од некоја позната религија, ти немаш етика и морал и си апсолутно зло за човештвото.
Тоа е лага и глупост.
Духовното никогаш не било за сите во даден момент.... да објаснам што мислам со ова.
Секој има право според сопствените можности и наследни особини да се надградува или продлабочува духовно и материјално.
Тоа што мноштвото е материјалистички насочено (а мноштвото е составено од поединци) може да е :
а. како што реков наследни особини и моментално одработување на наследената карма и прочистување за да индивидуата надмине
б. залажен од секојдневието и потпаѓање под влијание на сили кои поединецот не ги препознал дека се опасни и исто така да ги отфрли и надмине
За тоа не можеме ништо врз целото човештво.
Од друга страна имаш индивидуи кои многу добро се свесни за многу други работи и кои во тишина и далеку од вревата си го бркаат својот пат и намамуваат и други, спремни талкачи низ непознатото да се приклучат во истражувањето на пустината низ која нема вистински патеки, наречена духовно искуство.
За разлика од минатото (за кое многумина тука врева креваат дека било подобро) не се имаше начин да се минува оваа пустина ниту некој да ти даде патоказ во однос на твоето моментално искуство за да може правилно да надминеш и да се надградиш.
И за крај: СЛОБОДА ти треба за да може било што да правиш! Во минатото се немаше духовна слобода! ВО исламот ќе си бил убиен ( и денес би бил убиен според шеријатски закон), во христијанството исфрлен од општеството и едвај ќе си преживувал бидејќи: попот најдобро знаел! И тоа е големата вистина: попот беше најписмениот!
Што направија оние кои имаа мудрост и исксуство и сфатија дека од човештвото доаѓаат гении и луѓе кои ќе го иницираат целото општество во нови мистерии?
Го описменија и секој доби можност. Доби слобода да прави што му е волја и да открие што му е волја.
Нема назад повеќе. Кога човекот ќе ја намириса слободата: би умрел за нејзе. БИ распнал богови за нејзе! Би го собрал универзумот во точка и би го разнел за да се роди нов универзум - само за да се има тој почетен услов: СЛОБОДА!
Сети друго се демагогии и омраза и потајно силување на поединецот да се плаши да биде слободен!
"IT IS OF LIBERTY that I would first write unto you, for except ye be free to act, ye cannot act.
...
The great bond of all bonds is ignorance. How shall a man be free to act if he know not his own purpose?"
-
Liber CL, De Lege Libellum