Единствена причина зошто би му дал време на Онана е што задната 4-ката пред него, нон стоп се менува. Играа до сега позади
- Варан, се повреди неколку меча
- Мартинез, катастофален неколку меча, се виде и зошто
- Мегваер
- Еванс
- Линделоф
- Шо, повреден на подолг рок
- Ван Бисака, повреден на подолг рок
- Маласија, не ни доби шанса
- Амрабат, не е природен играч во одбрана, уште помалку лев бек
- Регилон не го набројувам тука, затоа што дојде завчера
Од стандардната 4-ка, Бисака, Варан, Мартинез, Шо, само 1 игра моментално, а и тој е на стаклени нозе. Тој голот што го прими со Ленс, мислам дека и те како му влијаеше. Стоеше порано далеку повисоко на терен, а по тој гол, си стои во свои 5 метри. Очекував да го видам да се обиде да го пресече пасот што Рашфорд лошо му го врати со Форест. Од тој гол, не ни видов ниту една sweeper акција од негова страна.
Ако му се врати стандардната 4-ка пред него, и пак продолжи со вакви лоши перформанси, мислам дека Тен Хаг нема да има милост.