- Член од
- 27 ноември 2007
- Мислења
- 31.092
- Поени од реакции
- 74.881
Одлични се сите овие ретро слики. Треба да се отвори на форумов посебна тема каде што ќе се зачувуваат. Да нема коментари, само да се постираат сликите. Ако некој сака да коментира, да ги цитира во темава.Другар, самиот знајш дека Чкембари имаат целосно лигитимно право да си ја присвојат датата на која се појавиле со знаме каде го содржи зборот Чкембари. Биле 20-тина буса навивачи на првата утакмица, ние не велиме дека 20 буса биле Чкембари. Но јадрото, кое тогаш ја основало групата биле со посебен транс. Па за наредна друг транспарент итн... Се сомневаш на континуитетот, од 85-та до 90-та. Па од 85-та до 90-та како и шо напоменав претходно, во тие 5 години Пелистер на 2 пати се борел за шампионска титула, играл куп финале, имал европски натпревари и тоа за прв пат во македонскиот ракомет. Има видеа, има пишани статии од кои дел и објавив каде се зборува за поддршката од трибините. На видеото од натпреварот со Хајдук(на кој Чкембари бојкотираа патем) на почетокот кога се местeа транспаренти, се гледа добро колку знамиња се носат, значи не се од тој натпревар, делот од трибината веќе им е одбележан, се знае кој кај седи. Сакам да кажам и со фудбалот имало континуитет. Нејсе, чесно е за датата што ја призна вашата грешка, но нашата дата постои, со доказ. А дали вие ја "признавате" е најмалку важно. Нас не ни игра улога и да сте 88-ма или 89-та, а да се прикажувате ко 87-ма. Тоа е ваша вистина или лага која вие си ја славите, нас ни е битно, нашата приказна да е издржана.
Како чоек, кој сум "опседнат" со архивирање, и поборник за вистината во групата (многу митови, многу пати кажана лага станува вистина) тврдам дека секаде има искривена вистина. Затоа, не верувајќи 100% во ниедна слушната приказна, кажана од секој на свој начин, саати сум поминал во истражувања. Затоа сум се стекнал и со многу ваши матријали во текот на годините.
Ајде да не е само на празно, па малку и инфо за сите. Првиот натпревар на Пелистер и Вардар е одигран 16.09.1990, за прв пат после 34 години. Се отепав од барање матријали за како било пред 34 години т.е. 1956, но не успеав да најдам. Во продолжение и видео и извештај како било првото дерби.
![]()
KOMITI SKOPJE VO BITOLA (1990 retro)
Prvo gostuvanje na KOMITI vo Bitola,Vardar-Pelister posle 30 godini 2 yu liga(za mnogu Komiti ova gostuvanje ne bese mnogu interesno,posto bea naviknati na u...www.youtube.com
Прегледај го приврзокот 392406
Сега сум на работа, немам пристап до лаптопот и не можам да извадам наши слики и докази од тоа време.
Муабетот ми е дека и на другите трибини многу порано се навивало со транспаренти, само што можеби не се користеле сегашните имиња. Замисли Делије одбрале година на формирање 1989, а ние пред нив

Факт е дека начинот како што се навивало кај вас во 1985, во Скопје се практикувал и многу претходно, од проста причина што ФК Вардар имал големи успеси и привлекувал огромна публика. На западот се стоело и се навивало и имало најразни транспаренти.
Во ниту еден момент не порекнувам дека сте имале организирано навивачко гостување во 1985, само како што кажав се сомневам дека имало континуитет во таквата организација, како што на пример има денес.

Од ретрото, една од Арамии Делчево
