Тоа е.. за жал.
Животариме, се мачиме и тоа е факт, не е ни прв пат за жал, али прв пат имаме надеж поради тоа што во клубот имаме наши луѓе и веруваме.
Од Куманово за мое лично изненадување има неколку луѓе што купија сезонски карти до сега, а тоа е знак дека луѓето го сакаат Вардар, иако на стадион и не изгледа така, али тоа е поради фактот што нацијата е премногу пасивна веќе долг период, се сè чека од другиот да започне и направи нешто, и само се чека на грешка за да се коментира као е види ти кажав местат, ќе крадат, не ги бива и слично.
Затоа и кога некој е искрен е тешко да се препознае уште потешко да се верува.
На пресот како што видов работите не стојат на добро, Ѓоко не е решение кое ни треба на таа позиција, тоа се луѓе што се застанати во време и не сум сигурен дека ние сме тие што користиме нешто од него, е сега тука се доаѓа до прашање дали има друга солуција, ако нема, јебига дај што даш се вика.
Една работа ми остана од пресот што Ѓоко не знам дали свесно го кажа тоа, дека ова екипа можела повеќе и дека екипата не е баш така лоша како што изгледа, со што наметнува притисок врз Тетовче, што во овој момент не ни треба, освен заедништво и поддршка.
За општините и градот Скопје и сите останати знаевме дека ќе биде вака, али тоа што го прават Комити е одличен план и се надевам ќе има реализација за брзо, се прави јавен притисок, а тоа им смета на партиите, и ќе треба да направат некаков чекор, веќе скоро ги искористија џокерите со политиканство као еве ќе помогнеме, а уствари само слатки зборови без реализација, али како што кажав мислам дека ќе мора нешто и да се изреализира џокерите им се при крај.
Не знам сезонските до каде се али мислам дека бројката е околу 8000 сезонски што за наши услови е нешто незамисливо, уште тоа да се види и на стадион, али се надевам дека и тоа со време ќе биде уште подобро.
Сума сумарум, тешко е, али сега треба да бидеме најсплотени и да дадеме најголема поддршка на клубот, ова авантура како и да се заврши на крајот нема што да изгубиме, планот го знаеме и се што треба е сите максимално да се вложиме!
За клубот на народот!