Дали си чул ти за Рубенс Муратовски (актер), Димитрие Османли (филмски режисер), Оливера Ќорвезировска, Богомил Ѓузел (и двајцата писатели).
Не ми се верува дека ќе се мачам да го објаснувам ова, а не сакаш ни на свинско да седнеш со мене. Ама ако, пак каурот фин.
Значи сконцентрирај се и читај ме добро. Уклучи она од мозок што го имаш, заборави дека си шиптaр, читај нептристрасно како да си да речеме од Бразил некој.
Одиме со ономатологијата.
Имињата најчесто влечат корења од две места: религиско или етничко.
На пример Петар е религиско име и го среќаваш кај повеќе народи кој прифатиле христијанство секако со варијации на нивниот јазик: Петар, Питер, Пјотр, Пјетро, Пјер, Педро, Петрос...
Од друга страна Мухамед ќе го сретнеш кај тие што прифатиле ислам така што ќе го сретнеш и во Босна и во Албанија и во Индонезија и во Пакистан, Турција како Мехмет тоа е нивната варијација, ретко ќе сретнеш Турчин што се вика баш Мухамед.
До тука ок.
Вториот корен е етничките имиња. Франсоа на пример го среќаваш во Франција затоа што таму има значење, Хрвоје во Хрватска, Македонка во Македонија, тие се специфични за државите во кои што се. Други имиња се специфични за народот или предците од кои потекнуваат. Во денешно време иако Словените имаат посебни држави и јазиците им еволуирале секој на своја страна сепак некои имиња се пренесуваат. Па така на пример имаш Станислав од којшто е варијација Станиша брат му на Скендербег. Станислав има и во Полска како на пример Станислав Лем писателот, ќе го најдеш и во Македонија, Русија, Бугарија. Исто и Мирослав, Владимир, Драгољуб, Славомир итн...
За разлика од религиските имиња етничките имаат значење само кај тој народ или таа јазична група на народи со исти предци. Што има сега на пример некој Хрват да си ја крстува ќерката Македонка Францетиќ или македонец да си го крсти синот Хрвоје Ивановски. Затоа немаш холанѓани што се викаат Живојин ван ден Берген, Шпнаци Радиша Родригез, Кинези Ханс Це Тунг, јапонци Миодраг Накамура или Срби Фуџимото Љубисављевиќ.
Има некои тешки исклучоци, еден во милион како на пример Френк Запа кој го крстува син му Ахмет од почит кон Ахмет Ертегун, Турчин кој бил основач на музичката продукциска куќа Атлантик Рекордс, иако Запа не бил муслиман.
Така да нема причина Скендербег да си ги крстува децата Јелена, Станиша, Репош, Мамица, Влајка како што нема смисла ти децата да си ги крстиш Славица, Стојан и Трпе, а јас Шпреса, Бурим или Лиридона.
Сфаќаш сега, правиш дистинкција меѓу религиски имиња присутни кај повеќе народи од една страна и етнички кои се присутни само кај одредени народи и група на јазици со заедничко потекло или не?
Не бе не си ти крив, јас сум за ќотек што се нафаќам на ова.