Ај Партизан можеби, ама Ѕвезда со цел променет тим, не верувам. Во глобала, на темава пишуваат само фанови на балканските екипи и затоа се очекува таа приказна дека ќе играат плеј оф.
Инаку, колку НБА играчи досега потпишаа сезонава за европски тимови, 20+ засега. Општо, многу ротации во тимовите и се ќе зависи како ќе се вклопат сите овие играчи. Предност им давам на искусните тренери, дека побрзо ќе успеат да ги воиграат играчите.
Панатинаикос како нивни фан ми се први фаворити, само шо не можам Атаман да го сфатам како сериозен изборник. ОАКА ја добија, плус спонзори покрај газдата, добро пазареа, украдоја од директни конкуренти ако можам да речам. Олимпијакос исто добро пазареа, ама не сум сигурен дали за Везенков ќе ја погодат замената, ама пак остануваат фаворити. Да се оди на ова грчко дерби, би го надминале и Ѕвезда вс Партизан во секој поглед.
Шпанските екипи никогаш не смеат да бидат потценети и за мене се општи владетели на европската кошарка. Барса исчистија лешпари и пијавици, Реал секогаш пријавуваат некои "анонимуси" млади кои стануваат ѕвезди, бидејќи го имаат најдобриот скаутинг на цел свет според мене, годиниве се на балкански погон.
Жалгирис, Макаби, што ти знам, домашни екипи, нема нешто позначајно.
Турците, Фенер исто чистеа, Итуидис ќе се посвети на клубот целосно, исто уште едни мои фаворити. Ефес, нова приказна, исто добро пазареа и најголема надеж во изборот на тренер, на кој ако му допуштат, можи доста добро да се прикажат, тоталем баскет.
Ги заборајв Валенсија, како ништо да не се очекува од нив и Мумбру прв фаворит за аут од тренерите.
Кај светскиот шампион, уште не ми се верува како Алба добиваат повик за игра, една од негативностите на Евролигата, затворено друштво, кур да пушат сите. Лани имав голема надеж за Алба, оваа сезона пропаст жива според мене. Баерн Минхен, Оливер Кан на голот.. Ова де, Ибака го вратија во Европа, ќе лепат банани.
Франција, исто не знам по кој повод играат нивни екипи во Европа, покрај парите на Монако. Лион не ни сакам да ги коментирам.
Италија, и та ли ја... Треба повеќе екипи да имаат во Евролига.. Виртус уствари не ни знам кој играчи ги зеле, Полонара знам.. Милано, му ебаа матер на Армани, треба фармерките да ги поскапат. Како голем нељубител на Миротиќ, кур да пушат манекените, ама се фаворит од позадина според мене, финални четири најмалку.
Тие шо ги заборајв, изгледа не ни вредат да ги паметам. Туку кажете дали вреди да се купи euroleague Pass за нас шо не фаќаме СК, или ќе дајте добри стримови? Фантази ќе играте? Типови за в кладилница ќе се споделат? Ќе бидите активни?