После десетгодишно искуство со разноразни суплементи, витамини, минерали и останати додатоци, дојдов до (очигледен) заклучок дека при што побогата и поразновидна исхрана, потребата за нив е скоро непостоечка. Ќе дадам личен пример од апликацијата
Cronometer (ја има на нет ако сте на пц/лаптоп а и посебно за телефониве), што ја користам за пратење на дневниот внес на минерали, витамини, јаглехидрати, протеини, масти и калории. Има доста голем избор на јадења, и горе долу бројките што ги има за присуството на микро и макронутриентите во нив се прилично точни. Е сега, за некои поспецифични јадења можеби ќе фалат некои податоци, или пак воопшто нема ни да ги има за да ги изберете, и во тој случај ќе треба да се позамарате малку со истражување на јадењето што сакате да го внесете, но мене лично не ми претставува некој голем проблем тоа. И нормално, тие јадења што ќе ги внесете сами си остануваат зачувани на вашиот профил.
Прегледај го приврзокот 360076
На првава слика може да се види што точно имам внесено во поглед на исхрана, и освен витамин Ц, никаков друг суплемент или додаток не сум внел тој ден.
Прегледај го приврзокот 360077
А на вторава слика како што може да се примети, со таа исхрана ги исполнувам скоро сите потреби во поглед на минералите и витамините, па дури и неколкукратно ги надминувам, со исклучок на витамините А и К, кои што ги има на пример кај морковот (A) и кај брокулата и марулата (А и К). Во поглед на калциумот, кој што го има во немала количина и во водата што ја пиеме директно од водовод, не би се замарал многу за негов недостиг. Со оглед дека не обрнував многу внимание за да ја дотерам исхранава, односно јадев тоа што имав по дома, има простор за промени кои што можат да донесат уште порамнотежен внес на витамини и минерали да повеќето луѓе воопшто не би имале потреба од суплементи. Сепак, со брзиов начин на живот, не секогаш може да внимаваме на тоа што го јадеме, така што, освен витамините Д и Ц, и Б12 кај вегани и вегетаријанци, не би препорачал внес на другите витамини и минерали. Секако, советов не важи за луѓе кои што имаат проблеми со нивна апсорпција.
Најважно е да си ја средите и избалансирате исхраната, наместо да ги фрлате и онака тешко заработените пари на некакви суплементи кои што ви ветуваат добро здравје. Само моите две дени.