Faktite se tie mu se dopagjalo nekomu toa ili ne, SDSM e praven naslednik na KPM , koja prvo se rebrendira vo SKM PDP pa potoa vo SDSM.
Isto fakt e deka togas VMRO ja zastapuvase idejata za nezavisnost, dodeka SDSM bas i ne bese za toa. Bugarofil vakov takov, togas za togas rabotite bea postaveni taka.
НЕ, фактите не се такви, особено не се такви затоа што ти и не изнесуваш некакви факти туку твои лични видувања и перцепција.
Разбирам дека секој по долги години на миење на мозок (дека фашизмот и комунизмот е едно те исто) едноставно ќе се помири со таквиот наратив и самиот ќе почне да верува дека сто пати изговорената лага ете најпосле станала вистина.
Но дали лагата може да стане вистина?
Како прво не правиш разлика што е правен а што ПОЛИТИЧКИ наследник, ако воопшто во политиката може да се говори за правни наследници.
Правен може да стане секој што го поседува правниот систем и тогаш според силата на законот станува правен наследник, но попусто ќе пишувам ти си одучил да веруваш и јас немам намера да го спорам твоето верување (кај верувањето не помага никаква аргументација едноставно тое е одлука некој да верува во нешто и нему не му требаа никаков доказ за да верува -тој сака да верува) иако нема никаква допирна точка со реалноста или со теоријата за политички системи и уште помалку со теоријата на управување.
Ова твоево дека тогашниот политички субјект сегашен ДПсНЕ застапуваше такви ставови, од денешен аспект се гледа дека тоа е правено со цел да се анимира јавноста и преку наратив за артикулација на интересите на Македонците да се спроведе агенда која и не е во полза на Македонците.
Односно ова твоево “togas VMRO ja zastapuvase idejata za nezavisnost“ е истоветно како да ме убедуваш дека германија и... сакале да ја растурат ЕхЈУ за да им ја исполнат желбата на оние кои сакале своја самостијна држава (се гледа денес, сите се самостојни колонии а од суверенитетот им недостаува само буквата с), со други зборови кога некому продаваш нешто мораш да му говориш онаа што тој го сака, за да купи.
И секако за крај, не се сметаат добрите желби туку резултатот, а денес тој резултат е поразителен за Македонците и македонската држава, за сега државата е донесена пред амбис а постоењето на Македонците е на пат да се конечно реши така што нема да постојат, и се разбира сето оваа благодарение на ихграта “добар лош полицаец“ која од самиот почеток им е доделена на СдСесовците и ДПсНЕовците.
И уште нешто, никогаш не го профилирав СдСС затоа што ги сметам за гробари на Македонија, но во нивната задача цело време ја извршуваат заедно со ДПсНЕ, како што реков важни се резултатите а не кој што сакал и како играл.