Мак тифо форум во 21 век...
Како да тргнеш фокус од одличното корео на Комити? Како да се оправдаш пред одличното издание на Комити, знаејќи дека твојата група е НУЛА? Па пиши "Оти не бевте вчера со Тинекс?" и моли се да се тргне фокусот од денешното издание. Провидни сте веќе.
ФК Вардар е на дното, а Комити сепак далеку пред сите други. Бројка речиси секој викенд поголема од сите останати групи заедно. Ова не е навреда, туку реалност, за жал, и ова ЕДИНСТВЕНО е упатено кон членовите на групите Чкембари и Лозари, особено до Чкембари, бидејќи Лозари се едуцирани реално и знаат каде е границата на бламажата. Другите групи си возат свој филм и имаат голема почит, зошто знаат каде тераат и знаат што сакаат да постигнат. Не живеат од комплекс и од омраза, туку од љубов кон клубот и групата. Штета што Паткари се во бојкот, таман тргна одлично езерското дерби. Рибари стандардни, не бегаат од тоа што се, Фаланга исто. Рибари особено мора да ги потенцираме зошто ептен се трудат секој навивачки аспект да го запазат и не се лажни ракометни навивачи, туку го следат клубот цело време. Континуитет дечки
Да продолжиме, корео и пиро на 3/4 натпревари дома, со тоа што едниот натпревар против Силекс се играше во среда, а сепак бројката беше помеѓу 150 и 200 членови. Гостувања 3/3, две забранети во Охрид и Струмица, а во Кавадарци по 3 порази, присутни речиси 300 луѓе. Не беше занемарен ниту аспектот на правење акции надвор од трибина, секако не со напад на фанови или одземање знаме на рандом турнир, на кој противничката група не ни најавила присуство, туку влагање во друг град, бркање на домашните и земање корео. Чесно и поштено што би рекле домаќините.
Да не заборавиме дека при сево ова, ВОДИМЕ КЛУБ, чисто информативно, па вие видете колку тоа дополнително труд и жртва одзема.
А каде сте вие? Каде се вашите групи?
Едните се живи, благодарение само на екипата 40+(прашање е до кога ќе можат да ја држат групата), а другите постојат само ради 1-2 дизајнери, кои навистина се добри и кои даваат некаков шмек на трибината на која редовно има 20-50 дечки, секако со исклучок на натпреварот против Вардар кога со чартер летови ги враќаат "иселениците"..приказни за мали деца
Едните плачеа по ЛШ, за на првиот натпревар да бидат едвај 200 луѓе, бидејќи нели се топ ракометен град, а другите плачеа по ПМФЛ, за на крајот покрај одличните резултати на клубот, да бидат пак 30 луѓе...дајте бидете реални некад!
Бизарно е што најголемо гостување на Чкембари е на натпреварот ГФК Тиквеш - ФК Вардар, а на Лозари им е натпреварот РК Вардар - РК Пелистер...за што понатаму да збориме? Башка што Лозари воопшто не ни одат на гостување по конфликтот со Комити. Друже, група не оди на гостување...
Наместо да прашуваш "Оти Комити не биле на Вардар - Тинекс" прашај си ги браќата, оти во соопштението пишале "На гостувања ќе ојме само каде што има противничка група"..
Па нели е ова врвот на срамот и како после вакво соопштение, вие зборувате за тоа дека ние постоиме за вас?
За копирање ли збориме? Се друго средивте кај вас, остана само уште ова а? Од кај да почнеме? Од репертоарот на песни, мислиш на Нови Београд сме..или сакате од Chosen Few да почнеме? Или од КОМПЛЕТ украдената кореографија на Фирма, со се гаќи? Дајте прекинете со ова, срамота е. Фонтот бил онаков, ваков бил...а бе оди напраи нешто за групата, НЕШТО, па после дојди тука и паламуди.
За крај, во среда славите јубилеј. Честитки искрено, дај боже да расте приказната. Само се надевам дека главната најава нема да ви биде ова со децава пред графитот. Па зар 38 години подоцна, тоа е посакуваното ниво?
Се надевам искрено дека имате нешто подобро спремено, пак славите 38 години...
Еве инспирирајте се.