Абе Топлинка бееее, светлосни години биле пред нас за гостувања...
Дали некогаш сте биле повеќе од 200 луѓе на гостување, а да не било против Вардар или некое финале (патем и сите тие се против Вардар)?
Дали некогаш на ракометно гостување (во последниве 15тин години, за претходно не знам) сте биле бар 200 луѓе (па и над 100), а да не било со Вардар? И на кошарка во Скопје со МЗТ немате дојдено над 50, а на ракомет може само против Вардар некогаш да сте дошле околу 100тина луѓе. Во Кале исто се појавувавте во мизерна бројка.
Батали финалиња на купови кога се пали публика, зборуваме за нормални натпревари.
Па освен на таа утакмица со Вардар, со никакво гостување во ракомет не можете да се пофалите. За волја на вистината и клубот ви беше слаб, ама сепак, нели тоа ви е примарен спорт.
Се кладам дека нашено гостување против РК Куманово кога отидовме 4 автобуси во 2011 (ваљда тогаш бешр) е побројно од било кое ваше на ракомет (а да не е финале на куп или протов Вардар).
Кога правиш споредба за минатата година.
Како прво, вие гостувавте во неработен ден со отстапена ЦЕЛА ТРИБИНА, со дадени карти колку што ќе дојдете. Со тоа и имавте гага превоз до Скопје, затоа што лесно е да најдеш некој да те вози кога имаш обезбедено карти.
Вие нас не дупчевте до последен ден. Ќе има карти, нема да има, па 100, па 50, па 150, е така братко никој не сака да те вози на гостување. Види со какви комбиња одиме на гостувања последната година, само шпонцине што возат за Свиларе и Кондово се нафаќаат да не возат. Единствено за првото гостување за Битола ни беа дозволени два автобуси, не затоа што толки сме барале, туку затоа што толку карти добивме.
Како второ, нашите гостувања во Битола беа во најбош термини.
На првото гостување бевме во работен ден (среда ваљда) на утакмица на која моравме да тргнеме во 2-3 попладне. Кој сакаш да ти дојде во таков термин? Моравме слободни денови да земаме, а до ден пред утакмица не се знаеше дали ќе не примите затоа што мвр правеше притисок за да нема гостување. Немаше доволно место по автобусите, дел моравме со коли да одиме.
Втората утакмица беше на ден први мај, на продолжени викенди, ако не се лажам и Бајрам беше тие денови па 4 дена беа неработни. Па 500 луѓе не можеш во Скопје да најдеш тогаш, а не па некој да ти оди на гостување. И тогаш беа исти проблеми со превозот. Само ден претходно групата гостуваше во Струга со Воска, што е дополнителен трошок.
За финалето во Кавадарци, едвај се најдоа 7-8 комбиња, се изнапикаа дупло повеќе луѓе од капацитетот, плус со коли имаше барем 40тина луѓе. Тие што беа помлади на собирот, останаа во Скопје од што немаше место. На врата не не пуштаа без карта, со инциденти се влезе, што значи и тие што дојдовме можеше да не влеземе. Вас ви најдоа Лозари карти, цел горен дел во беа кавадарчани, дремеа во црните маици.
Дали некогаш сте отишле бар 200 луѓе на фудбал во Кратово, Струмица, Кичево, Прилеп, Охрид, Радовиш, Терово, Велес, а да не било финале или против Вардар?
Прегледај го приврзокот 344674Прегледај го приврзокот 344675Прегледај го приврзокот 344676Прегледај го приврзокот 344677Прегледај го приврзокот 344678Прегледај го приврзокот 344679Прегледај го приврзокот 344680Прегледај го приврзокот 344681Прегледај го приврзокот 344682Прегледај го приврзокот 344684Прегледај го приврзокот 344685