Кај виде дека се жалам , ко на Сајбер му пишав за темата пред 5-6 дена шо ја наметна.
Вие нешто објаснувате дека тројца тренери сами провоцирале , и дека од обична публика биле нападнати , изгледа и обичната е навлечена спидОТ .
Како и да, ок нека е ,ти си во право !
п.с. Деца биле од вашите , не обична публика .
Сосема непотребно, тоа е тоа што го зборувам.
Ти напаѓај се меѓу навивачките групи, па дури и како нашиов напад врз Лозари каде што таргет беше одземање корео од ривалска навивачка група, но нема што да напаѓаш луѓе кои не се инволвирани во навивањето.
Во наша одбрана, ниту ние сме први или единствени што нападнале противничка обична публика/членови на противнички клуб, ниту сме последни. На ваквите работи треба да се стави крај, затоа што се знае кој е навивач, а кој не. Никој не би ти седнал со маици од противнички клуб сред цела сала противнички навивачи.
Не беа нападнати од Комити, затоа што цело прво полувреме седеа до нас и ништо не им фалеше. Кога се префрлија на скроз спротивната страна, позади вашите голмани, им скокнаа некои што седеа таму. Веројатно беа помлади.
Како и да е, ова очигледно е мода во цел свет, ама како што кажав ситуацијата кај нас не е таква да си вадиме очи. Се согласувам со сите што ме цитираа претходно, навивачко ривалство треба да има, затоа што и така ќе ја доутепаме скоро умрената навивачка сцена, но вакви напади мора да се искоренат.
Значи во ситуацијава во која сме како македонски народ, не треба да ги има овие работи:
1. Каменување на автобуси.
2. Напаѓање на поединци кои немаат врска со навивачките групи и одземање на дресови или пазарски реквизити.
3. Напаѓање на обична противничка публика (ова мислам најтешко би се искоренило).
За останатото од претходната тема на муабет која ја разврзав, ќе напишам во наредна прилика.
Сега ќе се осврнам на вчерашните дуели.
Извадивме добра бројка во Кавадарци. Не сјајна, али одлична за македонски услови. Се забележува дека држиме добра бројност и на обични гостувања, а не само на дерби, не ни варира пута 100 како порано.
Меѓу 250 и 300 луѓе на трибина. Трибинчето катастрофа, услови за навивање 0.
Три реда и остатокот на трибината на исто висинско ниво. Браво мајстори...
Стоите 10 реда на исто висинско ниво, не гледаш ништо ни од утакмицата, ни бутур.
Скокаме во зига зага, нема ред, се угушивме од што сите сте на исто ниво застанати. На рамниште на таа што ја однавивавме со Воска од надвор пролетва.
Како и да е, голем плус што не примија на гостување.
На Тиквеш секако му посакувам многу успеси, затоа што си имаат публика моментално и штета е да пропадне клубот. Додека се потсмеваат на нас дека сме молеле за помош, нека се сетат дека живеат на стаклени нозе и ако го снема Митко да отиде на повисока функција, ќе играат со Возарци и Глишиќ во општинска лига.
Клуб што 100% се води од општинска помош, се потсмева на други навивачи што си го барале чарето за спас на клубот.
Друго, по социјалните мрежи се смеат на Миравци. Тоа кажува дека 90% од тие што одат на стадион не следеле фудбал пред 3 години, не знаат дека клубот нивен се фузираше и пола година го носеше името Љубанци.
Навивањето според мене просечно накај слабо од двете навивачки групи. Искрено јас скоро ништо не ги чув Лозари, а по тоа што зборував со кавадарчани, ниту они нас. Они не слушнале во првите 10 минути кога се испукавме јако, јас нив ги чув кога пееа Скопје на кур Скопје.
Публиката се активираше еднаш со скандирање Тиквеш, Тиквеш и периодот кога падна голот, другото грицкање семки.
Како и да е, убаво е да се гледаат полни трибини. За публика се игра фудбалот.
За паролите се искоментира претходно, не би се повторувал. Натпреварот беше топ организиран, значи можело да се организира едно гостување.
Една критика за членовите од мојата навивачка група, особено помладите. Верувам дека истиве критики важат и за секоја друга група.
Срамота е со 35 години, да однавивам 2 утакмици со пеење 90 минути без прекин, а тие што треба највеќе да пејат, што се во најдобри навивачки години, да дремат позади на трибината, да дуваат полегнати и да си снимаат сториња цел пат.
Едно е да имаш некое име во групата, па да си дозволиш да одмориш малку од навивање затоа што учествуваш во акции или правиш кореографии или имаш стаж од над 10 години, ова главно се истиот тип на навивачи што сум го гледал низ годините на западот. Ќе се појават 2-3 години на трибина при крај на средно школо, ќе галамат по автобуси, ќе прават непотребни мешаници од кои после полиција ќе враќа на нас редовните цела сезона и на трибина никаков ефект од нивното доаѓање. И стварно пропуштиле едно друго време каде што кога не се навиваше јадеш шамарници, некогаш ни крив ни должен. Во едно такво време ќе летаа шамари од стадион до Росоман. И тоа не чинеше, ни ова не чини.
Веќе се нема тој проблем со доаѓање на некои што 100 години не се појавиле на трибина (затоа кореиграфиите ни одат доста добро, за разлика од порано кога некој ќе поебеше) па да глумат манги, ја во мое време, вака онака, ама па и ова со ненавивањето по мене е голем недостаток.
Згора на тоа скоро 80% од тие што беа во Кавадарци не продолжија на ракомет.
И пропуштија топ навивање. Ракометот е пожива игра, многу поубаво се навива. И публиката на ракомет е одлична, створи хемија со ракометниот клуб. Грмеше цела сала крајните 10 минуи, таква атмосфера на фудбал ко ќе си го видам тилот. Али пак се има тоа глупо мислење дека спорт во сала е за пички, бла, бла, бла.
Нема ништо подобро ко ќе скока цела сала и пее, ежење до даска. На трибина се оди да навиваш за клубот, да пееш додека те држи глас, три дена да си зарипнат после тоа.
И покрај тоа што после фудбалот повеќето не продолжија на ракомет, трибината по мене беше изненадно одлично исполнета, воглавно од помлади генерации.
И секако НАЈГОЛЕМ МИНУС е соречкувањето со обична публика во Кавадарци. Дава Тиквеш гол, скока обична публика до нас. Немаше провокации од нив ниту еднаш, напротив мали деца што беа таму, си скокаа во ритамот на нашите песни.
Истиве што ка преспаа утакмицата, земаа се пентарат по оградата, фрлаат со упаљачи кон публиката.
ЗОШТО? ИМА ЛИ ЛОГИЧНО ОБЈАСНУВАЊЕ?
Треба ли да очекуваме публиката да не се израдува на гол на своите?
Треба ли некој да фрла по наши родители и помали браќа/сестри кога би се израдувале на гол на Вардар во Скопје?
Не ни беше сеедно кога фрлаа бакљи Чкембари кон нашата публика, така?
И што ќе оостигнеме?
Забрана за гостување, уште поголема омраза итн.
Спомнав и некогаш. Вардар е омразен најмногу во Битола и Прилеп (иако кај вториве имаме обични симпатизери). Ама во Кавадарци нема потреба од такви провокации, затоа што настрана нивното братство со Битола на навивалки план, пред оваа утакмкца да прашавме обични луѓе во Кавадарци, ќе најдевме еден куп што доаѓале бар на РК Вардар и имале симпатии кон Комити и Вардар. Знаеме и некои постари кои се дел од Комити.
Од каде па на наша трибина песната Кавадарци село? Тотален промашај. Нешто што го пееја Винари и некогаш ЦПБ против Фени.
Комити со новата гарнитура многу подобро почнаа да работат, не паѓавме на провокации, не навредувавме во ниту еден град, освен нормално во најривалскиот (Битола) и ова по мене беше прв пат да има ваков испад. И знам дека повеќето го делат моето мислење по ова прашање, ама ете преовлада омразата. Имаа влијание и нападите. А Лозари врз обични фанови на баражот, не е вината еднострана.
Едно е да имаш навивачки акции како влезот во сала кој е 10ка на навивачки план, друго е да фрлаш по обични луѓе, да ги напаѓаш и да ги пцуеш само затоа што се од Кавадарци/Скопје.
Лозари можам да ги пофалам за убавиот изглед на трибината. Навивањето слабо. Се гледа дека не се навикнати на 10 кратно зголемена бројка од редовната. Не се снајдоа на трибина и имаа 2-3 тепачки меѓусебе. Чудно за помал град каде што секој со секого се знае.
По мене Лозари го надминаа прајмот на трибината пред 2 години, можат да одат само надолу после оваа веќе една година стагнација. Кога овој натпревар што го чекаа со години не ги подигна, тешко дека нешто друго би ги подигнало. Веројатно ќе имаат уште една добра баклијада (ја најавуваа од лани), па ќе се надеваат дека нешто такво ќе ги врати во живот.