Малце чудно звучи кажано од тешка машинерија, но во љубовта, како и општо во животот, треба да не води срцето. Тука мислам на интуитивното чувство, а не на срцето како мускул.
За да донесеш правилна одлука базирана само врз разумно размислување, треба да ги знаеш сите предуслови, што ретко се случува во животот. Интуицијата е моќно средство за напипување на контурите на работите што не ги знаеме.
Значи, go with the gut feeling! Но, разумот е сепак неопходен, за да прави reality check од време на време и да не дозволи страста да не заслепи.
П.С. Ако на некој му текнува добар македонски превод на погорниве англиски фрази, го молам да ги подели со мене.