Многу пари или малку пари, тоа е релевантно само во однос на која е вредноста што се добива за кешот (посебно за бунар без дно како што е САД). А моментално Американците добиваат огромна вредност за тоа што го плаќаат во Украина. Еден од елементите на руската супер-моќ беше и огромната армија со илјадници парчиња оружје спремна да се прошета до Рајна ако осети закана од европјаните. Епа илјадниците парчиња оружје умреа на украинските полиња. Американците само со кеш ја размонтируваат руската воена офанзивна моќ, до тој степен што ќе требаат години и години да се оправат и прашање е дали пак ќе ги обноват сите капацитети да може да прават големи офанзиви. Тешко дека некој американски политичар од позиција на власт ќе одолее на ова.
Во однос на американската надворшна политика, еден од основните постулати на таа политика за Европскиот театар е спречување на Русија да гради стратешки партнерства и длабока соработка со европските земји (посебно Германија). Русите тие партнерства ги градеа трпеливо чекор по чекор со години. Користејќи ја енергетската карта преку Газпром, па со вложувања и купувања на банки, па купување недвижнини и бизниси во Лондонград и Виена и други европски градови. Многу сериозно пуштија пипци сегде низ Европа ама се тоа се сруши како кула од карти во рок од две недели. Војна, санкции и fall out. Изгубени 20 години вложувања во стратешките интереси низ Европа. Колку подолго трае срањево толку повеќе и нивната трага барем да се фатат за нешто кога ќе заврши, се повеќе исчезнува.
Они во Кремљ претпоставувам дека мереле и анализирале, и пресметале дека решавање на Украинското прашање е побитно на сметка на стратешките интереси во Европа. Брз молњевит напад и прегазување на Украина, па после менаџирање на последиците. Ама друго е кога веќе нема да тече крв, оружјата ќе мируваат и Русија ќе ги има остварено воените цели. Полесна е атмосферата за преговарање тогаш и западњаците ќе мора да се соочат со реалноста и да гледаат да најдат решение.
Ама не се случи тоа, туку се случи најлошото од двата света. И Украинското прашање не е решено и добија севернокорејски санкции со што ефективно секакво економски или бизнис влијание во Европа им го елиминираа. А да не се лажеме со Бриксови-миксови, Европскиот пазар е многу многу побитен од тие земји собрани таму. И така батињата руски заглавија во длабока септичка јама.
Во однос на политичката клима во Европа, не би се согласил дека има толку отклонување. Напротив мене ми изгледа дека редовите во НАТО се збиени, скоро сите се свртени кон САД и климаат со главите (освен Макрон кој тон има, акција нема), и освен некои поединечни гласови кои повикуваат на преговори, нешто друго позитивно нема да се каже за Русија. Премногу се токсични во моментов некој сериозен политичар да ги допре.
Тоа е, многу лошо Русија ги изигра картите, поради причини за кои можеме да пишуваме на долго и на широко, ама не испадна како што планираа. Сега во моментов се со смкнати гаќи и натртени на маса, а Американецот е позади нив со дебел кожен каиш во рака. Мора да стегнат заби да го издржат бичувањето, да кренат гаќите и панталоните некако па да избегаат во друга соба, да мачкаат некое време креми и лосиони да се смири печењето, па да се вратат пак на игранката.