Фан клуб - РК Вардар

Е ова е тоа што се бара. Игра без никаков респект. Играме модерно и разновидно, пред сѐ заради генијалниот Јасухира. Дечкото има совршен преглед на теренот и е нескротлив за противничките одбрани. Со таа брзина и подвижност, искрши еден куп противнички кичми. Кога ни го затворија Мечка, влезе Петриќ и почна да решета од 9 метри.
Денеска и Томо во ЛШ формат. Перфектен со барем четири одбранети седмерци и уште десетина одбрани.
Мечка и Срдановиќ исто маестрални. Каков лоб му даде на Арапот, мајко мила.
Денес немам замерка ниту за Томи.

Браво момци, перфектен старт. Тераме без опуштање. Многу можат овие нови црвено-црни клинци. Ја заслужуваат нашата поддршка.
 
Последно уредено:
Како само беше потценет Борко после првиот пресс кога се појави по апостолки и овде лавина коментари околу стајлингот негов.

Колку и да е арогантен очигледно сериозно ја работи функцијата у клубот и првата пофалба иде за него.

Со оглед на малите финансии, да составиш тим од странски анонимуси и да бидеш убеден (Борко) дека ќе победиш екипа од Лига на шампиони е за секоја пофалба.

Дефинитивно Еурофарм Пелистер како екипа го нема тоа што не се купува со пари, победнички менталитет.
 
Каква сплотеност, борба, желба, тимски дух, нема зборови со кои може да ги пофалиме за денешнава партија, сите од прв до последен изгинаа, како во најдобрите денови, од прва минута им покажавме кој е кој, се виде уште одма дека ќе ги растуриме.
Косуке е можеби најдобар трансфер што сме го направиле после Самс ерата, со душа игра за клубот, по фацата му се гледа колку е среќен тука, буквално ужива во клубот и атмосферата.

Нашите засилувања потпишаа за клубот зошто сакаат да играат во Вардар, нивните за да играат во клуб кој настапува во Лига на шампиони, огромна е тука разликата, денешниот натпревар и тој во Струмица се прав показател за тоа.
Многу потенцијал има во оваа екипа, еден куп мангупи и Вардарци, допрва доаѓа нивното време.
 
После муката од мечот на ФК со Тиквеш, победава ми дојде одлично!
Добра игра, се надевам дека ќе бидеме уште подобри понатаму и дека некои од оние кои се на клупа и не покажуваат ништо до сега, ќе пркнат.

Зошто не беа Чкембари присутни? Вардар не дозволи гостински навивачи или?
Која и да е причината е штета, многу е подобро со две навивачки групи во сала.
 
Последно уредено:
Пелистер има во моментов на хартија поскапи играчи но на терен Вардар покажува во овие два меча дека со овој тим можеме до титула , браво за момците секоја чест ..

Радува што во нашиот коп видов и доста помлади деца кои ги знаат сите песни за Вардар , љубов уште од рана возраст :)
 
После муката од мечот на ФК со Тиквеш, победава ми дојде одлично!
Добра игра, се надевам дека ќе бидеме уште подобри понатаму и дека некои од оние кои се на клупа и не покажуваат ништо до сега, ќе пркнат.

Зошто не беа Чкембари присутни? Вардар не дозволи гостински навивачи или?
Која и да е причината е штета, многу е подобро со две навивачки групи во сала.
Мислам дека ради глупостите лани што се исподешаваа не се дозволи присуство на гостински навивачи
 
Е ова е тоа што се бара. Игра без никаков респект. Играме модерно и разновидно, пред сѐ заради генијалниот Јасухира. Дечкото има совршен преглед на теренот и е нескротлив за противничките одбрани. Со таа брзина и подвижност, искрши еден куп противнички кичми. Кога ни го затворија Мечка, влезе Петриќ и почна да решета од 9 метри.
Денеска и Томо во ЛШ формат. Перфектен со барем четири одбранети седмерци и уште десетина одбрани.
Мечка и Срдановиќ исто маестрални. Каков лоб му даде на Арапот, мајко мила.
Денес немам замерка ниту за Томи.

Браво момци, перфектен старт. Тераме без опуштање. Многу можат овие нови црвено-црни клинци. Ја заслужуваат нашата поддршка.
Криво ми е што не играме барем во Лига Европа. Да играа таму уште повеќе ќе се воиграа и баш ќе личеа на тој Вардар од 2019та година.

Во врска со играчите, на Јасухира би било добро да му дадеме македонски пасош и да игра за наша репрезентација. Секако доколку на Кире му текне :).

Како само беше потценет Борко после првиот пресс кога се појави по апостолки и овде лавина коментари околу стајлингот негов.

Колку и да е арогантен очигледно сериозно ја работи функцијата у клубот и првата пофалба иде за него.

Со оглед на малите финансии, да составиш тим од странски анонимуси и да бидеш убеден (Борко) дека ќе победиш екипа од Лига на шампиони е за секоја пофалба.

Дефинитивно Еурофарм Пелистер како екипа го нема тоа што не се купува со пари, победнички менталитет.
За Борко и Михајло максимален респект! Да не се овие луѓе не знам што ќе беше со наш Вардар.

Од кога си отиде Самсоненко за жал, да не беше Михајло знаевме како ќе завршиме. Михајло беше единствениот кој се нафати да го земе Вардар и го спаси.

Борко можеби е арогантен, меѓутоа човекот си ја врши добро работата. Од кога стана извршен директор во Вардар, за кратко време донесе неколку спонзори и исто така донесе вакви такви играчи кои еве голем дел од нив даваат одлични резултати.
 
Мишевски од секогаш сум го пцуел ама последниве 2 натпревари (со Пелистер) заслужува пофалби како изигра во одбрана.
Од анти ракометар направивме солиден ракометар за во дефанзива, свашта човече...
За Мечка шо да се кажи, не е тајна дека имаше материјал да прерасни во ок пикер, ама шо е ова бе чоек, ворлд клас пикериште направивме, 17 души неможи да го заджат, тој голот од земја шо го даде, и Цехте му се изначуде.
Тврдам дека е резултат од комбинација на то шо работат со Столе и од мајата на Вардар.
 
380538466_793659142768002_4094856981997140042_n.jpg
 
Мишевски од секогаш сум го пцуел ама последниве 2 натпревари (со Пелистер) заслужува пофалби како изигра во одбрана.
Од анти ракометар направивме солиден ракометар за во дефанзива, свашта човече...
За Мечка шо да се кажи, не е тајна дека имаше материјал да прерасни во ок пикер, ама шо е ова бе чоек, ворлд клас пикериште направивме, 17 души неможи да го заджат, тој голот од земја шо го даде, и Цехте му се изначуде.
Тврдам дека е резултат од комбинација на то шо работат со Столе и од мајата на Вардар.
Си приметил ли дека во Вардар кога ќе дојдат некои анонимни играчи, после тоа стануваат ѕвезди? :)

Така беше со Дибиров, Караџиќ, Душебаев, Мораес, Калараш, Шишкарев, Криштопанс, Милосављев, Деревен, Горбок и така натаму да не ѓи набројувам бидејќи ѓи има многу. Сите овие играчи направија одлична кариера и станаа ѕвезди токму во Вардар. :)
 
Како не ти е мака ѓ на тастатура да ја бараш насекое. :pos:
 
ДАВАЈ ГО У РЕПКА ОДМА!

Митев и Ѓорѓиев има уште да зреат, типов гази. Со Лазаревски на пикер има пуздер да прават, што ќе отвори простор за Фитиљ и Тале да распукаат
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom