Одам на шалтер по институциите, и не завршувам работа, по нивна вина.
Собирам „храброст“ и почнувам да барам некои свои права,
исправам криви Дрини, драпам „мадиња“.
Во следниот момент ми доаѓаат батки со дебели вратови
и фино ме „замолуваат“ да напуштам просторијата.
Во тој момент ми се спушта „храброста“
и останувам ментално импотентен за цел живот.
НИКОЈ од присутните не застанува на моја страна,
дури ми викаат да не ги задржувам...
За каква долгорочна корист зборуваш од ваков приватен протест???
Еве за каква, ако тоа почнат да го прават повеќе индивидуи, ќе мора да се осети притисок.
Никој не вика дека првиот пат кога ќе застанеш храбро да се конфронтираш дека ќе победиш.
Ама мора да создадеме контекст каде ова се почесто ќе се случува.
Луѓето страдаат, а не си го бараат тоа што треба да го добијат за тоа што плаќаат на државата преку даноци. И на шалтери и во болници, луѓето не си ја добиваат услугата за која плаќаат.
Ете, во хипотетичката ситуација никој нема да "застани на твоја страна" и тоа е ризикот. Не очекувај магично како во филмојте сите тогап во истиот момент да се мотивираат и да ја решите цела институција.
Мора да развиеме култура на ваква индивидуална борба.
Знам тешко е, не е лесно како одење на протести, истушување на гневот и после враќање дома и јадење бурек од типот "абе нас не небива за нишо" "абе не е ова држава" "абе да се самукиниме"
Не се гради држва со протести и таков тип на јадење бурек.
Држава се гради со индивидуална храброст која многу луѓе тррба да ја поседуваат.