Не знам како си ги замислуваш ти бродовите, но изнапиша еден куп глупости.
1. За да погодиш една цел (брод), прво треба да знаеш каде е тој брод. Ти треба начин да откриеш каде се наоѓа бродот. На располагање имаш сателити, кои не ги бива многу за лоцирање движечки мети. Друго имаш дронови, но тие се ограничени само на крајбрежјето и се подложни на електронски противмерки. Настрана што ни Кина, ни Русија немаат такви дронови (еквивалент на RQ-4).
2. Бидејќи се работи за постојано движечка мета, треба да го следиш тој брод. Во ситуација на војна, следењето со дронови е безполезно, бидејќи сите бродови имаат различен степен на ПВО и електронски против мерки. Во суштина, дронот ќе биде побрзо забележан и пресретнат. Авиони за рано детектирање се една опција, меѓутоа ако непријател ти е САД, најверојатно тој воздушен простор ќе биде под надзор и ќе бидат свесни дека се следени.
3. Ти треба оружје што може да го погоди бродот. Дронови со експлозиви не прават ништо. Настрана што се лесна мета на
системи дизајнирани да се справат со повеќе противбродски брзи ракети, камоли со мопеди.
4. Платформа на лансирање. Ако бродовите се близу до копно - веројатноста е да бидат лесни мети на против бродски ракети. Меѓутоа, непријателот го знае тоа, па ќе ги држи далеку.
Ако се далеку, платформата за лансирање се или авиони или бродови.
Првото е многу тешко како што рековме, ако непријател ти е САД, заради воздушната супериорност.
Останува второто, бродови и подморници. Што ја прави морнарицата подеднакво важна и од двете страни.
Дури и фамозниот Циркон е лансиран само од бродови и подморници.
Но на крајот, сите можни оружја за уништување бродови, постојат со децении. Зошто баш сега морнарицата да би била застарена?