Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    684

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.459
Поени од реакции
12.227

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.336
Поени од реакции
81.594
САД ја губел војнава а САД ја растури руската армија само со сув кеш и без ниту еден загинат амерички војник.
Не ја губи војната, туку влијанието по светот го губи. (откога почна војнава)
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.069
Поени од реакции
8.635
1694811871112.png

:icon_lol:

Леле, Борел.:lolzz:

1694812152554.png

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.207
Поени од реакции
4.831
Впрочем како и Америте. Кога кажав дека морнарица е веќе застарен концепт во модерно војување, мислев на војување меѓу држави како САД/Русија/Кина.
Како да знаеме на што мислеше? :D

Како бе Ванлок поинаку би војувале САД со Русија или Кина ако не е морнарицата?
Знаеш, океан ги дели.

Морнарицата е најподвижниот, најмоќниот и најреактивниот дел од сите армии.
Што има помоќно од брзо движечки бази кои може да нападнат со скоро сите оружја што постојат (крстосувачки ракети, авиони, артилерија, ПВО, анти-сателитски оружја и сл.?

Види Русија што прави со морнарицата, голем дел од нападите длабоко во Украина се благодарение на морнарицата. Брзо, реактивно. Од издавање наредба, до удар на целта за неколку минути.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
23.532
Поени од реакции
31.444
Немам намера да се заглупувам со чешлање семантики.

Фокусирај се на ова:
Ако РФ или макар Кина некогаш решат да удрат на америчката „најподвижна“ воена сила (демек морнарицата), тие нивни капитални пловила ќе бидат релативно бргу потопени. Ова е извесно. Не само РФ, дури и Кина може ова да го направи. Можеби и понекој друг што си ги држи картите поскриени. Тоа што Русија успешно употребувала морнарица против Украина, тоа се смени кога САД подиректно се вклучија. Па баш тоа ја покажува тезата што ја изнесов. Дури и помали побрзи бродови како руските се преголеми и преспори мети за да можат да се справат со модерната технологија за наведувани проектили (руските бродови се значајно помали од американските капитални бродови). Ова е точно дури и со западните проектили кои генерално се инфериорни во однос на најновите руски технологии.
Знаеш, зборувам за т.н. хиперсонични проектили за кои го дрвеше на стотина страници дека технички не може да ги нарекуваат „хиперсонични“ затоа што бла-бла. Сеуште во повеќето сценарија се пребрзи и незапирливи за било кое западно ПВО. И? Што ќе се деси кога големите спори носачи на авиони ќе бидат мета на такви проектили како циркон/кинжал?? Ма остај ги хиперсоничните, ете со обични дронови во зерг конфигурација - што ќе се случи ако носачите на авиони бидат нападнати со десетици двотактни Гераниуми кои во јата од илјадници може да си ги дозволат и Иран, С. Кореја, итн?

Повторно: Морнарица е неупотреблива во директна војна меѓу САД/РФ/Кина, а како што поминува времето истото ќе важи и за воените сили од „втора класа“.

Како бе Ванлок поинаку би војувале САД со Русија или Кина ако не е морнарицата?
Знаеш, океан ги дели.
Ако позади воланот има некој со функционален мозок меѓу ушите - тогаш САД/РФ/Кина никогаш нема директно да војуваат меѓу себе. Пошто остај морнарица, било која од страните што ќе почне да губи конвенционално ќе се закани со нуклеарен одговор и MAD. И тука судирот или ќе заврши, или ќе дојде до MAD. Во било која варијанта морнарицата е ирелевантна за исходот.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.207
Поени од реакции
4.831
Фокусирај се на ова:
Ако РФ или макар Кина некогаш решат да удрат на америчката „најподвижна“ воена сила (демек морнарицата), тие нивни капитални пловила ќе бидат релативно бргу потопени. Ова е извесно. Не само РФ, дури и Кина може ова да го направи. Можеби и понекој друг што си ги држи картите поскриени. Тоа што Русија успешно употребувала морнарица против Украина, тоа се смени кога САД подиректно се вклучија. Па баш тоа ја покажува тезата што ја изнесов. Дури и помали побрзи бродови како руските се преголеми и преспори мети за да можат да се справат со модерната технологија за наведувани проектили (руските бродови се значајно помали од американските капитални бродови). Ова е точно дури и со западните проектили кои генерално се инфериорни во однос на најновите руски технологии.
Знаеш, зборувам за т.н. хиперсонични проектили за кои го дрвеше на стотина страници дека технички не може да ги нарекуваат „хиперсонични“ затоа што бла-бла. Сеуште во повеќето сценарија се пребрзи и незапирливи за било кое западно ПВО. И? Што ќе се деси кога големите спори носачи на авиони ќе бидат мета на такви проектили како циркон/кинжал?? Ма остај ги хиперсоничните, ете со обични дронови во зерг конфигурација - што ќе се случи ако носачите на авиони бидат нападнати со десетици двотактни Гераниуми кои во јата од илјадници може да си ги дозволат и Иран, С. Кореја, итн?
Не знам како си ги замислуваш ти бродовите, но изнапиша еден куп глупости.

1. За да погодиш една цел (брод), прво треба да знаеш каде е тој брод. Ти треба начин да откриеш каде се наоѓа бродот. На располагање имаш сателити, кои не ги бива многу за лоцирање движечки мети. Друго имаш дронови, но тие се ограничени само на крајбрежјето и се подложни на електронски противмерки. Настрана што ни Кина, ни Русија немаат такви дронови (еквивалент на RQ-4).
2. Бидејќи се работи за постојано движечка мета, треба да го следиш тој брод. Во ситуација на војна, следењето со дронови е безполезно, бидејќи сите бродови имаат различен степен на ПВО и електронски против мерки. Во суштина, дронот ќе биде побрзо забележан и пресретнат. Авиони за рано детектирање се една опција, меѓутоа ако непријател ти е САД, најверојатно тој воздушен простор ќе биде под надзор и ќе бидат свесни дека се следени.
3. Ти треба оружје што може да го погоди бродот. Дронови со експлозиви не прават ништо. Настрана што се лесна мета на системи дизајнирани да се справат со повеќе противбродски брзи ракети, камоли со мопеди.
4. Платформа на лансирање. Ако бродовите се близу до копно - веројатноста е да бидат лесни мети на против бродски ракети. Меѓутоа, непријателот го знае тоа, па ќе ги држи далеку.
Ако се далеку, платформата за лансирање се или авиони или бродови.
Првото е многу тешко како што рековме, ако непријател ти е САД, заради воздушната супериорност.
Останува второто, бродови и подморници. Што ја прави морнарицата подеднакво важна и од двете страни.
Дури и фамозниот Циркон е лансиран само од бродови и подморници.

Но на крајот, сите можни оружја за уништување бродови, постојат со децении. Зошто баш сега морнарицата да би била застарена? :D
 
devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.869
Поени од реакции
6.050

Easy peasy :)

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
23.532
Поени од реакции
31.444
Во случај да го пропуштивте ова:

И коментарите:

Автоматски споено мислење:

Ти треба оружје што може да го погоди бродот.
...Ако бродовите се близу до копно - веројатноста е да бидат лесни мети на против бродски ракети. Меѓутоа, непријателот го знае тоа, па ќе ги држи далеку.
Ако се далеку, платформата за лансирање се или авиони или бродови.
Првото е многу тешко како што рековме, ако непријател ти е САД, заради воздушната супериорност.
Останува второто, бродови и подморници.
Циркон сметај го за Кинжал што се испалува од разурнувач или подморница. Различни се, ама лесно прилагодливи за различни платформи (поточно платформите се прилагодливи).

Техничкиот момент на страна, во твојов „аналитички“ ШББЛББ став правиш неколку очигледно оксиморнски ситуации. На пример кажуваш дека некој прво требало да ги најде ОГРОМНИТЕ НОСАЧИ НА АВИОНИ кои САД како агресор ќе мора да ги прати кон целта на агресија. Нема денес некој што би водел офанзивна војна против САД... Сеуште.

Толку од моментов (за кој несомнено си се чуствувал „паметен“ кога си го пишувал). :LOL:

1. За да погодиш една цел (брод), прво треба да знаеш каде е тој брод.
Дааааа'... Замисли дека нема да војуваат против Никарагва или Јамајка, и противниците нема да имаат само боб санка и пар двокрилци. Туку противници кои имаат современа авијација, и сателитска мрежа, шпијунска мрежа, итн... И дека противниците се скроз глупи, немаат интернет, и дека движењето на нивните капитални бродови не се следи од куп ентузијасти и веб сајтови.

итн, итн

Но на крајот, сите можни оружја за уништување бродови, постојат со децении. Зошто баш сега морнарицата да би била застарена? :D
...
Не знам како си ги замислуваш ти бродовите, но изнапиша еден куп глупости.
Затоа што никој не е луд денес да почне војна против САД, РФ или Кина... Или чекај... :unsure:
Инаку дефинитивно муабетов станува се поглуп, и едвај да има поврзаност со Украина... Ај доволно, а?
Автоматски споено мислење:

Хаха дури и Украинците ги подјебаваат германските потрчковци... :D :ROFLMAO:

Последно уредено:

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.207
Поени од реакции
4.831
Техничкиот момент на страна, во твојов „аналитички“ ШББЛББ став правиш неколку очигледно оксиморнски ситуации. На пример кажуваш дека некој прво требало да ги најде ОГРОМНИТЕ НОСАЧИ НА АВИОНИ кои САД како агресор ќе мора да ги прати кон целта на агресија. Нема денес некој што би водел офанзивна војна против САД... Сеуште.
Викаш, големината е фактор да не може се скрие бродот? :D
Викаш, ќе отворат вебсајт и ќе го најдат бродот? :D
Викаш, цирконот ќе го залепат на авион? :D

Де кажи му ги овие работи и на Русите и на Американците. Нека направат некој апдејт.
Да не заборавиш да ги потсетиш дека морнарицата е застарен концепт.

:D -> Би ти пишал зошто не е така, ама ќе продолжиш со лепење/релативизирање или менување тема. Како и обично.
 
Член од
9 октомври 2022
Мислења
1.750
Поени од реакции
4.459

Украина ,,успешно ја победува Руската Федерација" по тоа што мобилизира и опремува бремени жени за војување. :icon_lol:
Бемти втора светска сила што ги изгуби Харкив и Кхерсон а богами и Бакхмут ќе биде за некој период од бремени жени, деца и старци како и лица со ментална попреченост. Што ќе биде тек ко ќе нагрне нато професиолнатс војска за некоја година.
 
Член од
20 септември 2022
Мислења
1.839
Поени од реакции
6.978
Бемти втора светска сила што ги изгуби Харкив и Кхерсон а богами и Бакхмут ќе биде за некој период од бремени жени, деца и старци како и лица со ментална попреченост. Што ќе биде тек ко ќе нагрне нато професиолнатс војска за некоја година.
Русија веќе војува со НАТО баце. А заради Херсон и Харков, Украина изгуби 2 армии, а сега четвртата се ништи доле во Запорожје.
 
Член од
9 октомври 2022
Мислења
1.750
Поени од реакции
4.459
Русија веќе војува со НАТО баце. А заради Херсон и Харков, Украина изгуби 2 армии, а сега четвртата се ништи доле во Запорожје.
Има Украина за давање не е проблем за нив само да се отарасат од кретените руски. А со НАТО војска уште не војува, али џабе ти објаснуем кога те убедил Апасиев дека е така.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom