FILMOVISION CHALLENGE - Запознај ја филмска Европа

Дали сакате нов филмски предизвик и каков?

  • Може да одмориме малце, доволно беа предизвици

    Гласови: 0 0,0%
  • Нешто сосема трето (пишете во коментар)

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    10
  • Гласањето е завршено на .
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.910
Поени од реакции
37.039
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Шкотска не е држава. Ја имавме Обединето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска - таму спаѓа и Шкотска.
Требаше да ги поделиме. :D Тогаш глеав Англија и Северна Ирска, мислев Шкотска посебно ќе иде.
Не се сеќавам дали и од Велс гледав нешто.

Ај на крај ќе видам што ќе остане, рече и Југославија ќе ја има. ЧД
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.910
Поени од реакции
37.039
Ај на крај ќе видам што ќе остане, рече и Југославија ќе ја има. ЧД
Не, наместо Југославија го ставив Косово. :D

Сега сакате побрзо да завршиме, или ќе ви фали ова? :D
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Не, наместо Југославија го ставив Косово. :D

Сега сакате побрзо да завршиме, или ќе ви фали ова? :D
Официјално нека заврши со Босна.

Јас ќе си ја изгледам и Шкотска пошто веќе имам одбрано неколку филмови што чекаат у букмаркс. :D
 

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.517
Поени од реакции
13.805
Азија ке ја покоруваме или?
Злате, водиш ли некаква статистика за филмови, оценки и слично?
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.910
Поени од реакции
37.039
Злате, водиш ли некаква статистика за филмови, оценки и слично?
Водев некаде до пола, и изгубив траг со се. Ако толку многу ви значи, можам да се вратам наназад и да дознаам што ве интересира.
Автоматски споено мислење:

Азија ке ја покоруваме или?
За Азија не знам, не би. Имав идеја по ова да одиме на пат низ светот и да ги поминеме 50-те најразвиени светски кинематографии. Тие што се повторуваат, Европските, ќе имаме можност да ѕирнеме уште по нешто, но повеќето се неевропски.

Или трета идеја - филмски времеплов: по еден филм или од 1923 до 2023, или наназад, сеедно.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
The Foster Boy (2011)
Der Verdingbub


Дејството се одвива во некое швајцарско село некаде во 40тите, 50тите години од минатиот век. Вистинска приказна за 100 годишна традиција, да ја наречеме, каде фармерите добивале паричен надоместок ако вдомат деца од сиропиталиште а тие деца најчесто ги користеле како работна сила на фармите. Макс е тинејџер кој доаѓа во семејството Босигер, кое е сочинето од сопруг алкохоличар, сопруга тенка со живците и малце ментално нестабилна и син кој се враќа од војна и е истотака ментално нестабилен и истрауматизиран куртон. Ова ментално нестабилни повеќе доаѓа како налудничави.
На почетокот навидум се изгледа добро по Макс, си работи на фармата, си руча со семејството, си спие во посебна соба, оди у школо, свири на хармоника. Набрзо на семејството и се приклучува 15 годишната Бетели и тука веќе приказната добива на динамика.
Претходно беше спора и мирна драма ама некако во воздухот се чувствуваше напнатост и секој момент очекував да се деси некој хаос, некој хорор, нешто што ќе ја размрда драмата и мирниот тек. Насилството можеби не е премногу нагласено ама се чувстува, тука е цело време.

ЈеБоТе Девојката :D што прва го гледаше филмов го има убаво објаснето, да не се повторувам.
Добар филм, малце потценет според оценката и популарноста, у секој случај вреди да се изгледа. Убава кинематографија, на прекрасно место е снимен, Швајцарија и нејзината фантастична природа.

8.5/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.910
Поени од реакции
37.039
Bosnia.jpg

50. БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА 21-27.09.2023


Movies from Bosnia and Herzegovina
Bosnia and Herzegovina Ranked
Every Best Foreign Language Film Submission (BOSNIA & HERZEGOVINA)

Е па, драги мои, стигнавме до крајот! Завршуваме со државата која на второто учество на Оскарите со свој филм, освои Оскар! Се надевам дека патувањето беше интересно. Ви благодарам на сите што учествувавте, а особено на @Џонтра Волта , @Major Tom и @Варвара кои отпатуваа во сите земји, или речиси во сите земји и останаа тука до самиот крај. По ова малце ќе одмориме, а после, ќе видиме кај ќе не однесе патот. Cheers! :pijanco:

Uzivajte!
 

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.517
Поени од реакции
13.805
#49 Швајцарија

My Life as a Zucchini
/Ma vie de courgette/ (2016)

my-life-as-a-courgette_ep_rita-productions.jpg

Анимирана приказна за 9годишно дете кое по сплет на околности ке заврши во дом за сираци.
Убав филм, убави пораки. Анимацијата беше одлична.

4/5
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.910
Поени од реакции
37.039
#49 Швајцарија

My Life as a Zucchini
/Ma vie de courgette/ (2016)

Прегледај го приврзокот 391456

Анимирана приказна за 9годишно дете кое по сплет на околности ке заврши во дом за сираци.
Убав филм, убави пораки. Анимацијата беше одлична.

4/5
Слично како нашиот Honeyland кој испиша историја со тоа што беше првиот документарец номиниран за најдобар странски филм за Оскар, овој е првиот анимиран филм во историјата номиниран за најдобар странски филм за Оскар.
 

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.517
Поени од реакции
13.805
#50 Босна и Херцеговина

No Man's Land (2001)

MV5BMTk4NDExNzk2OF5BMl5BanBnXkFtZTYwNTk0Mjg3._V1_.jpg

На српско-босанскиот фронт по време на војната во Југославија, војници од двете страни ќе се најдат во еден ров. Неутралниот терен или како што гласи името на самиот филм Ничија Земја ќе биде местото каде што ке гледаме како двајца обични, пред се', луѓе обштуваат помеѓу себе.
Филмот почна силно, очекував да се развива но некаде кон средината стагнираше и немаше некое големо возбудување. Океј е, можеше да има повише акција.

3.5/5
 
Член од
22 август 2022
Мислења
613
Поени од реакции
1.906
Snijeg (2008)


Da je tuga snijeg...
Свесна бев дека тешко ќе се најде босански филм да не е поврзан со таа страшна војна, но е прв којшто сум го гледала, кадешто главните ликови, преживеани и борци се токму жените.

Славно по војната буквално останува без млади и военоспособни мажи и е своевидно, од страна на мештаните, идеализирано мало царство на вдовиците и сирачињата коишто се борат притиснати меѓу болката по блиските и трауматичните последици од војната од една страна и обврските кон своите соселани, останатите сирачиња, добриот старец и малиот внук којшто од војната наваму не изустува ниту еден единствен збор, од друга страна.

Токму тоа е и за восхит. Како, иако сите толку различни, се држат меѓу себе како едно семејство.

Иако тешко пристапно и неразвиено, жените не губат надеж дека со помош на нивниот труд и вера, повторно ќе заживее.





Но, од сите останати се издвојува силата и непоколебливоста на Алма.


Можеби единствената којашто ниту за момент не ја напушта вербата дека не само што ќе преживеат, туку и ќе просперираат, присетувајќи се на мечтите на нејзиниот покоен сопруг, Фарук кој дури верувал дека еден ден токму Славно ќе ја храни Босна.

Но, не е само Фарук очигледно тој којшто верувал во тоа. Еден ден во селото стигнува еден Србин за да им порача дека американска инвестициска фирма сака да ги купи имотите од селото за примамлива цена за да гради на нивно место. Тука е вистинскиот тест за мештаните и големиот момент на преиспитување на нивните животи.

Кога доаѓаат со Американецот и договорите една снежна бура целосно го изолира и онака отцепеното и тешко достапно село и инвеститорите мораат да останат малку подолго и притоа се соочат со мештаните, но, уште поважно, со вистината.

4/5
 

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.517
Поени од реакции
13.805
#50 Босна и Херцеговина

The Perfect Circle /Savršeni krug/ (1997)

w1500_85641.jpg

Одличниот Мустафа Надаревич во улога на поет-алкохоличар. Во босанската војна, со цел превенција, ќерката и жена му ке го напуштат градот. Останува сам и случајно кај него доаѓаат двајца браќа, сираци од војната.
Убав филм, Мустафа маестрален. Тажен и емоционален.

4/5
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.910
Поени од реакции
37.039
#50 Босна и Херцеговина

The Perfect Circle /Savršeni krug/ (1997)

Прегледај го приврзокот 391590

Одличниот Мустафа Надаревич во улога на поет-алкохоличар. Во босанската војна, со цел превенција, ќерката и жена му ке го напуштат градот. Останува сам и случајно кај него доаѓаат двајца браќа, сираци од војната.
Убав филм, Мустафа маестрален. Тажен и емоционален.

4/5
И овој го имавме во Клубот. Уште еден знак дека мораш да ни се приклучиш. :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom