Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 25.724
- Поени од реакции
- 33.969
Јас самиот кажав дека ова не е директна војна меѓу САД и Русија, но ова секако е војна меѓу САД и Русија.
Овој дел не ти е јасен, или поточно во погрешен контекст го гледаш.Се што прават САД сега против Русија, ќе прави и Русија против САД.
Ќе добијаат добро вооружен Иран.
Ќе добијаат С. Кореја со напредни балистички ракети.
Европејците ќе си добијаат по носот во Африка и сл.
Прво агресиите ги почнаа и ги продолжуваат САД, а РФ како активна одбрана секако дека ќе активираат против САД во сите делови во светот. Само калкулациите на САД беа дека РФ ќе бидат поразени, не дека САД ќе го изедат подебелиот крај и дека ќе мораат да ги бранат своите асети ширум светот (кои ги има јебено многу, САД бидувајќи „зла“ империја и сето тоа).
Второ не е тој контекстот затоа што не можеш да правиш вакви споредби, Иран, С. Кореја и Африка се на јебeниoт друг крај на планетата од САД.
Од друга страна САД направи државен удар во голема држава сосед на Русија, и целосно контролирајќи ја - ја нападна Русија. Тоа од аспект на агресија скроз не е исто како СССР што го помогнал Виетнам. Затоа што прво Виетнам не е сосед на САД, затоа што СССР не ја донел на власт - новата власт
Епа ова, и одржувањето пријателски, стратешки и сојузнички односи со Иран, С. Кореја и Африка, тоа е целосно различна ситуација. Овде намерата е дефанзивна, а не агресивна. Повторно, кога некој ги напаѓа РФ (мислејќи дека има поголем „стап“) тогаш РФ секако мора да се бранат.
Од тој аспект не е точно дека Русија прави/ќе го прави истото против САД.
Тоа ќе биде вистина ако РФ направат државен удар во Мексико или Канада, и преку нив да почнат војна со САД. Само реалноста е далеку од тоа. Никој не прави работи какви прави САД. Никој не ризкува толку и не ја доведува во опасност иднината на човештвото - како што тоа го прават САД. Никој. А го прават тоа (помеѓу другото) затоа што се очајни - не само што ја губат војната во Украина - туку уште поважно, затоа што го губат статусот на хегемон/империја и геополитички апекс предатор. Елитата/олигархијата што ја води САД им треба статус на хегемон со неограничена моќ за да можат да продолжат да си остваруваат амбициите... Но да не дигресирам толку, веројатно и ова е премногу за повеќето овде.