Сега знам ќе има и некои просеци ставени, ама ќе ставам играчи од ПЛ лигата од клубови кои не биле доминантни во тоа време, но оставиле белег на лигата. Искрено сите ми се ептен драги, бидејќи ме потсеќаат на времето кога бев мал, со многу слободно време, во зимски денови, немав интернет/кабловска и се чекаше викенд да се пратат СИТЕ натпревари од Премиер лигата. Звучи смешно од денешна перспектива ама да се долови: мајка му на Филип: “Ајде на роденден си од 5 кај Сара“, Филип: “Не можам од 5 играат Виган - Болтон“. Па оваа објава нека е посветена за тоа време и за тие заборавени јунаци кои биле дел од нечие детство.
Анри Камара (јас Хенри си го викав, не може 2ца Анри независно што било име
)
Овој го памтам како човекот што ги спасуваше Виган. Имаше уште едно црнче во Виган во тандем ми одеа двајцата, знаеше да се најде во право место во право време.
Габриел Агбонлахор
Меѓу првите натпревари кај што се сеќавам беше човеков како влага во игра и донесува победа, тогаш беше како млад талент најавуван од коментаторот, памтам беше многу брз.
Дарен Бент
Овој го знаат повеќето од Тотенхем, ама си газеше типот во Чарлтон. Имаше уште еден Маркус Бент заедно во напад беа, сакав да се исто јаки пошто исто презиме имаа, ама овој Маркус беше тешко дрво реално.
Мортен Гамст Педерсен
Овој веројатно го имате ставано често, ама морам и јас да го ставам. Мајстор за слободни удари, се знаеше Жунињо во француска лига, овој во англиска. И тој Блекбурн беше премногу заебана екипа, памтам Арсенал бајги го јадеа, незгоден противник за секого.
Стивен Ајрленд
Тоа беше асоцијација за Манчестер Сити, заедно со Ричард Дан. Сити беа генерално слаб тим, ама знаеа да те заебат и да те тепаат со Бартон тепачот и гркот Самарас.
Кевин Нолан
Овој човек е асоцијација за Болтон од тоа време, капитен на тимот. Тој Болтон исто беше многу заебан противник, нешто како Блекбурн. Еден натпревар памтам 3:2 се вративме против нив после 2:0, ама го имаме и бајги јадено, тим што секого може да го победи независно дали дома или на гости.
Нико Крањчар
Не ми текна на некој играч од тогашниот Портсмут, што би бил позаборавен од овој. Ми текнува на Сол Кембел и Кану, како и на Хари Реднап како тренер. Многу симпатичен клуб.