Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Значи успеавме да ги потпишеме сите тројца кои тренираа со нас периодов по желба на Ѓоко и Тетовче, во согласност со финансиските можности.
Како што кажав и пред недела дена, не се ова засилувања кои ги посакувавме, ама ќе понудат широчина во составот...
Да се надеваме дека ќе се погоди србинот, дека ќе биде новиот Ранѓеловиќ.

Во меѓувреме Алаведра по втор пат за 3 дена стартува за Андора.
После одличното издание против Белорусија во кое извадија 0-0, солидно игра и вечерва против Швајцарија. Засега е 0-0 во 40 минута.
 
Последно уредено:

Кој тројца? Лутвиот ова детево и? Нешто чув имало и некој нашинец од Австралија исто така у клуб.
 
Ова детево Војнески е камен невиден. Само заради татко му игра фудбал и вака пробува да го пикни негде. Вие му сте мислам 3 4 клуб летово од сегде го избркаја.

https://www.transfermarkt.com/tony-stojkovski/profil/spieler/490951 овај е австралијанецот шо сте го потпишале.
 
Ако има кој да плати, ќе се вратиме :)
Чекај малку, па нели проблемот беше дека игравме во втора лига и наводно ,,градски не бил наменет за екипи од втора лига" и сега од кога се вративме нели имаше договор дека ќе можеме да играме таму?

Ако не се лажам мислам дека и Миле спомна во некое интервју дека годинава ќе играме на градски(поправетеме ако грешам). Меѓутоа со оглед на тоа дека тревата е како нива за компири, не знам како и ќе играме на тој терен. Столе се утепа од ораницана.

Би било добро против искра да играме на градски, а и мислам дека ќе има многу повеќе публика на таа утакмица.
 
Кој тројца? Лутвиот ова детево и? Нешто чув имало и некој нашинец од Австралија исто така у клуб.
Љутфи, детево Војнески и србинот што дојде на позајмица.
Автоматски споено мислење:

Чекај малку, па нели проблемот беше дека игравме во втора лига и наводно ,,градски не бил наменет за екипи од втора лига" и сега од кога се вративме нели имаше договор дека ќе можеме да играме таму?

Ако не се лажам мислам дека и Миле спомна во некое интервју дека годинава ќе играме на градски(поправетеме ако грешам). Меѓутоа со оглед на тоа дека тревата е како нива за компири, не знам како и ќе играме на тој терен. Столе се утепа од ораницана.

Би било добро против искра да играме на градски, а и мислам дека ќе има многу повеќе публика на таа утакмица.
Така де, никој не ни забранува да играме. Ама терминот ќе се плаќа, не ни го даваат гага. А цената е огромна.
 
Не сакам да ширам негативна енергија ама каква бламажа ни се послдениве шпекулации, какви игри игра старион Ѓоко, тој ќе не спасувал срам да им, ги избркаа Бајо, Грне за да може да глуми некој менаџер и да лапа пари од провизии.
 
Сајбер и по колку пари се плаќа имаш информација?

Од каде сега ова?
 
Па нели гледаш стручњакот Ѓоко какви засилувања донесе Љутву, некој Војнески и сеа најново овој австралиецот се знае дека тие тој ги гурка у клубов.
 
Ова инфо го најдов од 2017 за цената за изнајмување:

- ЈПССПД со новиот ценовник бара по 3.000 евра за дневен меч во првенство, а 6.000 евра за ноќен термин, а цените за европски мечеви се десетпати повисоки, па полуфинале во Лига Европа чини 53.000 евра плус ДДВ. Интересно, во претпријатието ставиле цени и за дневни термини во европските купови во главните фази, иако е јасно дека такви не може да се играат (термините се 20.45 часот за ЛШ, а 19 и 21.05 часот за Лига Европа). Само Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го користи стадионот под друг договор од 2010 година, па цените за настапите на националните тимови имаат поинаков ценовник.
 
Епа другар тоа е бидејќи немаме пари. Додека не се најде некој богат спонзор да го превземе Вардар за жал ќе носиме играчи кои се со капацитет за втора лига. За жал спаднавме на тоа ниво. И мене не ми се свиѓа тоа што се донесоа вакви играчи и сметам дека можеа доста подобри да најдат, ама тоа е колку пари толку музика.

Гледам дека доста спонзори се најдоа за Рк Вардар и тоа е добро. Борко добро си ја врши работата таму, меѓутоа би било добро малку да се ангажира и за Фк Вардар да најде спонзори.

Ова инфо го најдов од 2017 за цената за изнајмување:

- ЈПССПД со новиот ценовник бара по 3.000 евра за дневен меч во првенство, а 6.000 евра за ноќен термин, а цените за европски мечеви се десетпати повисоки, па полуфинале во Лига Европа чини 53.000 евра плус ДДВ. Интересно, во претпријатието ставиле цени и за дневни термини во европските купови во главните фази, иако е јасно дека такви не може да се играат (термините се 20.45 часот за ЛШ, а 19 и 21.05 часот за Лига Европа). Само Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го користи стадионот под друг договор од 2010 година, па цените за настапите на националните тимови имаат поинаков ценовник.
Во врска со цените за европски натпреварувања за стадионот знам дека и Самсоненко се бунеше. Вардар кога играше групна фаза во Лига Европа, толку беа цените како што пиша 53 000 евра и плус ДДВ. Не се нормални бе. И гледаме како го одржуваат.

А реално да правиме муабет, тој стадион е изграден на времето за Вардар и никој нема право да му забранува таму да игра!

Меѓутоа ако немаме пари да платиме за да играме на градски, тогаш ќе играме во шталана во Маџари.
 
Искрено се надевам дека и нашиве нема да излезат како и многумина до сега.. искрено се надевам затоа што последните чекори направени од нив некако ме замислуваат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom