Со самото отварање на темата авторот имплицитно наговестува дека нема некој посебен "ќејф"
Да, и мене повеќе окото ми фаќа околу Ауди 4/5
Јас па добив цврст впечаток дека типот си има веќе желба што сака, и претпоставувам тоа се однесува само на изгледот на колата која би сакал да ја купи.
Евидентно членот нема никакво познавање од механика, депрецијација и такви ствари за да настојува да одбери најповолна опција, од која не би изгубил многу пари во годините кои следат, но и при нејзино продавање во иднина.
Така да мислам дека тоа е и причината зошто се појавил тука во форумов за да ја креира темава. Тој знае што му се допаѓа, но не знае дали тоа што му се допаѓа вреди за парите и како е споредено со останатите опции кои ги навел.
Свесен е дека кај половнаците шансите за дефекти се далеку поголеми, затоа и си собира информации човекот.
Иначе да, во право си, ако веќе желбата е доволно јака тогаш не би ни прашувал во форумов, слепо би ја купил

Али тоа не е паметна одлука во секој случај.
Следствено, малку и глуп ми е одговорот-Што ти е ќејф тоа купи
Па вака од страна и неинволвирано делува клише и глупо да, но од друга страна и не е баш.
Да наведеше конкретни примероци на модели со нивна детална состојба, тогаш ќе можеа сите да му дадат покорисни совети.
Вака само опции од модели со апсолутно никакви информации никој не би можел ништо да му кажи.
Ќе му речеш земај шкодата, се покажаа доста добри, а имаат исти мотори со аудито и не вреди да даваш пари на Ауди? А аудито во примеров е примерок со перфектна сервисна книшка и заменети потрошни материјали, а тојотата ти е кршот всушност...
Дури и два исти модели со исти мотори можат да се испостават како два сосем различни автомобили, во дадена ситуација кога одржувањето на автомобилот било нешто кое претходниот властник ни на памет не го ставал.