Нема потреба да чекаш година дена, еве јас уште сега ти кажувам дека све е заслужено.
Најголемиот дел од државјаните на буквално сите држави членки на НАТО вообичаено не знаат сопствената матична држава да ја најдат на мапата на Европа, уште помалку па на мапата на светот, а не па една Украина да знаат каде да ја најдат.
Додека политиките на нивните матични држави не ги удрат директно врз нивните домови и директно врз нивните сопствени коски и кожа, нема да има никаков пресврт.
Добар пример за ова можат да ти бидат Французите, кои од 1870 година па наваму повеќе не знаат како да војуваат, а уште помалку па како да водат војна.
Како последица на ова, Французите го кркаат стапот од Нацистичка Германија во 1940 година, но се` додека им е дозволен одреден степен на автономија и слобода, не им смета тоа што свастиката се вее над Ајфеловата кула во Париз.
Но тоа што почнува да им смета на Французите, особено после почетокот на нацистичката инвазија на Советскиот Сојуз на 22 јуни 1941, е постојаната конфискација на храна од страна на нацистите, а подоцна и воведувањето на задолжително работење за сите француски мажи на возраст помеѓу 20 и 22 години во германските воени фабрики во 1942 година. Од тој момент почнува да се зацврстува францускиот отпор против нацистичката окупација на Франција, не бидејќи нацистите се ѓубриња од луѓе на кои не смее да им се довери ниту работа како чистач во државна или јавна институција, а не па власт во една држава, туку бидејќи конечно окупацијата почнува да ги удира Французите директно врз нивните домови и директно врз нивните сопствени коски и кожа, и тогаш одлучуваат дека подобро е да гинат за Франција отколку да робуваат за Нацистичка Германија.
Нема да има таков пресврт во наредниве година дена, а најверојатно ниту потоа, затоа јас уште сега ти велам дека све е заслужено.