Како се емигрира во Австралија и Нов Зеланд?

Член од
28 јануари 2022
Мислења
3
Поени од реакции
1
Здраво на сите, Ве молам за предлог за иселенички агент во Перт или Мелбурн за Електро инженер за виза 190 или 491. Благодарам.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512

Дали се наоѓаш во Австралија, или во Македонија?
Ако си во Македонија оди со локален агент, далеку е полесна комуникацијата и праќање/примање документи при процесот, а квалитетот и познавањето им се слични, само гледај да е регистриран во MARA.

Ако пребараш по држава на официјална страна ги дава Билјана (Битола) и Дејан (Скопје), сите други што се кажуваат агенти не се регистрирани во MARA и ако тргнат работите на лошо нема на кого да се жалиш.

Screenshot_2023-08-14-18-25-11-74_40deb401b9ffe8e1df2f1cc5ba480b12.jpg

Screenshot_2023-08-14-18-25-29-32_40deb401b9ffe8e1df2f1cc5ba480b12.jpg
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Здраво на сите, Ве молам за предлог за иселенички агент во Перт или Мелбурн за Електро инженер за виза 190 или 491. Благодарам.
Како што напиша Лестер, исклучиво со регистрирани агенти.
Во МК тие што ти ги спомна, надвор од МК избери преку датабазата и прочитај reviews од други луѓе.
Само гледај да избереш migration agent а не lawyer.
Далеку повеќе адвокатите наплаќаат од агентите а услугата за виза и работата е иста.

Адвокат само за нешто премногу сложено што ни агент неможе да го направи.
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.623
Поени од реакции
5.333

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Има среќа што нашол работа во Перт, тешко дека со $80к бруто плата (60к нето) добро ќе живее во Сиднеј. 30к му е само киријата/ратата за поскромен стан на 20-30км од центар, со рестото едвај (пот)просечен стил на живот може да си дозволи.
 
Член од
7 септември 2023
Мислења
3
Поени од реакции
1
Здраво на сите! Имам позитивен Skills Assessment, за ICT Business Analyst и ќе полагам англиски PTE. Би сакале ( фамилија со две деца) да аплицираме зa EOI за QLD или NSW. Па ме интересира искуствено кои ни се шансите според вас тука, и колку временски и финансиски би не чинел понатампшниот процес.
П.с. Агентка имаме МКД

Секој совет, критика, сугестија се добредојдени!
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Здраво на сите! Имам позитивен Skills Assessment, за ICT Business Analyst и ќе полагам англиски PTE. Би сакале ( фамилија со две деца) да аплицираме зa EOI за QLD или NSW. Па ме интересира искуствено кои ни се шансите според вас тука, и колку временски и финансиски би не чинел понатампшниот процес.
П.с. Агентка имаме МКД

Секој совет, критика, сугестија се добредојдени!
Колку поени моментално имаш? За EOI колку повеќе имаш толку побрзо ке те викнат.
На оваа страна вика дека 85 требаат минимум за твојата струка.

Табела со поени:
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Тие се најбараните мигранти тука, сличен систем, ист јазик, призната возачка, признаени специјализации и тн. На фб по Англиски групи врие Австралиски регрутери.
Фирмите многу полесно се решаваат да ги спонзорираат од таму, особено со тоа што и во специјализирани професии имаат многу слична регулатива (од мое работно искуство со нив во Англија за голем дел од работите е дури и построга) плус најчесто се повредни работници од локалните.

За Англичаните тука е далеку подобро, таму стандардот е доста опаднат, а платите се неспоредливо пониски од тукашните, да не правиме муабет што тука има далеку подобри услови гледано од поглед на годишни одмори/платени боледувања и тн.

Interesni listi na koi moze da vidime sporedba na work-life balansot sto go nudat gradovi/drzavi niz svetot

Po gradovi skandinavskite zemji dominiraat bi rekol

Dodeka po drzavi ima i podobri od niv :)
Work Life балансот варира од многу фактори, и овде имам сретнато луѓе што заглавуваат по 10+ саати секој ден и им ѕвонат постојано, а има и такви што работат колку Македонска администрација. Доброто е што има страшно ниска невработеност, и ако си во индустрија која е барана ќе помислат два пати пред да те замараат и товараат како магаре.
Инаку баш Канбера е државна администрација, таму има доста бенефити дури и по општините само платите се повеќе околу просекот, али имаат добар баланс :)

Здраво на сите! Имам позитивен Skills Assessment, за ICT Business Analyst и ќе полагам англиски PTE. Би сакале ( фамилија со две деца) да аплицираме зa EOI за QLD или NSW. Па ме интересира искуствено кои ни се шансите според вас тука, и колку временски и финансиски би не чинел понатампшниот процес.
П.с. Агентка имаме МКД

Секој совет, критика, сугестија се добредојдени!
Со таа професија во никој случај не се нафаќај на регионална, ти треба исклучиво 189 виза без разлика дали NSW, QLD, VIC, WA.

ИТ индустрија и корпорации се повеќе во Сиднеј и во Мелбурн, трет на листа ти е Бризбн. На хартија платите ти се поголеми во првите два и имаш повеќе отворени работни места (на оваа страна ќе си разгледаш подетално https://www.seek.com.au/), но од друга страна со 120к во Бризбејн ќе живееш исто и подобро отколку со 150к во Сиднеј (далеку поефтина кирија, многу помалку патарини, и општо пониски трошоци, далеку поискулиранa средина и поголем процент на бело население).

Ако полагаш PTE планирај си дека е пожелно да извадиш мин. 79 на сите (еквивалент на 8ца ИЕЛТС), инаку тешко да собереш доволно поени за 189ка. Колку поени имаш на другите работи (образование, работно искуство, поени од сопругата и тн)?

Во поглед на трошоците: 4640 долари за тој што е носител, 2320 за сопругата, по 1160 долари за децата (овие ти се трошоците за кон државата).

Дополнителни трошоци: верувам дека агентот ќе ти наплаќа по фази, втората фаза после skills assesment беше 3500, не сум се чул некое време дали има промена.
Преводи на се што ќе ти се побара како документ (прашај ја агентката да ти даде контакт од преведувач, ќе те кошта поефтино, плус имаат соработка и нема да трчаш да изиграваш курир), медицински тестови (мислам беа околу 100 евра по човек), документите што треба да растрчуваш и да ги вадиш по мкд институции и факултет, карти.

Скапиот дел ќе ви биде кога ќе стапнете тука, на старт нема да можеш да изнајмиш недвижност и ако не успееш да најдеш некој со толку слободен простор планирај си airbnb па после тоа да барате соба или стан.

На страна од картите гледај да не си под 20-30к долари кога ќе слеташ тука (особено со деца) и најбитно гледај да си земеш кеш максимум што можеш, ќе можеш да плаќаш со картица, но за поголеми трансфери ќе те искинат во провизии. Далеку си од овие чекори, а во меѓувреме се што те интересира прашувај.

Каква професија има сопругата, дали има работно искуство и на кое ниво и е Англискиот?
 
Последно уредено:

@Lester Freamon Ти благодарам на исцрпното инфо.
Зошто 189 а не 491?
Агенткава константно ја форсира 491, во смисла на посигурна опција.

Инаку сопругата сум јас.
Сопругот е економист (јавни набавки) и англиски му е функционален се надевам
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
@Lester Freamon Ти благодарам на исцрпното инфо.
Зошто 189 а не 491?
Агенткава константно ја форсира 491, во смисла на посигурна опција.

Инаку сопругата сум јас.
Сопругот е економист (јавни набавки) и англиски му е функционален се надевам
189 и 190 се Permanent Residence visa. Со Permanent Residence + доволен престој во Австралија земаш државјанство.

491 ти е работна виза во регионални места. Со таа работна виза после 3 години аплицираш за Permanent Residence виза.
Само си го отежнуваш патот и времето кое ке го истрошиш додека добиеш државјанство.

Тешко се наоѓа работа во регионални центри ма да сега со remote working може да се снајдеш. Али ако неможеш 85 поени да добиеш за ICT Analyst тогаш ке мораш на некоја друга варијанта да одиш како што ја спомна 491 али ке ти биде тоа потешко.

ја виде ли табелата? Колку поени имаш сега?
 
Член од
30 ноември 2014
Мислења
160
Поени од реакции
226
@Strenght убаво викаш дека треба да се посети земја пред преселба, ама не секој има шанса, да оди туристички во Аус.
Седнуваш, правиш животен план, или џа или бу. Друго е Шведска, Шпанија, ефтини се летовите за натака/навака. :D

@Lester Freamon Дали дипломите од факултет се признаени во Аус? Поточно од Електро. И, што мислиш, со 2 годишно работно искуство како електротехничар, па проект лидер, има ли некоја шана?
А за град, према јутуб, многу ми се допаѓа Перт. Некако поопуштено ми делува.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Агенткава константно ја форсира 491, во смисла на посигурна опција.
Агентката ја интересираа да ти земе пари, ќе ти нуди било каква виза, дури и студентска. Ти отпосле треба да се чудиш како ќе најдеш работа во некое австралиско Мариово со ИТ струка ако земеш регионална виза.
Како што ти пишаа претходно најголемиот дел од ИТ огласите се за Сиднеј и Мелбурн, за таму ти треба 189/190 виза.
Друга работа, и да земеш перманент виза, овде пазарот е заситен со ИТ кадар, тешко се доаѓа по работа по струка, треба финансиски и психички да се спремиш дека ќе ти требаат 3,6, па дури и 9 месеци да го пробиеш ледот. А трошоците за еден месец за фамилија за во Сиднеј на пример ти се 4-5.000 долари, само киријата е половина од оваа сума. Направете си дома математика дали сте спремни дали можете тоа да го издржите, пред да аплицирате за било каква виза.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom