Тие се најбараните мигранти тука, сличен систем, ист јазик, призната возачка, признаени специјализации и тн. На фб по Англиски групи врие Австралиски регрутери.
Фирмите многу полесно се решаваат да ги спонзорираат од таму, особено со тоа што и во специјализирани професии имаат многу слична регулатива (од мое работно искуство со нив во Англија за голем дел од работите е дури и построга) плус најчесто се повредни работници од локалните.
За Англичаните тука е далеку подобро, таму стандардот е доста опаднат, а платите се неспоредливо пониски од тукашните, да не правиме муабет што тука има далеку подобри услови гледано од поглед на годишни одмори/платени боледувања и тн.
Work Life балансот варира од многу фактори, и овде имам сретнато луѓе што заглавуваат по 10+ саати секој ден и им ѕвонат постојано, а има и такви што работат колку Македонска администрација. Доброто е што има страшно ниска невработеност, и ако си во индустрија која е барана ќе помислат два пати пред да те замараат и товараат како магаре.
Инаку баш Канбера е државна администрација, таму има доста бенефити дури и по општините само платите се повеќе околу просекот, али имаат добар баланс
Со таа професија во никој случај не се нафаќај на регионална, ти треба исклучиво 189 виза без разлика дали NSW, QLD, VIC, WA.
ИТ индустрија и корпорации се повеќе во Сиднеј и во Мелбурн, трет на листа ти е Бризбн. На хартија платите ти се поголеми во првите два и имаш повеќе отворени работни места (на оваа страна ќе си разгледаш подетално
https://www.seek.com.au/), но од друга страна со 120к во Бризбејн ќе живееш исто и подобро отколку со 150к во Сиднеј (далеку поефтина кирија, многу помалку патарини, и општо пониски трошоци, далеку поискулиранa средина и поголем процент на бело население).
Ако полагаш PTE планирај си дека е пожелно да извадиш мин.
79 на сите (еквивалент на 8ца ИЕЛТС), инаку тешко да собереш доволно поени за 189ка. Колку поени имаш на другите работи (образование, работно искуство, поени од сопругата и тн)?
Во поглед на трошоците: 4640 долари за тој што е носител, 2320 за сопругата, по 1160 долари за децата (овие ти се трошоците за кон државата).
Дополнителни трошоци: верувам дека агентот ќе ти наплаќа по фази, втората фаза после skills assesment беше 3500, не сум се чул некое време дали има промена.
Преводи на се што ќе ти се побара како документ (прашај ја агентката да ти даде контакт од преведувач, ќе те кошта поефтино, плус имаат соработка и нема да трчаш да изиграваш курир), медицински тестови (мислам беа околу 100 евра по човек), документите што треба да растрчуваш и да ги вадиш по мкд институции и факултет, карти.
Скапиот дел ќе ви биде кога ќе стапнете тука, на старт нема да можеш да изнајмиш недвижност и ако не успееш да најдеш некој со толку слободен простор планирај си airbnb па после тоа да барате соба или стан.
На страна од картите гледај да не си под 20-30к долари кога ќе слеташ тука (особено со деца) и најбитно гледај да си земеш кеш максимум што можеш, ќе можеш да плаќаш со картица, но за поголеми трансфери ќе те искинат во провизии. Далеку си од овие чекори, а во меѓувреме се што те интересира прашувај.
Каква професија има сопругата, дали има работно искуство и на кое ниво и е Англискиот?