А бре луѓе, остајте тоа западот и други држави, има таму се и сешто, он 89 години а се жени за некоја топ пичица од 23 години и тоа се знае дека е од ,,љубов,, па судијата не пасе трева.... Кај нас нема такви срања, никоја не може да ти го земе тоа што е твое и не ти треба никаков предбрачен договор. Впрочем кај нас законот и не познава таков договор. Кај нас при развод секој си зема тоа што е негово односно тоа што не е стекнато во бракот. Тоа што е стекнато во бракот законска претпоставка е дека е по половина на двајцата, НО !!! СЕКОЈ МОЖЕ ДА ДОКАЖУВА ДЕКА НЕГОВИОТ ПРИДОНЕС БИЛ ПОГОЛЕМ па сразмерно на тоа да земе и поголем дел од имотот стекнат во брак. Со други зборови ако на пример, парите за некој стан ти ги дале твоите родители тој стан ке ти припадне тебе иако е ,,стекнат во брак, или ти заработуваш 200 000 евра годишно а таа 5 000 евра годишно делбата ке биде сразмерно на таа заработка со некои мали варијации... Така да кај нас го нема тој филм брачниот другар да те ,,соголои,,.