Дортмунд послаб од лани, ПСЖ послаб од лани, Њукасл без искуство и со сабота-среда распоред. Не знам како Милан е отпишан во оваа група.
Според мене ќе заземат едно од двете места за нокаут фаза. Во Њукасл па ич не верувам. Англиските екипи (не овие стандардно што играат во Европа), кога и да заиграле во некое натпреварување, биле изедени од темпото.
Од друга страна па, Милан е посилен од лани. На хартија групата е претешка, ама далеку од тоа дека Милан е кандидатот за Европа Лига.
Останатово, досадно. Унион Берлин одвај чекам да видам како ќе изгледа и дебаклот на Ѕвезда со Сити на Етихад, е за тоа живеам.