Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
,,Ѓорѓи Стоилов пред потенцијално враќање во Македонија ЃП.

Ѓорѓи Стоилов ова лето откако со ,,лавовите" го освои Купот си замина од Ѓорче по една година и цело лето беше без клуб, Гостивар и Вардар беа заинтересирани за негов ангажман но не дојдоа до договор, па така во последните денови од преодниот рок сепак Ѓорѓи Стоилов во новата сезона повторно ќе го носи дресот на лавовите од Ѓорче."

Голема штета што раководството не успеале да го донесат во Вардар! Стоилов ќе ни беше доста корисен играч во средината.

Колку што знам рокот за потпишување со играчи трае уште пет дена. Мора да се побрза со потпишување на играчи бидејќи со овие што ѓи имаме нема шанси да избориме бараж. Ѓоко и Васоски на пресот кажаа дека ќе донесат играчи од странство на позајмица ама до каде е таа работа? Ме интересира исто така дали се преговара со Матеј Цветаноски кој сметам дека може да допринесе доста на терен.

Ако некој има информации во врска со потпишување на нови играчи би било добро да каже за да знаеме на што сме.
 
Изгледа тешко иде со носење на нови играчи кога еден Стоилов нејќе да дојде тешка работа...
п.с. Да не се разбереме погрешно не го потценувам дечкото добар играч е.
 
Кога не ме слушате :D

Каков Стоилов, каков Матеј Цветановски...
Можно е да има некој нов играч деновиве, ако издејствуваат Ѓоко и Тетовче, ама не е калибар на играчите кој го очекуваме сите.

Утакмицава со Ѓорче е најважна досега, ако и овде загубиме, толку е од нас. Нешто ми вика дека токму ѓорчевци ќе бидат кандидат за отпаѓање или административно бркање од лига. Се утепаа од местење во Европа со години, мислам дека ќе летаат ко Победа на времето.
Секако ми се одмилија, станаа кондом клуб на разни мафиози, цела навивачка група ја загубија, врска нема со онаа Македонија ЃП од порано.
 
Одма објавија штом пишав :D
Некогаш ќе беше топ засилување, сега просек ко за екипа од дното на прва лига. Мал напредок во однос на она што го имаме на средината на теренот. Поквалитетен е од Пато и доаѓа по желба на Тетовка.
 
Одма ме демантираа.
Ајде бар уште двајца сеа нека донесат
 
Коа дојде ред играчи ко тој стоилов да бидат фактор у лигава тогаш катанец најубаво нрка се става на фудбалов во северстанов.
Автоматски споено мислење:

Коа дојде ред играчи ко тој стоилов да бидат фактор у лигава тогаш катанец најубаво нрка се става на фудбалов во северстанов.
 
Мислиш не можевме да го донесеме?
Ако сме можеле и не сме го довеле (согласно нашите финансиски можности), сме направиле голема грешка.
Ќе покриеше лево крило, Лемос ќе го прешалтавме десно и ќе бевме многу поопасни отколку сега.
 
Ангелче Тимовски потпишал за Гостивар и исто така преговараат со бејтулаи. Ние тука носиме играчи од второ лигаш кој може да испадне во трета лига. Ако не се земе некој добар напаѓач додека трае преодниот рок, тогаш нека ни е наздравје. Со Десниќ и Жоглев во нападот ништо не правиме. Исто така потребен ни е играч за средина. Ќе беше добро да се земеше Ѓорѓи Стоилов или Матеј Цветаноски. Ама што е тука е. Треба да се побрза пред да биде доцна и живци да кинеме.
 
Сајбер неколкупати ви кажа дека претерувате и не сте реални.. исто го мислам и ја.
Моментално е борба за гол живот, едино некој ветувања ВЕТУВАТАТ подобра иднина, но тоа го нема вомоментот.
Нашите очекувањата и реалноста се сосема голема разлика во моментот.
Дечките прават колку можат.
Кој год да потпише, кој и да замине, колку и да победуваме или губиме тоа е, борба до крај.
Па што биде.
За мене и ова е победа, нашата борба за Вардар.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom