Рачунаме дека и непристрасно ќе споделиш тука тоа што ќе измериш
Па и не само што ќе измерам, туку и непристрасно ќе ја судам!
На крај-краева не ми е поклон, сам сум дал пари за неа, па…
Први впечатоци после 4 дена…
1. Ми фали што нема дисплеј на неа кој ќе ја прикажува моменталната температура.. за ова бев свесен кога ја купував дека нема, ама не очекував да ми фали толку! Ипак не е исто да гледам термометар, или да фрлам поглед на климата… (плус дека термисторот е на усис горе високо, стално највисоката и најреална температура ја прикажува). Не е тоа, тоа… технолошко уназадување според мене…
2.Свингот е на степени или чекори! Е ова не го очекував! Непријатно изненадување за мене…
Фуегото можам да го заглавам крилцето кај сакам! На оваа не
Уште едно технолошко уназадување… 0:2 за фуегото!
3. Бука… (да појаснам малку… далеку дека е бучна климата, а и не намеравам да мерам децибели! Многу побитно ми е субјективното чувство тука, па така и ја судам!)
На нејзина 4та брзина(максимална), фучи прилично гласно! Би рекол дека оваа брзина за мене е неупотреблива
Додуша исфрла и повеќе воздух него фуегото или квадрото, ама ипак е прегласна за мене!
Фуегото е сосем употребливо во неговата 3та (и максимална) брзина!
Митсуто на прва воопшто и не се слуша, ама за воља на вистината и нема некој издув на таа брзина. Втора брзина засега ми е најокеј оти ем дува ем е тивка! Сепак фуегото е потивко во негова прва(иако исфрла помалку воздух) отколку митсуто на 2ра! Квадрото е исто тивко на прва-втора, ама ете… некое чудо ми пречи на спиење… фуегото и митсуто не!
Објективно, сите три клими ми се тивки…
Така да, еве совет за некој што планира нова клима, а веќе има тивка клима дома…
“Не очекувајте чуда”! Бар не во тој аспект! Ипак турбина си е турбина..
Ова би рекол дека е статива на голот на Митсу! За малку спаси газ
а пофалба за “старите” играчи кои ете малку троми, ама знаат да изиграат кога највеќе треба…