Многу работи испомеша брат. Ама ок е, не верувам дека ќе се сложиме на еден тек на настаните. Многу ми е симптоматично само што велиш за грузијциве. Си биле на тајна задача да иницираат нереди, си се изнафалиле изнасликале ама наеднаш цела држава станаа ретардирани и веруваат дека ете баш Јанукович пукал. Класична руска пропаганда, ако гинат цивили, никако русите не згрешиле или не повредиле цивили, тоа овие другиве ненормални сами свои луѓе си тепаат.....
Еве едно видео, од што имам слушано анализи од мој личен пријател од Украина, кој мајчин јазик му е руски, видеото горе доле е реално точно. Најдобро што може за еден јутуб канал што брка спонзори.
Го изгледав видеото. Апсолутно текот на настаните, иако дури и траги-комично редуцирани, се поклопуваат со се она што го пишав. Прво, да расчистиме од старт, русите ниту се невини, ниту не грешеле, и тоа како си имаат удел и во настаните пред Мајдан, и после него, и сега после фебруар 2022. Имам и предходно пишано, за мене русите да ја имаат моќта на САД би биле исти ко нив, а кинезите би биле 10 пати полоши од русиве и америве заедно. Да се вратиме на видеово и што е пороблематично во него, освен што е тотално редуцирано, па само во мојот пост беа опфатени повеќе настани. Прво, збориме за руска пропаганда, видеово ти е класичен пример за западна пропаганда, она преочигледна и баш проста. Цел наратив на видеото е Русија е лоша, ЕУ е супер. Русија ја уценувала, блокирала Украина, ЕУ никако ништо не барала, не уценувала, баш напротив они златните, само добро прават. Па на наша кожа ги имаме осетено нивните уцени, од блокирање, промена на име, рамковни, териториална, со Бугарија сега, историја, јазик. Зашто некој би се посомневал во нивната добронамерност. Да почнеме со ред и Портокаловата револуција, која и јас ја спомнав, а и видеов почња така. Значи стандард муабет, изборите биле украдени, се прави револуцијава, организираат нови, победува овој прозападниов. И он е супер, се прави ко што треба, ама злобниве руси не го оставаат на мира, не може да работи иако е супер, доаѓаат избори и оп, злобниве руси го враќаат нивниот кандидат на власт. Ај што го враќаат, па дури овој го местат да биде 5-ти на листа по број на гласови, цели 5% гласале за него. Мислам, дури и смешно звучи. Идеме понатака, дури и видеово го потврдува тоа што го пишав дека Јанукович е про ЕУ. Русија ја покачила цената на гасот за Украина, ама никаде у видеото да се спомне дека Украина и дожи пари на истата таа Русија за истиот тој гас, кој секако го добиваат далеку поповолно од било која друга земја. Многу е нормално да Украина која иде кон ЕУ ги изгуби поволностите и да Русија тргува со нив ко со останатите. Тука доаѓаме до муабето од пред некоја реченица, Русија ја уценува Украина, Еу не. Знаме сите како западот не уценува. Понатака. Јанукович и Азаров тајно се ретнуваат во Москва и Сант Петерсбург со Питин и Медведев. Не се знае што збореле. Извор, траст ми бро и извор од ЕУ потврди за Ројтерс. Ти звучи ова познато од известувањето на западов за војнава? Идеме понатака, како започнува Мајдан. Скоро истото го пишав и јас, само што во видето изоставаат еден дел, у кој исто ко и кај нас со шарена револуција, јадеме чоколадо, немаме за леб, и слични муабети кои ги пуштаа, во Украина беше со фамозната златна шоља која ја имал Јанукович. Да се разбереме, како и кај нас и во Украина, сиромаштијата, корупцијата, криминалот, се апсолутна нормална причина и исправна пред се за протестите. Понатака, протестите стануваат помасовни, нешто што и јас го кажав, дека има голема критична маса, на моменти се и насилни и од страна на полицијата и од страна на демонстрантие, нешто што го гледаме и во Франција, Холандија, Америка, Австралија и секаде. Е тука доаѓаме до еден проблем у вудеото, по кој онака преочигледно е дека е тотално запада пропаганда. Кога во остатокот од светот полицијата употребува сила врз демонстранти, тоа е недемократски, нецивилизирано, фрштат осуди од ЕУ, кога нивната полиција го прави истото, тоа е воведување на ред и мир. Апсолутно нема да прочиташ ни една реченица критика за полицијата, ни од медиуми ни од ЕУ. Понатака, не сум сигурен, мислам дека спомнав дека протестантите земаат под нивна контрола дел од зградите на плоштадот. Тоа го има и во видеото. Некаде во декемри, кога веќе протестот е масовен, во игра се увацува и ултра десницата. Потврдено во видеото со рушењето на споменикот на Ленин. И сеа имаш во видеото еден скок од повеќе од месец дена, како воопшто ништо да не се дешавало. Не ти падна малце чудно? Во тој период е тој инцидет со началникот на киевската полиција (регион), кој не се знае по чија наредба, наредува на полицијата брутално да ги растера протестантите, под изговор дека требало да се постави елка на плоштадот. Нешто што, иако веќе има насили протести, уште повеќе ги разгорува протестите и вади дополнително народ на улица. Вака логички, дали тоа му одговара на Јанукович? Понатака, видеот скока до средина на јануар 2014-година. Протестите веќе се пренасилни од двете страни, протестантите се опремени со штитови, палки, молотови колтели. Тука веќе и доаѓа до првите жртви. Преговори има, според видеото добрите САД и ЕУ пробуваат да најдат решение, ама опозицијата, одбива се и останува на своите барања, Истата таа опозиција која оди на баци рака кај амерот, а покасно истот тој амер и составува влада, бира кој на која позиција ќе биде. Се тоа го има у разговорот на Нуланд. Веќе до крајот на јануар 2014 има жртви и кај демонстрантите и кај полицијата. Понатака, доаѓаме до клучниот момент. 19 фебруар, според видеото. Денот кога има огромен број на жртви. И сега што е критично во видеово и тој ден. Посветена е една реченица од 10 збора, за настан во кој има 42 убиени луѓе, повеќето убиени од снајпер. Тоа е се за настанот. Не ти е малку чудно, за тој ден и настан 10 збора, за колку бил добар оној прозападнион претседател после портокаловата револуција, 4-5 реченици. Видеото продужува со нешто што и јас го пишав, Јанукович дава оставка, Германија и Франција се гаранти (во видото се спомнува и Полска), се договараат со опизицијата што отстапки ќе се направат, закони и слично, протестантите да го предадат оружјето, дел од лидерите на протестите кои во видеото не се именувани, а се работи за ултра десничарите, кои исто ги спомнав и нивната улога која е, одбиваат и продулжуваат да протестираат се до негово повлекување. И оп тука завршува протестот и Еуромајдан. Ни збор за обидот да се убие Јанукович во неговата вила откако се повлекува од портестантите на таа ултра десница. Иначе лидерите на таа ултра десница, после ги добиваат од америте заслужените позиции во новата влада. Доаѓаме до заклучоците во видеото и контрадикторностие што се појавуваат. Тоа дали била народна револуција, пуч, секоја страна ќе го гледа онака како и одговара. Прва, контрадикторност. во заклучокот се наведува дека полицијата користи огнено оружје тек на 20 фебруар и убива демонстранти. Од друга страна го имаш 19 фебруар, значи ден предходно, наведен во видеото, кога се убиени 42 лица, демонстранти и полицајци, повеќето од снајперисти. Нешто не штима тука. Видеата кои ќе ги стаам ќе ти ти разјаснат што се дешава. Втора работа. Снајперисте биле руска пропаганда базирана само на наводна изјава на докторката Олга Бохомолец. У видеата кои ќе ги ставам, има видеа од снајперисти на згрдите под контрола на демонстрантите, има видеа снимани од демонстрантите кои кажуваат дека се пука од Хотел Украина, друга државна зграда, двете под контрола на демонстрантите, имаш интервјуа со грузиските снајперисти, кои опишуваат се, кои се, кој ги донел, со имиња со све, со видеа, дека стварно биле таму. Едниот го има и на снимка од медуми. Идеме до најконтрадикторниот заклучок во видеото. Америка иако давала поддршка на протестите, не директно вмешана. Нуланд што парадираше на плоштадот делејќи колачи, говорите на амерички сенатори, ликнатиот разговор на Нуланд и америчкиот амбасадор кој не само што е познат фак ЕУ, туку во него овие двајца се договараат кој од опизицијава на која позиција ќе го постават, па така имаш и нејзина изјава за Кличко дека е глуп (иначе германски поттрчко) и дека нема да му дадат никаква битна позивија во владата. Истиве овие амери, ги наградуваат ултра десничарите, тако звани Десни сектор, со високи позиции во владата.
Кратко за грузиците. Не знам што е симптоматично. Претпоставувам знаеш кој е Саакашвили? Во видеава ќе ти стане јасно што барале грузијци, кој ги донел, нивната улога. Истото тој што ги донел, Саакашвили после беше награден со позиција сковетник на претседател и гувернер на Одеса и Мамашвили, негов воен советник. Убаво е опишана нивната улога и за време на Мајдан и после тоа. Тие видеа и слики не ги споделувале они во живо на Инстаграм, не снимале лајвови. Изглеј ги видеата и ќе ти стане јасно. Буквално еден од нив го има и на снимка од телевизија. Има интересен дел и околу докторкана Олга Бохомолец.
Овие видеа ни јас ги немав гледано, денес прв пат ги видов. Интересен детал, грузијциве ги итервуираат во Скопје.
Иначе ако сакаш, кога ќе имам малце поише време ќе ги побарам се што ум гледал и читал окулу настаниве, па може во некоја приватна порака да ти ги пишам и пратам, нема смилса во темава веќе волкави реферати да пишувам.