Крај на Европската цивилизација....

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.472
Поени од реакции
24.711
Имам лоши вести за некои од членовите на форумот - колку и да навиваат нема да го доживеат крајот на европската и западната цивилизација. :D
Какви заклучоци можеме да извлечеме?
-Богатството не е предодредено ниту од природните ресурси, ниту од воено-стратешкото влијание, ниту од колонијалното минато.
-Европските земји се најбројни.
-Миленикот на многу форумџии овде БРИКС не е присутен со НИЕДНА земја.
-Ниту една социјалистичка или постсоцијалистичка држава не е присутна и нема изгледи да се приклучи во следните 50 години
-Очигледно е дека западноевропскиот социо-економски модел е исклучително одржлив и успешен.
Прегледај го приврзокот 387260


На сите што го чекаат новиот светски поредок посакувам да доживеат да го видат, а ако не, барем нивните внуци или правнуци.:)
ja nema bugarija... sestrite treba da pokacat tarifa od 2 na 4 cherveni
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.963
Поени од реакции
12.381
https://off.net.mk/vesti/mislenja/opasnostite-na-dobrite-nameri

Опасностите на добрите намери

11 август 2023 - 13:59

Многумина го спуштија гардот пред самонаречените прогресивци и разбудени, само затоа што овие на почетокот звучеа многу добронамерно. Кога сега се гледа во што тоа се изроди, а се изроди во царување на цензура, авто-цензура и само-осудување за да се спаси кариерата, останува да жалиме што се заборави на старата мудрост „Патот до пеколот е поплочен со добри намери“.



Има многу обиди да се објасни како „разбуденоста“, таа екстремна, ирационална и неразумна идеологија ги запоседна западните институции: постмодерниот релативизам, културолошкиот пресврт на левицата, различниот начин на размислување на поновите генерации, појавата на социјалните медиуми кои го поларизираа и отруја политичкиот дискурс...

„ Овие објаснувања се во ред. Но, друга причина ретко се споменува. Вистината е дека на будноста ѝ беше дозволено да завладее “, вели Патрик Вест.

„ Денешните фанатици почнаа со добри намери. Повикуваа на толеранција кон геј луѓето и оние кои не пасуваат со родовите улоги. Номинално беа против расизмот. Сакаа да ја „спасат планетата“. Кој можеше да им противречи на такви благородни чувства, првично изговарани пред 20-ина години? Малкумина беа такви. Сето тоа изгледаше добронамерно и убаво. Затоа многумина го спуштија гардот “.

Дваесет години подоцна, кога многу елементи од „разбуденоста“ не само што станаа мејнстрим, туку се вградија и во закони, се каеме што ја заборавивме старата поговорка: Патот до пеколот е поплочен со добри намери.

Тоа е лекцијата од историјата. На сличен начин и комунизмот на многумина им се чинеше привлечен, заради убеденоста дека можеби реалноста засега е пекол, но се работи за „поголема цел.“ Орвел тоа добро го карикираше во Животинска фарма.

И разбуденоста завршува со веќе видени резултати: цензура, автоцензура и самоосудување (за да ја спаси кариерата, актерката Аманда Абингтон се извинуваше што ги критикувала дрег-кралиците што тверкаат пред бебиња). Луѓе јавно се жигосуваат, се откажуваат, минатата недела Џ.К. Ролинг беше избришана од изложбата на Хари Потер во музејот во Сиетл, полицијата апси за „омраза“ и навредливи објави на социјалните мрежи....

Грубото бинарно размислување го дели општеството на непријатели или пријатели.

„ Секој што не е анти-расист е расист; секој што ја доведува во прашање транс идеологијата е трансфоб “, пишува Вест.

Разбудените секогаш ја фураа доктрината дека сите кои не се бели, стрејт и машки имаат заедничка врска и кауза. Затоа денес тешко објаснуваат зошто муслиманите во Канада моментално се бунтуваат против форсирањето на родовата идеологија на Џастин Трудо. Тие финти тешко им се продаваат на социјално конзервативни муслимани.



„ Многу субсахарски африкански култури биле хомофобични и патријархални долго пред европскиот колонијализам. Историски гледано, Арапите биле меѓу најголемите трговци со црни африкански робови. Денес, белите мажи од работничката класа во Британија се на дното, и образовно и финансиски. Толку за "белата привилегија" и "патријархатот" “, пишува Вест.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.746
Поени од реакции
34.000
Автоматски споено мислење:

 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.784
Поени од реакции
5.058
@Vanlok што се замаш не ми е јасно. Прво не е битна тема второ никој не чита трето никој не дискутира четврто не си сменил ничие мислење. Знам дека тебе ти е битно но реално сосема небитно прашање и исходот е ирелевантен за 99.9% од луѓето.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.746
Поени од реакции
34.000
Но ете ти ме читаш... Изгледа и некој жичка погодувам.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.746
Поени од реакции
34.000
Ја по комшики сум, но ти слободно биди си свој. Денес е модерно тоа.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.784
Поени од реакции
5.058
Зарем сега и зоофилија? Ех, колку си европски цивилизиран. Брао.
Мислев да седнеш на клупа да слушаш врапчиња да гледаш мачки и кучки да пиеш безалкохолно пиво и да грицкаш печена соја.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.963
Поени од реакции
12.381
Капитализмот наводно го штити правото на приватната сопственост, ама па од друга страна, денешниот свет не е капиталистички.

Во капиталистичко општество вообичаено не ги прашуваат луѓето зошто сакаат да ги повлечат сопствените пари од банка.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom