Спонзоруша е индивидуална особина, машка или женска. Колку мажи имаат зафркнато жени за пари ехее. Имам другарки што иако не се Рокфелер, почнаа да се претставуваат како посиромашни на првите состаноци чисто тие пијавиците на пари да се исчистат од прва.
И жени има Бог да чува, коса ми се крева на глава. Чоек ако толку ти е мерак за пари, спечали мајку му. Една познаничка одби просидба оти каменот не бил дијамант. Ѝ викам, алал да ти е на време што го спаси чоекот.
Една од работите што ги држеле тогашните бракови не било само страв и срам, туку пружање нозе колку што ти е чергата. За еснафско дете еснафска ќерка се барала. Сѐ друго било скандал и тешко се стекнувала почит за истото.
Баланс е битна работа, не е пожелно голема разлика меѓу партнери во било што.
Една комшивка фармацевт во пензија, многу ми е пријатна и многу може да се научи од неа за тоа како една жена треба да држи до себе без да изгуби од нејзината улога. Вика, на времето кога требаше да се земаме, јас ептен тазе си ја отворив аптеката, закупив местото под кирија и бев веќе во долгови за опремување. На маж ми семејството не беа многу побогати ама инсистираа на убава свадба со сите адети, но јас не прифатив, а ни моите. Ќе правиме свадба кога и ние ќе се подоправиме и ќе бидеме во состојба исто да вложиме. И си направивме скромна прослава во домашна атмосфера со 15ина души, а кога ни беше што ја викаат дрвена свадба, ем петтата годишнина си ја прославивме ем на стариве ќефот им се направи. Така вика, никој утре нема да ти префрли за пари. А, во еден брак ако парите станат премногу важна тема на разговор и препирки, пиши му пропало.