Premier League - 2023/2024

  • Креатор на темата Креатор на темата Rollo Tomassi
  • Време на започнување Време на започнување

Шампион за 23/24 ќе биде?

  • Вкупно гласачи
    232
Точно дека Сити е богат клуб, али првата 11ка шо им игра моментално финансиски можат да си ја дозволат и Јунајтед, Ливерпул а посебно Челзи. Мислам дека само Грилиш им е 100м фунти, и Гвардиол 90 ова лето. Брујне, Силва, Родри сето тоа беше во рангот 50-60 милиони фунти можеби грешам сега ме мрзи да гуглам, али сигурно не е повеќе од 70. Гундоган околу 25 го платија, првото засилување на Пеп.

За Халанд да не зборуваме, кражба на деценијата беше со клаузулата. Склопи добар тим Пеп, стручно ги одбира профилите на играчи што му одговараат, а управата прилично одговорно ги преговара цените. Поради ова му давам огромен плус пред Клоп како единствен на врвот. Да се биде тренер не е само анализа и тактика, туку и скаутинг и проценка дали ќе ти одговара играчот во замислата што ја имаш.
 
Поголемиот дел на трансферите го вршат спортските директори, Пеп и Клоп или било кој носат листи од играчи.
Тој нетспенд што се спомнува е баш до спортските директори ниеден менаџер не преговара за плати или цени на играчи.
 
Точно, али тренерот ги бира играчите. Способноста за да ги препознае квалитетите се само негова заслуга. Да имале пример Јунајтед или Челзи ваков човек како Пеп комотно можеле да ги преговарате истите цени и денес тие играчи би играле за нивните тимови. И ПСЖ има еден тон пари па еве ги се мачат со Енриковци Покетиновци и остали овци.
 
Царе менаџерот ги бира играчите прави листа и ја дава на СД, од тука се е до неговата способност. Едини удел има ако може да бира од опциите на листата кој е поприоритетен.
Тоа што сити не фрла огроми суми на играчи е до трансфер политиката на клубот, многу ретко ќе ја прекршат затоа и има играчи кои и Пеп ги сакал али не се у негов тим, од разни причини или клубот бара прегоема сума или играчот бара преголема плата.
За едно си во право а тоа е способноста да увиди предвреме дали ќе му се вклопи во тимот. Али и тоа е среќа нема менаџер кој секој трансфер му е успех.
 
Клоп и Пеп во оста реченица а првиов губи титула со 15+ бода на едно десет кола до крај
Значи каков сакаш тим имај за таков преокрет да напраиш мора тренерот тоа да го извози максимално
Пеп наследи шампионски тим ама братот од тој шампионски тим по брза постапка продаде доста играчи
За крај ко што Ван Дајк не може да се става до најдобрите дефанзивци во историјата така ни Клоп, брзо во заборав ке летнат
 
Ајде едно прашање до експертите на темата. Дали Венгер е врвен тренер?

Клоп го сметате дека не е елитен тренер зошто немал титули, по таа логика и Венгер треба да се смета на исто рамниште.
 
Ај и до тебе едно прашање
Венгер е на исто рамниште со Фергусон?
 
Ај и до тебе едно прашање
Венгер е на исто рамниште со Фергусон?
Не е , ама тоа не го прави Венгер слаб тренер, исто како што тоа не го прави Клоп слаб тренер.
Тука ти рипаш како кој е тој Клоп да се смета за еден од најдобрите тренери во денешницата. Мислиш за Валтер Мацари збориш а не за Клоп.

И која е таа сезона кога Клоп изгубил со 15+ бода плус, многу ме интересира зошто измислуваш работи?
Сигурно мислиш на 2020/2021 кога имаа 6 бода предност за нова година, а веќе во Февруари беа втори. Арсенал имаа бетер ситуација лани. И како кажуваш 10 кола, па 10 кола ти се повеќе од третина од натпреварите, повеќе од 3 месеца се тоа.
Баш Фергусон има изгубено титула од Сити на неколку кола пред крај со 8 бода предност. Тоа значи дека не може САФ во иста реченица со Пеп.
 
Добар тренер прави добар тим да изгледа како одличен. И обратно.

Пеп има титули да и сметам дека е најдобар али за разлика од Анчелоти, Клоп, Мурињо и други никад не влегол у бантер клуб па да проба да го направи победнички.

Да ги смениме местата на Клоп и Пеп, јас мислам без 200 миљони потрошени Пеп ништо нема да направи со тој тим.

Али од друга страна прашање е и дали Клоп ќе го извади максимумот од Сити, Пеп е каде каде боље тактичар од Клоп.
 
Точно дека Сити е богат клуб, али првата 11ка шо им игра моментално финансиски можат да си ја дозволат и Јунајтед, Ливерпул а посебно Челзи. Мислам дека само Грилиш им е 100м фунти, и Гвардиол 90 ова лето. Брујне, Силва, Родри сето тоа беше во рангот 50-60 милиони фунти можеби грешам сега ме мрзи да гуглам, али сигурно не е повеќе од 70. Гундоган околу 25 го платија, првото засилување на Пеп.

За Халанд да не зборуваме, кражба на деценијата беше со клаузулата. Склопи добар тим Пеп, стручно ги одбира профилите на играчи што му одговараат, а управата прилично одговорно ги преговара цените. Поради ова му давам огромен плус пред Клоп како единствен на врвот. Да се биде тренер не е само анализа и тактика, туку и скаутинг и проценка дали ќе ти одговара играчот во замислата што ја имаш.
Бруине,Родри,Диаз сите 70+м беа па еден Кансело беше донесен за 65м сега тешко и 30м да му извадат.Башка јадрото на тимов беше носено пред неколку години за 50+м скоро секој со денешнава инфлација сигурно би бил еквивалентно на 80+м.
 
Ова е најточно нешто што го имам прочитано на форумов. Џабе се расправа тука, на крај од денот не знаеме што би било кога би било.

Клоп си фура негов стил, Пеп оди само во клубови што можат да му приуштат се што ќе побара. Ферги си беше во 1 клуб, исто и Венгер. Анчелоти флопна во Евертон, Мурињо живурка некако со Рома.

Кој што и преферира, така ќе си ги подредува менаџерите и тоа е тоа.
 
Секој гледа различно на тоа "добар" тренер и секој има различен критериум.
Пеп во секоја изјава го фали и потенцира дека од учи од Биелса, дали тоа значи дека он е подобар тренер од Пеп?
 
Бруине,Родри,Диаз сите 70+м беа па еден Кансело беше донесен за 65м сега тешко и 30м да му извадат.Башка јадрото на тимов беше носено пред неколку години за 50+м скоро секој со денешнава инфлација сигурно би бил еквивалентно на 80+м.
Марез, Менди, Стоунс, Лапорт, Стерлинг, Волкер овие сите се 60мил и тоа кога уште не беа рипнати така цените.
Ама не знам зошто он само моменталната 11ка ја зема, како овие другиве да не биле платени и играни. Си го сврте муабетот како сака.
 
Точно дека Сити е богат клуб, али првата 11ка шо им игра моментално финансиски можат да си ја дозволат и Јунајтед, Ливерпул а посебно Челзи. Мислам дека само Грилиш им е 100м фунти, и Гвардиол 90 ова лето. Брујне, Силва, Родри сето тоа беше во рангот 50-60 милиони фунти можеби грешам сега ме мрзи да гуглам, али сигурно не е повеќе од 70. Гундоган околу 25 го платија, првото засилување на Пеп.

За Халанд да не зборуваме, кражба на деценијата беше со клаузулата. Склопи добар тим Пеп, стручно ги одбира профилите на играчи што му одговараат, а управата прилично одговорно ги преговара цените. Поради ова му давам огромен плус пред Клоп како единствен на врвот. Да се биде тренер не е само анализа и тактика, туку и скаутинг и проценка дали ќе ти одговара играчот во замислата што ја имаш.

Делумно точно. Она што лаже на око е фактот што Пеп, доколку скап играч не му се вклопи во тимот, многу лесно го менува со друг 50-60-70 милионски играч, нешто што ниту еден друг тренер не може да си го дозволи. Од тоа што може да се сетам, Данило, Феран Торес, Лапорт, еве сега Кансело, а иста судбина го чека и Калвин Филипс. Тој рекорден total spent не доаѓа од паметни трансфери, колку и да ги фалиме што купувале "ефтино". Купуваат играчи под границата на светски рекорди, ама купуваат многу. Имаа до оваа сезона 2 играчи по 70 милиони фунти на десно крило? Која друга екипа го има ова во ПЛ? 70 и 90 милиони евра за 2 CB?

Не сакам да звучи дека го омаловажувам успехот на Пеп. Ама има многу подобри услови за работа за разлика од било кој друг тренер во ПЛ и секоја компарација со било кој друг тренр е само хипотетичка. Нормално, треба да достави со оглед на потрошените пари, и овој тоа го прави. Јунајтед и Челси се доказ дека не е само да фрлиш пари, туку и како да ги потрошиш, и тоа на терен да ти донесе успех.

За мене, по квалитетот на фудбалот што го покажаа, Пеп и Клоп се на исто ниво. Предност му давам на Пеп заради титулите што ги освои во Англија.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom