Во голем дел се слагаме, освен за 2013-2014. Ти викаш:
Мајдан 2013-та, обидот да се убие Порошенко
Порошенко е про-Мајдан и претседател после настанот. Веројатно мислиш на Јанукович. Ако правиме муабет за кој прв почна, ќе правиме муабет кој прв почна да ги уценува и искористува украинците.
Ако малку читате историја нема ништо чудно да најдете во случајов:
1. Регионална или светска сила има надворешно влијание.
2. Сите соседи на таа сила ја мразат истата, иако има и добри и лоши страни, сакаат да избегаат од колонијалните стеги на соседната сила
3. Сите подалечни несоседни субјекти се наклонети према релативно далечната сила бидејќи бајковито добро изгледа, (soft power)
Пример 1. Пунска војна
Сите соседи на Рим биле наклонети контра Рим и станале сојузници на Картагена.
Сите соседи на Картагена биле контра Картагена па станале сојузници на Рим. Во подоцнежните битки Ха ибал имал повеќе гали во војската него африканци.
Пример 2. Куба
Куба ја мрази САД, САД ја присилува Куба, СССР станува сојузним на Куба
Пример 3. Македонија
САД проектира влијание и моќ во Македонија, македонците ги криват америте за сите нивни проблеми, грото македонци се проруси.
Многу едноставно, проблемот е што малиот секако го јаде стапот, а ние никако лекција по историја да научиме
Да да, на Јанукович мислев, него ги проверував датумите за секој случај и видов слика од Порошенко, па ваљда затоа сум го пишал.
Примериве што си ги дал се исправни, така функционира светот, со една битна забелешка кога се работи за Украина-Русија. Да ја трнеме на страна историјата, нели Киевска Рисија, несогласувања, Бандера, Глодомор, (кој не може никако да биде геноцид, затоа што покрај милиони украинци, умреле и милиони руси, милиони казахстанци, а ако добро се сеќавам, процентуално земено од бројот на цел етникум, третиве најмногу настрадале, а е сигурно страшно зносторство над човештвото) подалечна историја, некој однос од Рисија кон украинците како бугарите према нас, да земеме од независноста на Украина навака. Прва работа која е многу битна е што во украина има огромно руско малцинство, некаде 20-25%. Имаш огромно руско јазично население, некаде над 45%. Имаш мешани фамилии. И имаш западен дел кој е анти руски од секогаш, среден дел кој е умерен, но повеќе наклонет кон Русија (мешано население, измешани бракови, фамилии), источна Украина која е со етничко руско население доминантно (ова е и најбогатиот дел). У сам старт ептен комплицирана ситуација. До Мајдан проруската страна скоро секогаш победува на избори. Имаш една портокалова револуција како предвесник на Мајдан, ностат прозападен/амерички претседател, на следи избори е одма сменет, не сум сигурен ни дали цел мандат го истера. Тоа ти е доволен показател дека населението е проруско расположено. Доаѓаме до Мајдан. Не знам дали си истражувал како почна Мајдан, што претходело. Украина водена од Јануковуч, кој нема против да влезе во ЕУ, е условен од ЕУ да избере, ако сака во ЕУ, да ги прекине сите економски врски со Русија, Што овој како проруски настроен одбива. Украина поради рускиот гасовод кој поминува низ неа, плаќа смешна сума за рускиот гас, дури и не плаќа, и должи пари на Русија. Ако не се лажам Русија и дава некој поволни кредити на Украина, ама не сум сигурен за ова. Како и да е, очекувано, овој ја одбира Русија. Е сеа, како почиња Мајдан. Мајдан почиња поради златната шоља у ВЦ на Јанукович, нели стандар, они во златни шољи серат, народ нема за леб, криминал, корупција, мислам исто ко кај нас, тотано исти сме. Така почнува протестот, нели се убацуваат ЕУ знаиња, сакаме во ЕУ, има доволно критична маса, нормално луѓето живеат во мизерија. Кога гледаат америте дека има доволно маса, ги убацуваат невладините, после и тие ултра десничарски групи. Први инциденти има кога некој началник од Киевска полиција, дава наредба насинло полицијата да ги растера демонстрантите, зошто требало да се кити елка на плоштадот. Не успева тоа. У меѓувреме парадираат на плоштадот амерички сенатори, Викторија Нулан дели колачиња. Се ностат "демонстранти" од Грузија, како искусни, иначе меѓу првите жртви е грузиец. Доаѓа до пукање, има доста документарци за овој дел баш, сега можда и се тргнати од Јутуб, каде баш е убаво изанализирано, се гледа од каде се пука, и за чудо од зградата која е под контрола на демонстрантите, се пука и кон полицијата и кон демонстрантите. Имаше и интервјуа со грузијци, кои биле во тие згради, со задача да пукаат, луѓето си покажуваа и слики што се сликале дур биле таму со оружје со се. Настанува општ хаос каде секој во секого пука, и полиција и демонстранти. Јанукович дава оставка, со посредство на Франција и Германија, се очекува ситуацијата да се смири, и на сцена настапува ултра десницата која организира протест пред вилата на Јанукович, насило влегува да го утепа, а овој пошто му е јавено дека идат накај него, со хеликоптер бега за Русија. Тоа е и неговиот крај. У меѓувреме Викторија Нуланд и америчкиот амбасадор мислам, склопуваат влада, без избори, ако ти текнува разговорон каде Нуланд вика, кој ја ебе ЕУ, ставаат нивни претседател и остали нивни луѓе, меѓу кои како награда за завршената работа, лидерот на ултра десничарите добива позиција министер за одбрана или нешто така. Со тоа Мајдан завршува, а почнуваат проруски протести во места како Одеса, Мариупол.
Е сега, апсолутно сулудо е да помислиш дека можеш да свртиш една земја против соседната, или еве да речеме, да ја преориентираш да го избере Западот, а притоа да имаш прво толкаво малцинство, измешани фамилии, без да настане граѓанска војна, а притоа тој сосед е Русија, втора светска сила после САД. Едини кој може тоа да го направи е тој што е помоќен то Русија, а тоа е САД. Буквално знаеја што ќе е резултатот и затоа и го направија тоа. Колку и да не се сакале украинците и русите, еве македонците и албанците, било која земја каде има големо малцинство соседната земја, секој обид да се пресече врската меѓу тие две земји, како тоа што го направија во Украина, ќе заврши исто, со граѓанска војна и војна меѓу двете земји. Еве земи не нас за пример, не се сакаме со албанците, утре да решиме, прекинуваме било каква соработка со Албанија и Косово, повекуваме признавање, што мислиш, што ќе се деси? И не само кај нас, сегде каде имаш таква ситуација, резултатот ќе биде ист.
Ја се изинувам за реферативе.