Станови во Скопје, совети за купување.

  • Креатор на темата Креатор на темата StarDrom
  • Време на започнување Време на започнување
Во Македонија мора само да се умре, баждарот у никој случај не мора да се качува. Тоа се само наши прогнози, можда ќе биде за 5 а можда за 50 години. Моментално е смешна цена дури и за најсиромашните. Меѓутоа тоа е и мојата прогноза, не контрирам за ова.
Тоа што е на западот полека ќе си дојде тука.

Ама забораваш еден чекор пред тоа. Во радиус од 5км од центар ќе нема ниедна нова градба. Ако пак не разбирате што ќе значи тоа, да образложам. Ако порано можел обичен вработен да купи имот во строго градско подрачје, сеа може само високо квалификуван вработен. Во иднина тоа ќе биде само за екстремно богатите и фирмите.
Да, ама ако се реструктуира како што пишувам никој нема да се зебава да оди да живее во центар (барем не фамилијарни луѓе). Ако ти имаш средени населби каде за истите пари ќе имаат куќа од 150м2 со двор, поголем ќе ти биде интересот на луѓето да се преселат таму отколку да се пикаат во 40м2 во центар.

Ваков тип на урбанистички план како тековниот е за земји кои немаат слободна територија за градење, или за пред 100 години кога немале превоз.
 
Ако имаш средени населби, ако не ги менуваат дуповите како чорапи...и ако имаш превоз. Многу ако во равенката.
Кога се бара стан, се гледаат повеќе аспекти, не само цена. Некои населби, иако одамна во град Скопје, сеуште немаат асален превоз, градинки или основни школи.
Кога се бара куќа, тоа е потфат од висок ризик затоа што не знае човек дали ќе му текне на советот да смени дуп, да ти изгради зграда во двор.
Затоа сите се "буткаат" што поблиску до центарот, не дека му се живее до толку на некого во такви галами и гужви. Ако чекаш 15 (летно и 20) минути автобус, па не дојде па чекаш друг уште толку, ќе си кажеш налет, каде купив живеалиште.
Така да, не е лошо да баталиме споредби со други држави каде се е уредено поинаку. Барем во темава за совети.
 
Последно уредено:
Прашање околу процедурите за купување стан од физичко лице. Знам дека данокот на промет го плаќа купувачот. Како обично оди околу трошоците за адвокат, нотарските трошоци итн.. Знам дека се е по договор, меѓутоа како е генерално во пракса?

Sent from my SM-G996B using Tapatalk
 
Во пракса се' плаќа купувачот.
 
Кој има купено стан во градба да ми пише?
Имам неколку недоумици.
 
Што фирма е ДГ Новоградба од Скопје? Седиштето им е во Бутел на бул. Босна и Херцеговина.
Станари во зграда на овој инвеститор во близина на Мерцедес имаат проблем со добивање имотни листови, кај дел од становите фалат квадрати, па сега станарите бараат враќање на дел од средствата.
 
Дали некој знае со каков квалитет е зградата на Трим и Лум на Прашка, таа кај што е Оселот?
 
Дали некој знае со каков квалитет е зградата на Трим и Лум на Прашка, таа кај што е Оселот?
Лош, паралелни ѕидови им се разликуваат и по 10тина цм, криви максимално, изолацијата не е баш и да не набројувам.
Во таа првата пак што се градеше гаражите пловеа со вода уште прв месец откако се всели народ, за да си отидеш до колата ти требаа гумени чизми.
 
И како реагираат наведените станари, на кои им станало јасно какво ѓубре од станови имаат платено, за дебели пари?...
 
И како реагираат наведените станари, на кои им станало јасно какво ѓубре од станови имаат платено, за дебели пари?...
Во првата зграда мислам дека се бркаа индивидуално, а во втората тој што го познавам не се ни замараше да се брка со нив, знам само дека колективно ги притискаа за имотните, а за се останато си бараа чаре индивидуално.
 
Дали некој знае со каков квалитет е зградата на Трим и Лум на Прашка, таа кај што е Оселот?
Јас би ги избегавал нив, општо како компанија...
 
На некој му е досадно изгледа
 
Последно уредено од модератор:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom