Се ова ќе држеше вода доколку европејците беа тие што сакаат да се мешаат во натпреварувањата на саудијците.
Европејците овие натпреварувања што го дефинираат еден фудбалер дали е успешен или не, не ги изградиле од денес за утре. Нека ги купат Саудиска Арабија сите играчи, јас немам проблем со тоа, ама самите они бараат да бидат дел од "европската" елита со тоа што сакаат да бидат дел од ЛШ. Нека си направат своја ЛШ или Супер Лига или што и да е, и луѓето ќе одберат што повеќе ќе сакаат да гледаат.
Ние можеме да правиме муабет тука колку сакаме што е исправно, а што не, меѓутоа во моментов секој еден фудбалер има два избора: или ќе седи во Европа и ќе биде успешен фудбалер или ќе иде во Саудиска Арабија и ќе биде финансиски богат фудбалер.
На Крос, а и на мене искрено, ми е смешно да некој млад талентиран фудбалер што станал фудбалер гледајќи ги врвните европски клубови и сонувајќи да освои ЛШ или СП, на 21 годишна возраст да отиде во Саудиска Арабија, а при тоа пази, има можност да си го оствари сонот зашто е стварно талентиран.
Ти изјавата на Крос ја имаш погрешно разбрано изгледа, он вели дека е срамота што млад играч пред кого е цела кариера одлучува да иде во Саудиска Арабија, он го осудува играчот, а не Саудиска Арабија.
Добро, но не е само изјавата на Крос, општо владее некоја морална паника, демек ваму се добрите, а таму лошите и треба да му се спротиставиме на тоа зло.
Во принцип, нема тука добри-лоши, сите си ги гледаат своите интереси.
Само што за разлика од Источна Европа, Јужна Америка и Африка, кои не можеле да се заштитат и да конкурираат, големите европски клубови можат да се спротистават, барем така изгледа сега.
И тоа што викаш да не им се мешаат Арапите, во суштина е битно само за 5-6 клуба, врз другите нема влијание. Значи збориме за одбрана на Реал, Барса, Баерн и уште некој од ПЛ, тоа е таа Европа што се штити. Затоа пишав дека 99% од клубовите се подредени на многу мал број, кој сега ќе пробува да се штити да не се мешаат Арапите во европскиот фудбал.
Ме нервира тоа морално просерување, затоа што е лицемерно. И ФФП и сите други идеи што излегуваат, всушност се со цел за задржување на статус кво, тие што се најмоќни да останат такви.
И покрај тоа што имаат за нас несфатливо премногу пари, сепак е се сведено на еден човек и негова волја, па прашање колку може да трае на долг рок и дали може некогаш да им биде и финансиски донекаде исплатливо, но се повеќе имам желба принцот да нагази уште посилно и да проба да направи многу силни клубови, што нема да може да се игнорираат, па да видиме како ќе реагираат другите.
И да, на крај, зошто да не влезат и во ЛШ, зошто Реал, Челзи, арапско-европски клубови да бидат најмоќни и заштитени? Колку и да ја вртиме, во суштина е штитење на најсилните европски клубови, кои "уживаа" во уништување на сите други низ светот.
А за тоа околу компетитивноста, значењето на титулите, каде е успехот и слично, за се тоа се сложувам со тебе.