Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Да, ама тука пишува дека таа ќе бара санкции.
Не знам од кај излегоа муабетите, овде во видеото Џени се мајтапи за дешавката и вика дека беше на шала и дека оние кои сакаат да извадат од контекст нешто ќе извадат посекако.Дури и тетоважа си опна, нема лето без бакнеж :ROFLMAO: Не оправдувам понашањето на Рубиалес ама се додека било која девојка не се осетила загрозено нема шо да му се дава на значење. Ако таа сама вели дека не и сметал бакнежот нема шо да бараат отказ од него.
Тој не си даде отказ на какви скандали со Пике и остали па за едно муце :D
Еве уште една фотка од денот, Руби он фајр :ROFLMAO:
 
Колку е се само преувеличено преку медиумите само за да има рајата со што да се замара и да се продава штампа. Секоја вест што ја читате е минимум 60-70% драма.

Овие по хотели се растурат оргии прават со вонземјани, али сега лапање во јавност е проблем.
 
Харви Вајнштајн лајкс дис. #metoo движења тријат раце. Интернето не запусти сите.
 
А зошто фудбалот мора да биде толку европоцентричен?

Англиски, шпански, италијански клубови може да купуваат кого сакаат и поради тоа што се финансиски моќни да изгуби цела Источна Европа, која давала клубови што освојувале ЛШ, но тоа не смеат клубови надвор од Западна Европа?


Што тој Крос, не останал да игра во својот локален клуб, туку завршил во Реал?



Може најмоќните европски клубови да земат се што е најдобро од Африка, Јужна Америка, Источна Европа, но таму некои Арапи не смеат?!
 
Последно уредено:
А зошто фудбалот мора да биде толку европоцентричен?

Англиски, шпански, италијански клубови може да купуваат кого сакаат и поради тоа што се финансиски моќни да изгуби цела Источна Европа, која давала клубови што освојувале ЛШ, но тоа не смеат клубови надвор од Западна Европа?


Што тој Крос, не останал да игра во својот локален клуб, туку завршил во Реал?



Може најмоќните клубови да земат се што е најдобро од Африка, Јужна Америка, Источна Европа, но таму некои Арапи не смеат?!
Лесно му е на Крос да пиши дури пие кафе во вилата во Ла Финка за која му плаќа на Торес 25 000 евра секој месец кирија :icon_lol:

Да се надоврзам на постот, колку и на нас да не ни се допаѓа Европејците немаат права над фудбалот па да мора све да се врти околу нив, се повеќе и повеќе фудбалери ќе заминат таму, за неколку години лигата ќе се накрени и на никој таму нема да му е гајле дали некој Европеец ќе ја гледал таа лига.
Како шо идат Бразилци тука и Африканци така и обратно.
 
Што тој Крос, не останал да игра во својот локален клуб, туку завршил во Реал?
Бидејќи амбиција му било да ги освои најважните клубски и репрезентативни трофеи, а за тоа да го направи мора да потпише за клубови како Баерн и Реал. Впрочем оваа амбиција треба да ја има секој млад талентиран фудбалер.

Која е амбицијата на Габри Веига што на 21 година оди во Саудиска Арабија? Да го освои купот на Саудиска Арабија?

Со овој потег си ја затвори вратата и за во репрезентација, бидејќи додека Педри, Габи, Дани Олмо ќе играат секоја недела компетитивен фудбал, овој ќе биде во пензија. Наполи ќе му беше одлична дестинација, ќе посветеше 3-4 години кариера во добар клуб и компетитивна лига и ќе го искористеше Наполи како отскочна даска. Одлична сезона имаше во Селта и уште летово веќе почна да примамува погледи од Реал и Барса, поготово Барса.

Фудбалот е европоцентриран зашто во моментов во Европа се игра најкомпетитивниот фудбал и во Европа се освојуваат најреномираните трофеи.
 
Бидејќи амбиција му било да ги освои најважните клубски и репрезентативни трофеи, а за тоа да го направи мора да потпише за клубови како Баерн и Реал. Впрочем оваа амбиција треба да ја има секој млад талентиран фудбалер.

Која е амбицијата на Габри Веига што на 21 година оди во Саудиска Арабија? Да го освои купот на Саудиска Арабија?

Со овој потег си ја затвори вратата и за во репрезентација, бидејќи додека Педри, Габи, Дани Олмо ќе играат секоја недела компетитивен фудбал, овој ќе биде во пензија.

Фудбалот е европоцентриран зашто во моментов во Европа се игра најкомпетитивниот фудбал и во Европа се освојуваат најреномираните трофеи.
Од каде знаеш дека Педри, Габи и Олмо нема да завршат у Арабија?

Едноставно ако сакаат УЕФА и топ 5 лигиве да го спречат ова треба да го укинат Фер Плеј правилото и да забранат за секој што ќе иде кај арапите да игра за репрезентација. Моментално Серија А и Ла Лига се најпогодени од ситуацијава, како се финансиски слаби за 5 години лигите ќе им бидат на рамниште на македонска прва лига.:LOL:
 
Млад е овој, има време и пари да накалапи таму и да се врати да ја заврши тука кариерата.
А ако му било до репрезентација дојдено немало ни да помисли да замини таму, очигледно приоритет му се парите.
 
Фудбалот е европоцентриран зашто во моментов во Европа се игра најкомпетитивниот фудбал и во Европа се освојуваат најреномираните трофеи.

Меѓудругото и затоа што ги купуваат најдобрите фудбалери од Источна Европа, Африка, Јужна Америка.

Го сконцентрирале најдоброто од целиот свет во неколку лиги, поточно во неколку клубови, па биле најдобри, најатрактивни, најкомпетативни...

Но штом се појавува конкуренција што ќе троши и повеќе од нив, веднаш плачење.

Нека не се штитат со разни правила и нека се натпреваруваат со Арапите!
Автоматски споено мислење:

Наполи ќе му беше одлична дестинација, ќе посветеше 3-4 години кариера во добар клуб и компетитивна лига и ќе го искористеше Наполи како отскочна даска.

Отскочна даска за каде? За Реал и уште два-три други клуба?

Значи, топ е повеќе од 99% од клубовите да бидат само развоен полигон од каде 5 најмоќни клубови ќе си го одбираат најдоброто и тој систем не смее да биде пореметен од никакви Арапи?!
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom