Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    695

y2k

Член од
4 октомври 2022
Мислења
906
Поени од реакции
1.378
a zosto rusija da napadne? neka napadne nato de
Па нели Русија војува со НАТО? Ете според некој референдум таму, на руска територија имаш НАТО опрема? Значи им товариле дома во двор тоа што им сака курот, така? И сеа? Што не ги нападнат? Што се чека?

Да земам да копам по мислењава што се пишувавте тука и кои се следни на списокот на Русија за да ги снема од мапата?
 
Член од
9 октомври 2022
Мислења
1.892
Поени од реакции
4.877
Како тоа со години да ја држат, кога нели Руската војска веќе се што имала на располагање употребила...
Сега со овие би требало врз Москва "чичко пушти летки" да прават.
Технологија, не количина.
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.786
Поени од реакции
23.584
Па нели Русија војува со НАТО? Ете според некој референдум таму, на руска територија имаш НАТО опрема, така? Значи им товариле дома во двор тоа што им сака курот, така? И сеа? Што не ги нападнат? Што се чека?

Да земам да копам по мислењава што се пишувавте тука и кои се следни на списокот на Русија за да ги снема од мапата?
zosto da gi napadnat? i vaka gi delkaat. moze sakaat eden po eden da gi resavaat problemite.

koga ke resat da gi napadnat ne se sekiraj ke gledas pecurki.
Автоматски споено мислење:

никој не вели дека сам ќе го крепи фронтот. Добиваат сто типови на различни оружја, секое со своја цел.
dobivaat krntii sto ke bidat sruseni uste pred da poletaat vo 90% od slucaevite.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
24.811
Поени од реакции
40.976
никој не вели дека сам ќе го крепи фронтот. Добиваат сто типови на различни оружја, секое со своја цел.
па треба да продолжат да добиваат ако сакаат да се држат. Напред не можат да идат, барем да го задржат теренот со тоа оружје.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.203
Поени од реакции
6.875
не знам зошто ф16 кога на запад се вергла нон стоп дека украина добива и кај да е русија паѓа на колена
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.445
Поени од реакции
22.361
“Русија се брани”. Три поста подоцна “Русија лапна региони, и 20% од територијата на Украина!”.

Решете се. Русија се брани или Русија води империјална војна од 19ти век за територии. Зауздајте ја шизофренијата :D
Rusija si gi stiti svoite interesi koi i da se tie na nacin na koj tie smetaat deka e prikladen i soodveten, isto kako i site drugi golemi sili :toe:.
Ova vaka diplomatski kolku da ne ti e od misla ;).
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.261
Поени од реакции
4.863
Една од полошите работи за Русија е што Украина полека ја вооружија со моќни западни оружја.
Наведувана артилерија, наведувани ракети, крстосувачки ракети, тенкови, оклопни транспортери, сега и авиони.
Не дека е проблем да се справи со сето тоа, туку сето ова оружје само ќе им ги зголеми загубите, а ќе го одложи крајот на војната. А после крајот на војната, она што ќе остани од Украина ќе биде и тоа како опремено со најверојатно понови оружја.

Друг проблем за Русите во иднина е што Украина напредува во градењето на оружја со долг дострел. Сепак имаат луѓе и знаење останато од СССР, кое сега ќе го употребат против Русија.

Но и Русите многу брзо се приспособуваат и брзо реагираат на секоја нова закана. Се повеќе употребуваат наведувана артилерија, наведувани бомби од авион, дронови и сл.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.051
Поени од реакции
7.422
Технологија, не количина.
Сфатив дека на тоа се однесува. Но штом Руската војска ја употребила целата технологија со која располага, западот веќе му е лесно да направи планови, стратегии и за недела две врз Москва да пуштаат летоци народот Путин да го прати во Хаг.

Ми изгледа дека ја мешате односно ги поистоветувате досегашната глупа економска стратегија на Русија со нејзината воена технологија. Од економски аспект Русија не беше ни во топ 10, додека од воен аспект се во топ 5.
 
Член од
28 август 2013
Мислења
4.290
Поени од реакции
13.032
Една од полошите работи за Русија е што Украина полека ја вооружија со моќни западни оружја.
Наведувана артилерија, наведувани ракети, крстосувачки ракети, тенкови, оклопни транспортери, сега и авиони.
Не дека е проблем да се справи со сето тоа, туку сето ова оружје само ќе им ги зголеми загубите, а ќе го одложи крајот на војната. А после крајот на војната, она што ќе остани од Украина ќе биде и тоа како опремено со најверојатно понови оружја.

Друг проблем за Русите во иднина е што Украина напредува во градењето на оружја со долг дострел. Сепак имаат луѓе и знаење останато од СССР, кое сега ќе го употребат против Русија.

Но и Русите многу брзо се приспособуваат и брзо реагираат на секоја нова закана. Се повеќе употребуваат наведувана артилерија, наведувани бомби од авион, дронови и сл.
Зависи до кој степен ќе се иде, претходно сите се плашеа од директен судир да праќаат оружје, сега ф-16 праќаат. Во иднина можеби ќе си речат, дај и нато трупи ќе пратиме, па после тоа ако не бива, дај со нуклеарно оружје ќе пробаме, може не е функционално нивното... И така... Ова е сценарио само дебили ако ги водат државите... Ама како што гледам доста мудри и интелигентни лидери има, кои што се грижат за доброто на нивниот нарот и човештвото.
 

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.508
Апропо сарказмот, ти треба малце апдејт, за да ги видиш најновите изјави, било да се од западот било од новата кандидатка за министер за одбрана, во која недвосмислено се признава дека Русија уствари цело време играла на долга позициона војна. А според тоа колку муницја троши, може слободно да се претпостави и да не е далеку од вистината дека долги години се спремала баш за таква војна.

А ако го гледаме наративот на ликовите тука, можеме и да претпоставиме дека снемувањето на ракети и муниција е патка излезена од Руската пропаганда, за да се залетаат Украинците на Т55ките што им останаа и празните артилериски орудија, ради испразнетите магацини со артилерија, пријавени од рускиот дефетист Рибар. Ако се употреби логика, можеби и повлекувањето од Карков и Керсон е со истата причина. Све тоа допринесе Русија да ја уништи третата Украинска армија со западно оружје буквално чекајќи во заседа.

Ако ги изразиме бројките во тенкови, Украинците имаа на почетокот 2000 тенкови, после добија за втората армија уште 1500 и последнава трета армија имаше околу 1000 тенкови. Украина во моментов на залиха не верувам дека има 500 тенкови. Имајќи ги во предвид помпезните најави на Западот (западните воени стратези се мастерманјд на последната Украинска офанзива) и самите Украинци, фејнтот е повторно сосема успешен.
брат ред е кога тврдиш нешто дека некој изјавил да си го поддржиш со линкови, вака на рекла казала си немаме играчка.

од индикатори за долга позициона војна ти спомнуваш консумирање муниција. Нема да ти противречам, бидејќи немам точни информации за тоа, ама ќе спомнам други индикатори што укажуваат на намера за кратка војна:

1. сите професионални војници - резервисти во вежбите пред војната имаа потпишано договор на 6 месеци. Затоа снемаа луѓе до кај октомври 2022, затоа беше успешна контраофанзивата. Ако си планирал долга војна, ќе има дадеш договори до 3 години. АРМ дава договори на 3 години

2. Киев, Чернихив, Суми и Харков беа вектори кои беа брзо напуштени. „Се повлекоа во знак на добра војла“. Ако имаа за цел да водат долга војна, ќе се повлекуваа етапно позади теренски линии и длабока одбрана како што прават сега во Запорожје (движи полека назад и мавај кога имаш шанса таму кај што боли)

3. неупотребата на Хостомел како значајна тактичка и стратешка точка. Школски е дека падобранци ќе обезбедат мостови, аеродроми, сообраќајни чворови и клучна инфраструктура. Го обезбедија Хостомел за да се повлечат. Зошто? По секоја логика толку голем аеродром треба да е појдовна точка за напад а не причина за повлекување.

4. повремени офанзиви. Сите сме сведоци на Вугледар, Бахмут и Купијанск. Имаше и некои поситни ама овие се најголемите после октомври 2022. Ако држат посициска војна во одбрана, зошто прават офанзиви? Зошто непотребно се трошат елитни мобилни оклопни формации?
@Klinton А каква е разликата од тоа што до сега го имаа и го имаат како авиони и Ф-16-киве што ќе ги добијат? Толку се подобри од тоа што до сега го имаа па што толку се прави еуфорија? Што викаше онаа србинкана, Ф-16-ве биле толку добри, што само што ќе се кренат во воздух, русите ќе фатат мајка бежанија.
Освен што ќе се зголеми бројноста на аерофлотата, многу е тешко да се каже. Карактеристиките на леталото не се поимпресивни од МИГ29, но модуларноста е.

Ф-16 е авион кој може да се користи како авион за воздушна супериорност, пресретнувач, ловец бомбардер, џемер, командно летало, и тоа што америте го нарекуваат „форс мултиплаер“ во комбинација со други летала.
Во било која улога да го користат треба да има соодветна модуларна опрема. Дали ќе ја добијат таа опрема заедно со леталата е многу битно прашање. Колку таа опрема ќе биде модернизирана е исто многу битно прашање.

2 предности се многу битни на Ф16 над МИГ 29.
1 попречувачи на сигнал - џеминг подс
2 моќен радар
Ако јас би нагаѓал хипотетички, би решил вака:
2 сквадрона ќе одат во борбена патрола на фронт во секое време.
1 сквадрон ќе биде поддршка на земја со JDAM муниција и jamming pods, со тоа во исто време ќе вршат прецизни воздушни напади на утврдени позиции со паметни бомби - многу ефективно против ровови. Со подовите теоретски би ги куткале сите ланцети и ФПВ дронови во близина на зона на дејство.
2 сквадрон ќе биде owerwatch каде ќе им го чуваат грбот на првиот сквадрон, ќе пресретнат хеликоптери или ловци, но во исто време ќе носат ХАРМ рекети кои се против радарски - да го неутрализираат ПВО

има многу недостатоци на мојата теорија во оперативна и логистичка смисла, но сигурно имаат попаметни луѓе од мене да ги решат тие проблеми.

Многу зависи колку сухои им останаа на русите од 4++ генерација. Ако се многу, ова ништо нема да смени, но мислам дека не се многу, ако беа многу русите до сега ќе имаа тотална воздушна надмоќ - немаат.

61 авион нема да ја свртат цела војна наопаку, ама не ни треба. Треба да се помине таа „Црвена линија“ за да земе залет, Данска и Холандија се само почеток, САД, Турција и Комонвелтот имаат свое производство на Ф-16 со што поддршката би била неограничена, други земји се заинтересирани да предадат летала на Украина - не од љубов, од бизнис интерес.

Ако америте летаат констнтно AWACS и CAC над црното море, доста ќе се искомплицира за русите, Керч мостот би бил меѓу првите мети.

Бонус видео за способностите на Ф-16 кога се наоѓа во добри раце:
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.674
Поени од реакции
5.357
Еве @Vartolu Путин го споредува со Хитлер, а всушност една држава од НАТО сака цел свет да биди под нејзина контрола, па дури и за една држава, за нив од трет свет, Украина, спремна е да и ебе матер на цела Европа.
Не прави класичен игри со зборови и набивање на зборови во уста како шарените, живти све.. Јас не го споредив Путин со Хитлер, туку ти реплицирав на тврдењето твое дека според Русите Русија не е окупатор, јас ти реков да го прашаш Хитлер и тој нема да ти речи дека е окупатор.
 
Член од
9 октомври 2022
Мислења
1.892
Поени од реакции
4.877
Сфатив дека на тоа се однесува. Но штом Руската војска ја употребила целата технологија со која располага, западот веќе му е лесно да направи планови, стратегии и за недела две врз Москва да пуштаат летоци народот Путин да го прати во Хаг.

Ми изгледа дека ја мешате односно ги поистоветувате досегашната глупа економска стратегија на Русија со нејзината воена технологија. Од економски аспект Русија не беше ни во топ 10, додека од воен аспект се во топ 5.
Војнава влага у тешка (досадна) за пратење фаза кај што двете страни се исцрпени. Украинците снемуваат муниција, а русите од друга страна неможат да најдат елан да материјализираат копнена надмоќ со уште еден бран мобилизација и залихи на оружје.
Едните знаат за што се борат а немаат со што, другите имаат со што а незнаат зашто.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.261
Поени од реакции
4.863
Зависи до кој степен ќе се иде, претходно сите се плашеа од директен судир да праќаат оружје, сега ф-16 праќаат. Во иднина можеби ќе си речат, дај и нато трупи ќе пратиме, па после тоа ако не бива, дај со нуклеарно оружје ќе пробаме, може не е функционално нивното... И така... Ова е сценарио само дебили ако ги водат државите... Ама како што гледам доста мудри и интелигентни лидери има, кои што се грижат за доброто на нивниот нарот и човештвото.
Па очигледно тестираат до кај може да оди.
Им пратија забранети касетни бомби.
Сега авиони.
Претходно наведувани муниции.
Имаат уште модерни оружја што може да ги праќаат.

Русија треба да реагира побрзо. Можеби ги трошат Украинците, но и нивните загуби не се мали, а колку повеќе оружје праќа Запад, толку повеќе загуби.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom